Чудни македонски зборови

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
1.Бербат - за никаде
2.Клопота - тропа
3.Клумка - исечена гумена чизма(претворена во обувка)
4.Б’фта - зборува на ум, нагаѓа
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Б’фта ме потсети ... :)
Набафтана - одненадеж, наврапито.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
1.Крљук - овчарски стап
2. Остањ - стап за терање стока
3. Марифет - техника
4. Ујдурма - измама(организирана)
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
A

абер - вест, порака

авур и ар - штала, просторија за чување добиток

ага - виден граѓанин од турското население

агалар - аги

Агарјани - старовремено име за Турците

адет - обичај, навика

азно - благајна; благо, богатство

аир - полза; добро

аирлија - среќно, благословено да е

акшам - приквечер; вечерна молитва (од петте вообичаени молитви, четвртата по ред)

алајка - слугинка, прислужничка, обично робинка на богата жена

Аламанци - Германци (според турскиот јазик)

„алатурка" - по (на) турски (начин)

алах и ала - бог

алашвериш – давање - земање, купување-продавање

алипен - сакат, инвалид

анама и ханума - госпоѓа, сопруга, жена од повисокото турско општество

анани ана - псовка (мајче мајчино)

анасена - псовка

арамбаша - главатар, водач на разбојници



б

бег - велепоседник, сопственик на голем земјоделски имот

беглер - бегови

беглербег и беглербеј - управник на поголема административна бласт во Отоманската империја

беглик - вид данок што се определува на добитокот; бесплатна работа за бегот или државата -кулук

безбели - навистина, секако

белегзија - белезници; лисици, окови од железо на рацете пранги

белким и белки - можеби, веројатно

бендиса - допаѓа, допадне

берат и бераат - свидетелство, документ

бериќет - напредок, среќа

борчи - должи

брав - овен

бујрум - повели

булук и булјук - големо стадо овци; одред војска

буљукбаша и буљукбашија - командир на одред на редовна војска



в

везир - звање за министер (обласен управник) во Отоманската империја

веледи - наречен

вергија - данок

вересија - купување на заем, купување со договор да се плати подоцна

вилает - покраина. област; роден крај

врга - џумка, оток

врзма - мрежа од ортома (обично за сено)





г

гаваз - придружник, чувар, телохранител

гајрст - храбро поднесување на тешкотии, на грижи и несреќи,

трпение и спокојство; настојување, усилба

галати - грешки, се изразува погрешно

глезни - глуждови

грош - ситна турска монета од четириесет пари

гурабии - вид слатки



д

де бакалум и де бакалам - ајде, чекај да видиме

декики - минути

демек-значи

дервиш - калуѓер, припадник на верска секта

десеток - данок во натура

диван - нешто како канабе без потпирка; стои со особена почит пред некого; врховен совет; суд

димии-шалвари

дољум - мерка за површина на земја (920 м2)

домазлак и дамазлук - расплод; приплод; добиток што се чува за расплодување

домус - свиња

дуњалак - свет, целиот свет





ѓ

ѓаур - погрден назив за христијанин, неверник

ѓоамити - божем

ѓурултија - врева, кавга, голема расправија



е

евет - да, афирмација

евет, кади, баба - да, господине, судија

евнух - чувар на харем

едепцаз - расипан човек, безобразник,бесрамник

елбете - се разбира

ергеле - стопанство за одгледување на коњи

еснаф - занаетчиско здружение

ефендија - господина, највисока титула во турското граѓанско

општество

ефендилер - господа



з

забајдсн - замаен, зашеметен

забит - офицер, старешина на војската

загури - втренчено загледа

заптија - стражар

земан - време

зорт - мачнотија, напор; неопходност, нужда; страв, плашење,

зулум - насилство, пакост









ѕ

ѕрнѕурки - разни ситнини за украсување и дотерување



и

ибрик - метален сад за вода

изин - дозвола, слободно

имам - муслимански свештеник

инсан - човек

исав - милосрдност, сочувство, милост

ислам - муслиманска вера, мохамеданство

ич - ни малку, ништо





ј

јабанџија - туѓинец, странец

јаничар - привилегиран пешадинец, главно од немуслиманско потекло, насилно одземен од родителите и преведен во исламска вера

јарамаз - никаквец

јарма - јадро сомлено брашно, обично храна за добиток

јатаган - долг нож што се носел на појас, нешто како подолга кама





к

кааза - околија

кабул - согласност

кадана - жена сопруга на ага, жена од харемот

кадија - судија

кади баба - постар судија, старешина судија

кадилак - подрачје (реон) кое суди еден кадија

кале-тврдина

калеш - црноок(а), црнопурест(а)

калиф - титула за духовен главатар кај муслиманите, меѓутоа во XVI и XVII век турските султани носеле титула калиф

кандиса - согласи

капалдиса - премале, папса

караул - стражар

касмет - среќа

кастиле - намерно, нарочно

каурин - неверник, муслимански назив за христијаните

качак-одметник

кефалија - старешина на село

кимс'нсе-којсити

кир - господин

кодоши - поткажува, шпионира

конак - преноќиште, зграда за ноќевање; живеалиште на бег; воопшто голема куќа; седиште на воена или цивилна власт - надлештво

кос коџа - многу големи

коџабашија - старешина во управата

крџали - турски војници оддадени на грабеж и насилство

кубур - пиштол со подолга цевка

кулиш - полициски участок, нешто како притвор

куртули – спаси











л

левен-јунак

лејка - црпка (овде со пренесно, пофдно значење за глава)



м

маѓер - готвач

мазгалка - пушкарница, тесен отвор на тврдина од кој пука стражарот

маздраг - оружје во вид на копје

марифет - вештина, способност за нешто

мастраф - трошок, издаток

машала - браво, прекрасно (како израз против урочување)

мазлич - совет, советување

мезличар - учесник на советување метанисува - се клања од почит метериз - заседа, пусија

милет-народ

миндер - висок јастак покрај ѕидот за седење

миндерлак - вид диван за седење со јастаци и перници нешто, како

долго канапе без потпирка

минтан - машка долга облека

монисто - често се дава во множинска форма

мониста - вештачки бисер

муабет - разговор, разговарање

мувлет - рок, предност дадена во време

мудур - управник

мунасип - згодно, умесно

муфтија - муслимански верски достоинственик





н

нахија - округ, област (во административна поделба)

нерде - каде

нерде сан сен - каде сте

нирвана - во будистичката религија - состојба на највисоко „блаженство", сфатено како ослободување од сите животни фижи и стремежи, како одречување од се што е лично

нунко - кум



о

овргали - оџагари

ока - мера за тежина (1280 грама) во употреба наместо килограм

во тоа време

омбашија - десетар (во војската)

ордија - армија; вооружена војска

осорно - намуртено, луто

оџа-свештеник

оџалари - свештеници; свештенство



п

падишах - монарх, владетел, цар, овде се мисли на султанот

папаз - поп

пачавра - партал, старо искинато алиште

паша - генерал во турската војска; титула давана на виши чиновници во Отоманската империја

пашум - обраќање на некој титулар (на паша) со молба

пезевенк - обесеник, мангуп

пилав - јадење од ориз со парчиња месо

пис - гален,одвратен, поган поданик - жител, државјанин

поста - дол, сенка

потури - бечви, шајачни панталони

поујгун - позгодно

проскомидија - место во олтарот каде се врши приготвување на причесната

пулсјка - ситни метални тркалца со дупчиња во средината што се

шиеле за украс на алишта и на коњска опрема

пусија - заседа

путир - метална чаша за причесна





р

раат - спокојство, мир

раја - име со кое биле наречувани немуслиманските жители во Отоманската империја

резил - срам

'рга - напорно работи, обично бесплатно само за храна



с

сабанаролсун - добро утро

сајбија - сопственик

сајдисува - почитува

сакма - гуна, горна клашнена облека

салам - јак, силен; вистински

санџак - околија во административната управа

санџак беј - бег на цела околија, околиски управник

сарај - дворец, турска палата обично со харем

сардисан - опколен, блокиран

сводник - стројник

сеир - чудо, интересна глетка

сејмен - чувар, стражар, телохранител

сељам - поздрав

сермија - стока, имот

сефер - временски период во текот на една година

сеџаде - мало килимче

сизерен - вам (од почит)

сиктер - марш

сомун - леб

стаписа - отстапи, поврати (од страв или неизвесност)

стела - внатрешната постава на седло или самар

субаша – управник на чифлик

субашица - главна жена во харемот

сужен - роб, заробеник

султан - титула на тогашниот турски цар

султанија - кнегиња

сурат-лице,образ

сурија - стадо (обично говеда)

сус-молчи





т

табиет - карактер, нарав

табур - одред, чета

тагаџик - торба, дисаѓи, се она во што се става храната на пат

таин - војнички леб

такам - комплет пар облека

темане - поздрав со рака и поклон

тептил - преправени (во други алишта), преобразени

теслим - предавање; оставање (овде: предајте се)

тланик - огниште, место крај огништето на кое според старите

обичаи ги чукнувале невестите како симбол да го чуваат огништето и домот

трем - дел пред куќата, обично поплочен, но отворен

тузлук - доколеници, објала од шајак околу нозете

турбан - ориенталска бела шамија која се намотува околу главата



ќ

ќаа - сточар, старешина на овчарите, лице што се грижи за овците

ќедар - пакост, зијан, зло, несреќа шеиф. шеф и

кејф - волја, задоволство

ќемер - кожен појас во кој обично се носат ситни пари

ќенеф - нужник ќерата - обесеник, мангуп

ќефалија - старешина на село

ќитаб - книга, коран

ќостек - синџир на појас

ќурдија - кратка селска блуза



у

уѕур - бес

ујгун - згодно, пријатно

улема - свештенство

ушак - слуга



ф

фазла - повеќе, отповеќе, излишен, непотребен

фајде - полза, корист; интерес

ферман - султанска повелба, грамота

флока - волнена кошула

форинта - сребрена австриска пара





х

ханума - госпоѓа, жена од повисокиот сталеж

харем - зграда или одделение наполно оделено од другите простори во кое живеат повеќе муслимански жени

хас - феудален посед во Османлиската империја, со доход повеќе од 100.000 акчи (аспри)

хас-посед - султанов посед (имот)





ц

цирони - цилунки, суви риби

цулувци - прцлиња, перчиња на косата





ч

чабук - брзо, бргу

чаир - лединка, ливада

чалма - шамија која преку фесот или преку друга капа се навиткува преку главата

чаре - излез; лек; средство

чатма - греда

чауш - претпоставен (десетар) на група работници; порано офицер

од султанската гарда кој ги разнесувал султанските наредби

черчевина - рамка, рамки

чешит - вид, сорта

чифлиг - голем полски имот

чифлигар - овде: сопственик, господар на имот

чифчија - работник кој живее на чифлигот и бесплатно работи за

чифлигарот



џ

џанум и џанам - душо моја (при обраќање)

џеза - казна

џефа - противење, оспорување,

мачење, страдање

џумле - собир, толпа



ш

шах - владетел, монарх во Персија

шевар - десеттиот месец во годината според календарот на муслиманското сметање

шејтан - ѓавол

шанлук и шенлак - веселба

шербет - разреден сируп од шеќер и сок од плодови, што се пие

обично во поспецијални случаи
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
бургун - или некако слично,го среќавав во некои книги за 19-20 век. Нешто ли е како замена за тутун. Што е тоа точно.
Ќоспе ? што е пак ова.(нешто за прехрамбрена индустрија-полупроизвод ли.)
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
бургун - или некако слично,го среќавав во некои книги за 19-20 век. Нешто ли е како замена за тутун. Што е тоа точно.
Ќосме ? што е пак ова.(нешто за прехрамбрена индустрија-полупроизвод ли.)
Бургун- можеби бунгур? - вид храна од жито
Ќосме - Ќоспе?-лушпи од сончоглед
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Не ми е чудно, но како е правилно т.с литературно по македонски овој збор.
( битка, борба, војна, или друго)
се работи за темата: Медиумска битка за македонија. - дали е така правилно
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Не ми е чудно, но како е правилно т.с литературно по македонски овој збор.
( битка, борба, војна, или друго)
се работи за темата: Медиумска битка за македонија. - дали е така правилно
Сите би биле правилни литературно, но зависи од контекстот.

Би користел:

битка - за нешто што е пократкотрајно
војна и борба - за подолг временски период

Значи ако е борба или војна е нешто што се одвива со години.
Но, војна е премногу оштар збор во тој контекст. Не би го користел.

Мое мислење.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ај вака со превод
други светски рат - втора светска војна
битка за рањенима - борба за ранетите
јас така мислам дека, „битка“ е српски збор
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
ај вака со превод
други светски рат - втора светска војна
битка за рањенима - борба за ранетите
јас така мислам дека, „битка“ е српски збор
Битка - биење :)

Sent from my ST21i using Tapatalk
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Битка - биење :)

Sent from my ST21i using Tapatalk
битка е исто што и биење, не ми е јасно,биење на камбаните со битка на камбаните,
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
ај вака со превод
други светски рат - втора светска војна
битка за рањенима - борба за ранетите
јас така мислам дека, „битка“ е српски збор
Мислам дека битка не е српски збор. Битка го имаат:
  • руси - битва
  • украинци - битва
  • бугари - битка
  • чеси - bitva
  • полјаци - bitwa
  • словаци - bitka
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Муфте - некоја придобивка без да се плати за неа, нешто добиено користејќи ги погодните прилики...
Мутав - нем, “загулен“ (и во англискиот јазик е исто така - mute).
Матуф - сенилен, “изветреан“...
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.425
Поени од реакции
572
Муфте - некоја придобивка без да се плати за неа, нешто добиено користејќи ги погодните прилики...
Мутав - нем, “загулен“ (и во англискиот јазик е исто така - mute).
Матуф - сенилен, “изветреан“...
Муфте - турцизам, во бугарскиот го има како "Муфта"
Мутав - англицизам...
Матуф - некои други синоними? сенилен и изветреан не ги разбирам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom