Точно е тоа дека постојат закони во државата, и НИЕ си ги почитуваме досега... Меѓутоа дали се трудиме да ги испочитуваме единствените 10 од Бога?
Десетте божји заповеди како и што самото име ти кажува се
божји заповеди и се однесуваат на тие кои веруваат во Бога, поточно во Господ.
Граѓаните на една држава имаат слобода во одлучувањето дали и во што ќе веруваат, а многу е нормално дека нема сите баш во Господ да веруваат од каде и според христијанството доаѓаат овие заповеди.
Конкретно во Македонија застапени се повеќе религии, а не само христијанството така да... веројатно треба да се почитуваат и останатите.
Што се однесува до законите во една држава... тие немаат и не смеат да имаат врска со „законите“ на одредена религија, тие се нешто посебно и важат за сите, и за верниците од сите вери и за атеистите подеднакво.
Барем ова треба да биде јасно.