Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

I

Iblis

Гостин
Не рачунав до месечината :pos:

Според потрошената сума, цената на горивото, просечна потрошувачка, од памет бројки и некако пресметани, некој што е сигурен нека пресмета да видиме дали ќе биде приближно(п.с. курс 61.505, потрошувачка 10 на 100, бензинот 85)
Многу ти троши моторот, види што е работата може треба ремонт.
 
М

Мартин`

Гостин
Одма се приметува разликата во цената, само што ставив кога денеска оп ете нема гориво при крај :rolleyes:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зошто јас да им плаќам бензин до работа кога они земаат над 60 000 денари месечно плата? Мене ми плаќа ли некој трошкови до работа? Каков е овој систем неможам да поверувам, државата неможе крај со крај да врзе, а они луксуз тераат на наш грб. Па денес кога ја видов радио дифузната такса 190 денари ми се стемни пред очи. Не утепаа со давачки, не утепаа со казни, не утепа цената на нафта и бензин, а они од наш грб за цел ден љубовни пораки што си праќаат јас да им плаќам бензин? Па кај го има ова, државни празници ми гласаат, името 20 години неможат да го решат, од мртва точка немаме мрднато, невработеност 35% нив бензин ќе им плаќам! И тоа доказ потпис од пратеникот, ма дај не заебавај цели фамилии си возат најубави коли, а ние овците недоизбричени бензин им плаќаме. Што он решија за добро на граѓаните, влеговме во ЕУ, имаме животен стандард, вработеност, високи пензии, убави автопати, ефтина струја и парно, бесплатно здравство и образование? Што они 20 години решаваат во тој парламент за ваков луксуз од наш грб да тераат не ми е јасно.
И молчи народов убаво му е, ако само така тепај додека мрда!!!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.463
8-9000 денари дневно зема секој пратеник од најодалечените градови (Охрид, Струмица, ...) на име патни трошоци. Помножете по број на денови со седници, по просечна одалеченост на пратеник од Скопје.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Па се чудат зошто земал народот бугарски пасоши... ма не бугарски ако треба и индиски ќе се вадат само да се има за живот!

Убаво пиша Леандра, кој кур се они во државава па да живеат толку луксузно а ниту еден проблем од осамостојување не решиле, ги слушам секој ден се караат како снаа и свекрва и се едно исто се врти во круг, чив е подолг!

Леее еј не ми се веруе ја плаќам по 90 денари за литар а они секој ден по 9000 во џеб(бил не бил на работа) без око да му трепне! Па имаат ли овие луѓе обзир и морал спрема овој народ!?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
8-9000 денари дневно зема секој пратеник од најодалечените градови (Охрид, Струмица, ...) на име патни трошоци. Помножете по број на денови со седници, по просечна одалеченост на пратеник од Скопје.
9000 ден. дневно???Па добар дел од вработените во Мк толку земаат плата месечно.
Не ми се верува ејј.:facepalm:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Па се чудат зошто земал народот бугарски пасоши... ма не бугарски ако треба и индиски ќе се вадат само да се има за живот!

Убаво пиша Леандра, кој кур се они во државава па да живеат толку луксузно а ниту еден проблем од осамостојување не решиле, ги слушам секој ден се караат како снаа и свекрва и се едно исто се врти во круг, чив е подолг!

Леее еј не ми се веруе ја плаќам по 90 денари за литар а они секој ден по 9000 во џеб(бил не бил на работа) без око да му трепне! Па имаат ли овие луѓе обзир и морал спрема овој народ!?
Брат они се караат во собрание, за кој да ги јаде нашите пари, ние се караме ради нив. Ние побудали.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И ова е потрошен бензин само на Парламент, каде се другите државни институции, Влада, министерства, локална самоуправа, Македонски Пошти кој лично ги познавам и се шетаат до Солун со наш бензин, каде се јавните претпријатија и сите вошки попарени кој не јадат овие 20 години. Јас ќе си ја чукам главата да заработам за цела фамилија оти нема кај да се вработат, да ставам 500 денари за две недели бензин и повеќе пешки да одам и они од мој даноци, разноразни такси и да давачки да ми се шетаат како кралеви низ земјава со коли кој трошат над 10 литри на 100 км.
И после Македонија била сиромашна држава, да не треба богата да биде? Ние произведуваме пари, а парите одат во нечиј газ!!! А плати до плафон си земаат, во бифе во парламент кафе е 20 денари, сок 20, чај 10, па и таму не трошат пари по повластени цени си кулираат. Ручеци се на сметка, патувања со додатна дневница, дневница за одделеност од семејството добиваат. А народот нека трпи, нека се стиска за да преживее. Системот треба да се сруши цел!
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Некои пратеници добивале по 30 илјади евра годишно за да дојдат на работа

Власта и опозицијата се едногласни единствено кога се работи за нивниот џеб. Ретко кој од пратениците кои живеат надвор од Скопје сака да каже колку пари ја чини државата секое нивно доаѓање во Парламентот. Но, сите се правдаат дека законски се покривале.​
Државниот ревизор ги предупреди пратениците – да си ја преиспитаат одлуката според која ги пресметуваат патните трошоци. Во ревизорскиот извештај за работата на Собранието за 2010 година кој вчера беше објавен пишува дека само во првите 5 месеци биле потрошени 900.000 евра за патни трошоци.

Пратениците кои на работа доаѓаат со свој автомобил добиваат надомест во висина од 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според секој изминат километар. На пример еден пратеник од Струга за едно доаѓање на работа добива 8.134 денари. За 20 работни дена 2.648 евра месечно, а на годишно ниво тоа се неверојатни 31.778 евра. Пратениците велат дека во тие пари била пресметана и амортизацијата на возилата, а трошоците ги правдале со фискални сметки. Најмногу ќаруваат тие од најоддалечените градови. Но, не е малку ни релацијата Тетово– Скопје– Тетово.

Пратеничката Весна Бендевска успеала некако да ги заштеди парите, па наместо на бензинска пумпа парите ги слевала на сметка во банка. Во анкетниот лист како личен имот пријавила 15.307 евра на име патни трошоци. Правилото според кое се пресметуваат трошоците е старо повеќе од 10 години, а тогаш бензинот бил многу поевтин. Поради ова ревизорите бараат да се намали надоместокот на пратениците и расходите на Парламентот. Бекири има предлог – или организиран превоз или службени автомобили. Ниту еден од пратениците не слушнале за малверзациите што се прават со сметките. Наводно наплаќаат трошоци и кога преспиваат во Скопје и кога доаѓаат со туѓ превоз.

Извор

А добро бе гробот да им го е*ам, ако за 5 месеци изгореле 900,000 евра на годишно ниво би требало да е над 2 милиони евра!

Ги третираме како златни јајца да ни несат, а реално се само за на јасли пошо јас до сега не сум почуствувал подобрување во животов а ниту пак во општествово!
 

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Па се чудат зошто земал народот бугарски пасоши... ма не бугарски ако треба и индиски ќе се вадат само да се има за живот!

Убаво пиша Леандра, кој кур се они во државава па да живеат толку луксузно а ниту еден проблем од осамостојување не решиле, ги слушам секој ден се караат како снаа и свекрва и се едно исто се врти во круг, чив е подолг!

Леее еј не ми се веруе ја плаќам по 90 денари за литар а они секој ден по 9000 во џеб(бил не бил на работа) без око да му трепне! Па имаат ли овие луѓе обзир и морал спрема овој народ!?
Ajde be da izlezeme na bunt ajde site po edno litro benzin ke kupime i ke frlime na sobranie. 3000 luge po edno litro 3000 litra plus edno do dve skorcinja i dobivas sto sakas posle!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.291
Поени од реакции
15.508
Некои пратеници добивале по 30 илјади евра годишно за да дојдат на работа


Власта и опозицијата се едногласни единствено кога се работи за нивниот џеб. Ретко кој од пратениците кои живеат надвор од Скопје сака да каже колку пари ја чини државата секое нивно доаѓање во Парламентот. Но, сите се правдаат дека законски се покривале.
Државниот ревизор ги предупреди пратениците – да си ја преиспитаат одлуката според која ги пресметуваат патните трошоци. Во ревизорскиот извештај за работата на Собранието за 2010 година кој вчера беше објавен пишува дека само во првите 5 месеци биле потрошени 900.000 евра за патни трошоци.

Пратениците кои на работа доаѓаат со свој автомобил добиваат надомест во висина од 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според секој изминат километар. На пример еден пратеник од Струга за едно доаѓање на работа добива 8.134 денари. За 20 работни дена 2.648 евра месечно, а на годишно ниво тоа се неверојатни 31.778 евра. Пратениците велат дека во тие пари била пресметана и амортизацијата на возилата, а трошоците ги правдале со фискални сметки. Најмногу ќаруваат тие од најоддалечените градови. Но, не е малку ни релацијата Тетово– Скопје– Тетово.

Пратеничката Весна Бендевска успеала некако да ги заштеди парите, па наместо на бензинска пумпа парите ги слевала на сметка во банка. Во анкетниот лист како личен имот пријавила 15.307 евра на име патни трошоци. Правилото според кое се пресметуваат трошоците е старо повеќе од 10 години, а тогаш бензинот бил многу поевтин. Поради ова ревизорите бараат да се намали надоместокот на пратениците и расходите на Парламентот. Бекири има предлог – или организиран превоз или службени автомобили. Ниту еден од пратениците не слушнале за малверзациите што се прават со сметките. Наводно наплаќаат трошоци и кога преспиваат во Скопје и кога доаѓаат со туѓ превоз.

Извор

А добро бе гробот да им го е*ам, ако за 5 месеци изгореле 900,000 евра на годишно ниво би требало да е над 2 милиони евра!

Ги третираме како златни јајца да ни несат, а реално се само за на јасли пошо јас до сега не сум почуствувал подобрување во животов а ниту пак во општествово!
Новинариве наши не се многу писмени.

Се работи сепак за сума од 900.000 евра годишно, не за 5 месеци.


Вториот дел со Весна, не им ја разбирам малце логиката, нормално дека парите ќе се слеваат во банкарска сметка доколку Весна приложила фискална сметка или сметкопотврда или како и да ги правдаат парите, сеедно.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Новинариве наши не се многу писмени.

Се работи сепак за сума од 900.000 евра годишно, не за 5 месеци.


Вториот дел со Весна, не им ја разбирам малце логиката, нормално дека парите ќе се слеваат во банкарска сметка доколку Весна приложила фискална сметка или сметкопотврда или како и да ги правдаат парите, сеедно.
Што не разбираш, зарем Весна потрошила 15 илјади литри гориво за една година???

Каде е логиката да земаш пари за патни трошоци а од истите да заштедиш и дури да ги приложиш како заштеда!?

Како не им е срам да земаат од напатен народ при плата од 60,000 денари - без додатоци и слични тракатанци???

Пример обичен работник зема плата од 15,000 денари а за пат плаќа од истата сума 2000 денари!
Па што се пратенициве? Божји апостоли!?!?!?!?
--- надополнето: 28 март 2012 во 22:58 ---
Ajde be da izlezeme na bunt ajde site po edno litro benzin ke kupime i ke frlime na sobranie. 3000 luge po edno litro 3000 litra plus edno do dve skorcinja i dobivas sto sakas posle!
Јас сум за!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.291
Поени од реакции
15.508
Што не разбираш, зарем Весна потрошила 15 илјади литри гориво за една година???

Каде е логиката да земаш пари за патни трошоци а од истите да заштедиш и дури да ги приложиш како заштеда!?

Како не им е срам да земаат од напатен народ при плата од 60,000 денари - без додатоци и слични тракатанци???

Пример обичен работник зема плата од 15,000 денари а за пат плаќа од истата сума 2000 денари!
Па што се пратенициве? Божји апостоли!?!?!?!?
--- надополнето: 28 март 2012 во 22:58 ---


Јас сум за!
Конфузна е реченицата. Во никој случај не можеш да заштедиш пари и да ги ставиш на сметка, поради грешката со сумата воопшто не им верувам на новинариве, прееска не го дочитав ревизорскиот извештај да видам дали пишува нешто и за Весна или овие си поврзуваат некои работи со нивното огромно знаење...
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Конфузна е реченицата. Во никој случај не можеш да заштедиш пари и да ги ставиш на сметка, поради грешката со сумата воопшто не им верувам на новинариве, прееска не го дочитав ревизорскиот извештај да видам дали пишува нешто и за Весна или овие си поврзуваат некои работи со нивното огромно знаење...
Абе и да не ја пренеле веста како што треба и сите овие анализи кој колку трошел, сепак останува трнот во око како успеале да потрошат 900,000 литри гориво за една година. Мене не ми е јасно што коли возат. Па и со авион да патувале секој ден толку не би потрошиле!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom