Целата Вистина за бог

Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Досега сум се плашел.Но сега дојде време да му дадам голема почит на нашиот бог.И ова е до сите атеисти.Господ Бог постои.Бог не постои пред нас ние постоиме пред него.Ние го создадовме бог.Нашата верба го прави Бог она што е.Ако веруваме во Бог веруваме во Себе.Ако веруваме во себе и логички веруваме во Бог создаваме.Ние го направивме Бог семоќен затоа сега живееме.Верувај во Бог.Бог не сака слуги.Бог не дал без ништо сите исти и сака да сме слободни не да му сме негови слуги.Тој од нас ја бара само вербата во него.Со тоа што ние верувавме во Бог тој го пуштил Исус на земја како негово чедо да докажи дека тој постои.Нему му дал многу повеќе мозок и интелегенција.Му дал и некоја мала натприродна сила кои на некои луѓе неможи да му се објасне.Исус му докажал на многу луѓе кој е неговиот татко.Зошто треба да веруваме во Бог.Мора да се зачуваме ние.Сите оние што се родени како Христијани нека веруваат во Бог и да не се противат на другите религии оти и таму има верници така да и нивните богови постојат.Вербата значи се.Подржете си го својот Бог.Тој гледа се,слуша се,знае се и тоа ни го пренесува нас.Прашањето што никој не го видел и не знае кај е и кај постои.Тоа е лесно прашање.Бог постои во нас.Во нашето тело и нашиот мозок.Тој не прави посигурни во себе.Вербата во Бог е верба во достигнувањето на врвот.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Чекај, значи колку религии = толку богови ? И сите се точни, сите постојат... сфакаш дека тоа е огромна бројка на богови... огромна у смисол стотици илјади па и милиони ?
И кој е тогаш тој кој ти го именуваш како "нашиот бог" од овие милиони шо ги призна како точни богови ?
Штом го спомнуваш Исус, заедно со натприродна сила, значи мора да е христијанскиот т.е. еврејскиот бог Јахве ?

Ако е тој, тогаш дали си свесен дека со признавањето на другите милиони богови во досегашната историја на човештвото, ТИ според светата христијанска книга штотуку си го загарантира местото во пеколот ?

Многу прашања, али конфузен ми е постов твој, па морав. :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Текстот е инспиративен на моменти, само делот за “Исус “ не ми се допаѓа воопшто, али секој го има правото на свое мислење, но ќе се согласам со делот во кој велиш: Бог го создадоа луѓето, и бог постои. Има и мнгоу богови, колку што има вери, и колку што луѓето веруваат. БОГ НЕ САКА СЛУГИ И РОБОВИ.
Тоа е точно кој е ефектот од крстење целодневно кажување молитви изигравање магионачар со волшебните зборови, па да се претвори каменот во леб итн, тоа е беспотребно трошење време за слепи луѓе.Проблемот е што реко кој сфаќа дека човекот го создал бог за негови потреби а не Господ го создал човекот за садистички потреби, кој ти дава ум разум и слободна волја но не смееш да ги користиш зашто ќе те мачи.
добри се овие лаги, кога успеваат во ова време каде, барем би требало човештвото да се дигнало на еден степен повисоко во однос на интелектуалното ниво стекнато во овие 2000 години.
Се надевам не пропаѓаат во вода ваквите теми, тези и изјави на поединци кои навистина вреди да се слушнат и види.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
216
Поени од реакции
94
Се плашел-а од што се плашел дечково многу ме интересира
 
S

Sagan

Гостин
Текстот е контрадикторен и нелогичен од прво до последно.
Ако човекот ја создал идејата за бог, тогаш зошто да верувам во идеја на друг човек? Зошто да не си создадам своја сопствена, лична идеја за бог, онаков бог каков што мене ми одговара, кој нема да ме рестриктира и казнува?

Верба во сите измислени прикаски за сите богови, е причината што по појавувањето на големите монотеистички религии, светот западна во мракобесија, меѓурелигиски војни и убивање на вистинската смисла на животот.

Не ми треба измислено другарче за да се чуствувам подобро. Мојата среќа доаѓа од вистината за животот и за светот, и само таа ми дава сила реално да го планирам животот.

Со поддршка на било кој од измислената палета, богови, јас ја поддржувам status quo состојбата на омраза, разделувања, крв и страв, и на тој начин служам на сила, која вие ја нарекувате сатана.
Грчки поп спречил брак помеѓу Грк и Македонка

Ова е еден од помеките примери како денешните религии уништуваат животи и човечки среќи, во служба на злото. Да не наведувам сега тука, колку илјади луѓе умираат секојдневно заради причини поврзани со религиите.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Извесни идеи кои помалку или повеќе се насетуваат, во за мене, неубедливиот воведен пост на темава, неодоливо потсетуваат на еден интересен роман на Нил Гејмен, крстен Американски богови. Во него, меѓу другото, егзистенцијата на секое божество зависи од тоа колку се верува во него. Впрочем тоа и настанало како резултат на таа верба и се храни од неа, како своевиден паразит. Ама питка забавна литература е едно, а овде пишаното и не е баш...
 

Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Книга?

Прочитал?

:vozbud:
Библијата е пишувана е многу време.Некои работи во нејзе се точни некои не.Така да ако се држиж за библијата ќе грешиш
--- надополнето: Aug 4, 2011 2:47 PM ---
Единствена цел ми е да кажам дека вербата е она што треба.Вербата го создава бог.Пред Христијанството постоеле многу други религии и многу други верувања.Христијанството довело до многу војни.Тоа е дел што неможам да го сфатам.Како можело поповите да викаат дека оваа војна ја сака бог(Зборувам за крстоносните војни).Во тие војни загинале многу луѓе.Зошто ?.Во име на бога.Бог не сака жртви.Тој е добронамерен.Денес попчињата земаат пари во име на бог.Е ај ви се молам.
Треба во секоја црква да има 1 поп.А не овие секоја година 500 попчиња излегуваат.Тоа се глупости.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
И ја верувам во Господ, само што тоа што верниците го викаат "Господ" јас го викам "Природа".
 

Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Верувај во Бог.Тој постои.И не се моли на бога.Моли се на себе.Верувај во себе.Вервај во себе вервај во бог и барем во некои правци сигурно ќе успееш.И никогаш не се откажувај од своето.
 
V

vlako088

Гостин
Верувај во Бог.Тој постои.И не се моли на бога.Моли се на себе.Верувај во себе.Вервај во себе вервај во бог и барем во некои правци сигурно ќе успееш.И никогаш не се откажувај од своето.
Полека! Точно Бог постои многумина тоа го знаеме, но ако веке веруваме во Бога мислам на Исус Христос тогаш треба и на Нему да му се молиме. Како може да се молиме самите на себеси? Што можеме ние самите да си дадеме на себе ако не ни е дадено одозгора?
Пријателе ти се помешале некои работи или како што рече PillowQueen во која секта си?
 

Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
ne be ne sum sekta kakva sekta kakvi bakraci Sakam da kazam deka bog e vo site nas.Taka da ako veruvame vo bog veruvame vo nas.
 
S

smexy

Гостин
Библијата е пишувана е многу време.Некои работи во нејзе се точни некои не.Така да ако се држиж за библијата ќе грешиш
Брат,од кај вакви небулози?
Колку си ти учен,онака кажи ми ги твоите познавања,за да увидиме дали твоиве тврдења држат вода?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom