И едните и другите си ги покажавте ставовите, се вртите во круг со бесмислени објаснувања. Бесмислени затоа што никој не може никого да разубеди и "просветли".
Мислења составени од една сликичка која индиректно ги навредува оние кои веруваат во хомеопатијата не се прифаќаат. Ниту би се прифатиле мислења од некој кој верува во хомеопатијата во кои би се навредиле оние кои не веруваат. Доколку некој има да сподели искуства нека повели.
Просветителите нека одморат малце.
Прво научи да правиш разлика меѓу факт и мислење. Две сосема различни работи. Хомеопатијата се базира на мислења, целиот концепт е базиран на нечии мислења, од дијагнозата до подготовката на "лекот". Медицината е базирана на медицински факти, затоа и функционира. Затоа и верувате во хомеопатијата, не знаете со сигурност дали функционира, само верувате дека ви помогнала. Не мислам туку знам дека хомеопатијата е лага.
И инаку мене никој ништо не ми објасни, всушност само јас и уште двајца, тројца објаснуваме. Требаше да напишеш: "Вие просветителите (Почнавме со ставање етикети а? Нормална реакција кога се нема валиден аргумент) само објаснувате, а верниците во хомеопатија само одбегнуваат да ви дадат нивно објаснување и разумен одговор на вашите прашања, бесмислено се вртите во круг."
@ Влијателен
Доколку луѓево имаа малку разум да ја увидат апсурдноста на Хомеопатијата, ќе имаа и разум да увидат некои (сериозни) долгорочни последици од промовирање квази медицина на јавни форуми која во доста случаи се покажала како фатален избор. Здравјето е сериозна работа.
ПС
Ако модераторите ги почитуваа до збор правилата на форумов, до сега пола форумџии ќе беа банирани, кои од тема, кои перманентно, и 70 % од темите затворени.
Од кога сум на форумов само видов дека одење офтопик е природен закон овде. Кој ради тролање, кој ради досада и немање што да се каже.