Хипермаркет Mr.Bricolage - Скопје

Дискусија во форумот 'Економија и бизнис' започната од ГОЦ-К.О, 12 март 2012.

  1. @cool@

    @cool@ Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική

    Член од:
    2 јуни 2007
    Мислења:
    22.193
    Допаѓања:
    19.964
  2. c i t r o

    c i t r o

    Член од:
    20 септември 2008
    Мислења:
    11.100
    Допаѓања:
    7.306
    Интересни работи има,а и поевтини како што гледам.
  3. arheolog

    arheolog

    Член од:
    25 декември 2008
    Мислења:
    1.725
    Допаѓања:
    804
    Еве ја информацијата пренесена и од Сител

    На површина од над 3.000 м2, за две недели ќе стартува првиот хипермаркет во Скопје “Брико Македонија”, инвестиција тешка близу 4,5 милиони евра.
    Оваа јавно-приватна инвестиција во соработка со градот Скопје привршува, со што ќе се уреди и пешачка патка долж булеварот, за што ќе бидат издвоени дополнителни 15.000 евра, вели првиот човек на “Брико Македонија”.
    Групациата Mr.Bricolage е француско-бугарска компанија, носител на франшизата за францускиот синџир на хипермаркети од сегментот “направи сам”. Оваа значајна инвестиција, кај нас за почеток ќе вработи 40 лица.
    Во следните 5 години планираат да отворат уште пет други маркети и во останатите градови.
    По повеќемесечното уредување на продажниот центар во Скопје, на 29 Март - денот на отварањето, купувачите ќе можат да купат сè за уредување на домот и градината, со врвна услуга и пристапни цени.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/naskoro-nov-hipermakret-vo-skopje

    Конкуренцијата на пазарот е добредојдена, да се надеваме дека ќе се намаат некој од цените на производите кој се нудат по ваквите маркети.
    И да со среќа на новите вработени.
  4. БојанMak

    БојанMak Нема

    Член од:
    29 декември 2011
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    3
    Хубо Реплек втори дел...
  5. Sheldon Cooper

    Sheldon Cooper Гостин

    Ни фалат добри ланци на маркети во Македонија како IKEA, Lidl, Technopolis итн. Добро е да се има избор :)
  6. @cool@

    @cool@ Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική

    Член од:
    2 јуни 2007
    Мислења:
    22.193
    Допаѓања:
    19.964
    чудно....како ја одминале гејлада и не отвориле ниту еден маркет таму- а во Бг- ги има на претек o_O
  7. acetetovo

    acetetovo Македонец!

    Член од:
    1 мај 2007
    Мислења:
    3.620
    Допаѓања:
    2.025
    На @cool@ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Рудници и

    Рудници и ...железарница

    Член од:
    9 декември 2009
    Мислења:
    9.313
    Допаѓања:
    12.111
    Ќе се гради првиот Бриколаж хипермаркет во Македонија

    На просторот на стариот кванташки пазар во Скопје, на аголот помеѓу булеварот Војводина и улицата Перо Наков, во тек се подготвителни работи за изградба на првиот хипермаркет на францускиот ланец „Бриколаж“ (Mr. Bricolage) во земјава. „Бриколаж“ е специјализиран кон производи за уредување и одржување на домот и дворот, како и понуда на „направи сам“ производи. Во Македонија влегува преку бугарската фирма „Доверие Брико“ која ги поседува франшизите за Бугарија, Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово, а настапот е во партнерство со „Скопски Пазар“.
    Според информациите кои пред три месеци „Скопски пазар“ ги објави на Македонската берза, компанијата има намера да изгради трговски објект наменет за однапред познати закупувачи. Финансиската тежина на проектот е проценета на 2,5 милиони евра, од кои еден милион евра се кредитно задолжување кај „Охридска Банка“. Вкупната површина на објектот кој треба да биде готов до крајот на годинава ќе изнесува околу 4.500 метри квадратни. Изведувач на градежните работи е „Масон-Инженеринг“, а за надзорот е задолжен „Балкан консалтинг“. Од „Скопски Пазар“ и „Брико Македонија“ засега не соопштуваат повеќе информации.
    СП маркет е закупец на просторот и градител, фактички на Бриколаж му е продаден готов објект, само ништо не го спомнаа сега.

    На површина од 3.500 метри квадратни ќе биде сместена француската компанија „ Mr.Bricolage“, бренд кој се занимава со производи за домаќинство, градежништво и хортикултура по принципот „направи сам“.
    „Договорот меѓу Скопски Пазар и странскиот инвеститор, кој го носи Mr.Bricolage за прв пат во Македонија, е веќе потпишан. Mr.Bricolage располага со 527 продажни центри во 11 земји во светот, има 12.000 вработени и остварува продажба од 1,9 милијарди евра годишно. Во центарот ќе биде сместен и домашниот бренд за електроника и бела техника Нептун“, информираат од „Скопски пазар“.
    Градбата на деловно-трговскиот центар ќе биде целосно изведена со користење на енергетски ефикасни материјали, греењето и ладењето на објектот ќе биде еколошко со користење на геотермална енергија.
    Скопски Пазар е компанија која управува со 16 зелени и еден сточен пазар, мрежа маркети и еден деловно-трговскиот центар.
    Вест од 3.8.2011
  9. Vollstandig

    Vollstandig Гостин

    незнам дали е болест, ама само маркети, колонијали, бутици за алишта/мебел се отвораат последно време...
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eden_decko

    eden_decko

    Член од:
    2 јули 2007
    Мислења:
    134
    Допаѓања:
    63
    Во врска со оваа работа, и јас едно време мислев како вас дека само маркети се отвараат во последно време. Но, со тек на време сфатив дека и овие маркети што ги имаме не се доволни, не во смисла дека нема роба, туку дека нема доволно продавници за да се створи конкуренција, а со тоа и да се носат поквалитетни производи со попристапни цени.
    Конкретно за хипермаркети, искрено да ви кажам дека во Македонија нема многу маркети од овој тип. Единствен е Хубо (можеби и Електрометал), кој што според мене има квалитетни производи, но цените им се нереално високи . Ако Бриколаж ги даде истиве цени што ги имаат во Бугарија, мислам дека ќе бидат многу сериозна конкуренција на Хубо.
  11. arheolog

    arheolog

    Член од:
    25 декември 2008
    Мислења:
    1.725
    Допаѓања:
    804
    Отворен хипермаркет на француски „Mr.Bricolage“

    Хипермаркет на францускиoт бренд Mr.Bricolage е отворен во новиот трговско-деловен центар на Скопски пазар а.д, лоциран на местото на стариот Кванташки пазар на улицата „Перо Наков“ во Скопје.
    Продажниот салон, што беше официјално отворен синоќа, е на површина од 3.000 метри квадратни. Нуди широк асортиман, популарно наречени „направи сам“ производи за домаќинство, градежништво и хортикултура.
    Поставени се над 30 илјади артикли електрика и расвета, aлати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, сè за бањата, керамички плочки, дрво, подови и подни облоги, сè за уредување на градината…
    Потрошувачите на едно место можат да добијат и услуги за испорака на купените стоки, консултации со професионален кадар, кроење иверки според димензиите и желбите на купувачот, поставување на купениот ламинат, сечење стакло, правење рамки за слики во димензии по желба на купувачот, мешање бои…
    Со вкупно 705 продавници, 11.000 вработени и продажен простор од над 1.600.000 квадратни мерки, „Mr.Bricolage“ спаѓа меѓу најдобрите четири „направи сам" маркети на глобално ниво.
    Покрај Mr.Bricolage, на површина од 1.560 метри квадратни во новиот трговско-деловен центар на Скопски пазар е присутен и најголемиот салон за техника во Македонија на познатиот домашен бренд за потрошувачка електроника и бела техника Нептун.
    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/otvoren-hipermarket-na-francuski-„mrbricolage“

    Да не беше некој?
    Со среќа нека им е и на газдите и на вработените, им посакувам успешна работа.
  12. Tonchie

    Tonchie BATTERY +

    Член од:
    15 јуни 2005
    Мислења:
    11.115
    Допаѓања:
    2.900
    Јас бев :)
    Вчера ми беше последен ден на работа, и колегата ми вика, ае има некој маркет ќе се отвора, шефот ќе биде таму, ќе треба да се фотографира, и му викам, еј ај и јас ќе дојдам :)
    Штета што колегата ги ставил само неговиоте фотографии на сајт, ќе почекате малку за моите :)

    Како и да е. Убав голем маркет со буквално од игла до локомотива. Јас си купив навлаки за колата за 699 денари и патосници за 230. Волку ефтино неам сретнато досега во продавница во градов. Волку чинат на авто-пазар, ама иди стани у недела сабајле за да идеш таму :)

    Сијалиците се по реални цени (мислам дека беа дупло поефтини од Веро).

    Има моторни пили на струја и на бензин. На бензин има за 6000 некој бугарски бренд и 16000 Husqvarna.

    Толку од моето набрзинка разгледување на маркетов.
    На arheolog му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Krshh

    Krshh Титула по желба

    Член од:
    25 септември 2011
    Мислења:
    34
    Допаѓања:
    5
    Isto e kako i Hubo samo na obratna strana od gradot. Nisto posebno. Ali ne bese toa interesnoto, Vo sabota pred 1vi imase otvoranje na Neptun prodavnica koja e lepenka do Brikolaz i bese ziva tepacka da vleze narod vnatre, 32 lcd za realni ceni vo limitirani kolicini (desetina komada) Voglavno prijateli na sefcinjata tamu vlegoa pomegju prvite 50) posle pustaa po 5~6 vo grupa. Se razbira im se iznasmeaf posto bese interesno da se gleda od strana i potoa napraviv zaokret od 180 na petica i magla preku Vardar vo 9.15h bez da vlezam vnatre.
    На Tonchie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    5.579
    Допаѓања:
    1.333
    Интересно. Ќе му биде конкуренција на Хубо. Може и подобар ќе биде. Треба повеќе маркети да отворат во Македонија во иднина.
    На sphinx му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vollstandig

    Vollstandig Гостин

    Во македонија. Не само во скопје:)))

Сподели преку: