Хипермаркет Mr.Bricolage - Скопје

  • Креатор на темата ГОЦ-К.О
  • Време на започнување
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
На површина од над 3.000 м2, за две недели ќе стартува првиот хипермаркет во Скопје “Брико Македонија”, инвестиција тешка близу 4,5 милиони евра.

mr_90080.png

Оваа јавно-приватна инвестиција во соработка со градот Скопје привршува, со што ќе се уреди и пешачка патка долж булеварот, за што ќе бидат издвоени дополнителни 15.000 евра, вели првиот човек на “Брико Македонија”.
Групациата Mr.Bricolage е француско-бугарска компанија, носител на франшизата за францускиот синџир на хипермаркети од сегментот “направи сам”. Оваа значајна инвестиција, кај нас за почеток ќе вработи 40 лица.
Во следните 5 години планираат да отворат уште пет други маркети и во останатите градови.
По повеќемесечното уредување на продажниот центар во Скопје, на 29 Март - денот на отварањето, купувачите ќе можат да купат сè за уредување на домот и градината, со врвна услуга и пристапни цени.
Борис Грујоски

http://www.24online.mk/940132/indexed.html
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
“направи сам”
само ова ми се допаѓа :)
а на која локација ќе биде?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Ама се инвентивни, маркет. Преполни сме со маркети.
Слично се случува моментално и во САД,имено таму врие од вакви супер,хипер и ултра маркети чија единствена намена е празнење на џебот на граѓаните.Не знам зошто еве на пр. не почнат да се отвораат супер-фабрики во кои би се вработиле како за почеток едно 200 луѓе,или некоја лабораторија и научно студио во кое ќе се вработат врвни научници и таленти кои ќе продуцираат нови пронајдоци од општ добробит на сите нас. Не велам дека е лошо да има вакви маркети,ама би требало паралелно со нив да се отвараат и фабрики,погони,научно-истражувачки лаборатории и сл. (y)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
налик на HUBO маркетот:rolleyes:
инаку, кога веќе ја споменавте Бугарија , таа е преплавена со овие маркети- скоро во секој град се отворени
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Ова ќе биде слично на Хубо и се наоѓа спроти Супер Тинекс-от кај ФОН.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
го читам насловов, и слушам вести на Сител...
НОВ ХИПЕРМАРКЕТ ВО СКОПЈЕ...
каква коинциденција :pos2: супер.. повеќе конкуренција...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom