Хеленизмот - Европска измислица од 18 век

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.990
Поени од реакции
14.787
Доверливи Меморандуми за преименување на Македонците (3)
Тихомир Каранфилов


Филип Драгумис еден од главните идеолози на грчката политика за македонското прашање, во својот доверлив Меморандум од 12 ноември 1948 година, предвидува посебни мерки за елиминирање на Македонците. Свесен дека ако поради меѓународната заедница се признае славјанофонското јазично малцинство во Грција, грчката власт нема да може ни под притисок да ја продолжи асимилацијата на Македонците, тој предлага да се доделуваат посебни признанија и награди на оние кои се наклонети кон грчката црква и образование. Исто така, тој е против насилното протерување на Македонците, мерка каква што била превземена од страна на воените власти во Костур и Лерин, зошто таа е меѓународно неприфатлива и неостварлива.

Во делот под наслов „Мерки што треба да се преземат за елиминирање на создавањето на национално малцинство“, Филип Драгумис ги препорачува мерките што треба да се преземат против Македонците, кои по граѓанската војна речиси целосно се спроведуваат.

Драгумас за да се избегне меѓународно признавање на славјанофоните, во документот бара да се спроведат тивко мерките кои пред една година ги доставил до локалните, судските, воените и други органи на грчките власти во Западна Македонија, како и до Министерството за надворешни работи. Во предложените мерки тој го бара следното:

1) Одземање на грчкото државјанство – На сите оние што соработуваат со окупаторите и посебно со Бугарите за време на окупацијата. На осудените и оние на кои им се суди за криминални дела поврзани со бандитизмот и комунизмот во тие погранични региони. На оние кои доброволно избегаа во соседните територии или што им пристапија на бандите и На оние кои не се појавуваат пред суд, да се сметаат официјално дека се откажале од грчкото државјанство и дека избрале практично друго државјанство.

2) Конфискација на имотот - Да им се конфискуваат имотите, а нивните ниви да им се отстапуваат отсега, од страна на државата за обработка, на соселани - безимотни луѓе од блиските реони со потврдени грчки убедувања.

Драгумис предложува интернација и во врска со доделување на земјиштето на идните колонисти вели дека за да тие имаат интерес постојано да се населат и да не ги напуштаат живеалиштата и при најмали бури тоа треба да е доволно за издржување на петчлено семејство. Тој смета дека нивните семејства независно од јазикот, да се интернираат постепено во јужна Грција. Но, тие треба да се распрскани по едни или најмногу две семејства во секое село или град, Исто така, тој укажува дека при нивниот транспорт и сместување во местата на интернацијата да се почитуваат од страна на државните органи, строго сите законски и хуманитарни правила на однесување спрема жените и децата што ќе бидат интернирани.

За да не биде обвинета грчката влада дека дејствува незаконски, против човековите права и слобода, Драгумас препорачува интернацијата да почне со семејствата на гркофоните злосторници. Како пример тој ги посочува гркофоните Грци (оние од Русија наречени Кавкасци), сместени во пограничните реони, од кои многумина се опасни комунисти. На тој начин тој смета дека „ќе биде јасно истакнат принципот дека оние од осудените или не појавените пред суд што покажаа практично дека сакаат да и припаѓаат на славјаномакедонската, на бугарската или друга националност, се откажаа автоматски од грчкото државјанство и нема повеќе да бидат примени на грчкото тло, а ќе им бидат испратени во погодно време во своите нови татковини“.

Искуството покажа дека и по протерувањата тие се враќаат речиси сите во своите или соседните села. Оваа извонредно опасна појава за Грција, беше спречена жестоко од страна на Генералштабот на владата. Затоа Драгумис препорачува дека „никаква изолирана мерка не може да се примени без одговорна владина иницијатива, комплетна соработка и совршена координација на постапките на сите надлежни категории на администрацијата. А за каква било политика врз национални прашања, потребна е согласност од сите лојални големи политички партии. Конкретно за комплетна соработка на воените, на судските и на чисто административните власти и на жандармеријата со генералната линија што ќе ја дава Министерството за надворешни работи во согласност, се разбира, со ГШ на војската.“

Грција експанзионистичка политика наоѓа свое место и во Меморандумот на Филип Драгумис. Во него тој потенцира дека државата треба да обрне внимание на прашањето на ксенофоните и реперкусиите што може да настанат ако се води погрешна политика кон нив. Како што вели тој „Ние сме должни, да обрнеме внимание и на овој аспект, кој во недалечна иднина, не е исклучено да има големо влијание врз нашиот интерес да создадеме впечаток оти наводно ксенофоните не ги сметаме за Грци, и дека имаме намера да ги уништиме. За жал, не постојат веќе грчко население во соседните територии врз кое ние имаме претензии, освен само неколку остатоци во југозападен Северен Епир“.

Во прашањето кое следува: „Значи, ако ние се откажеме од тоа дека ксенофоните Грци од Грција се Грци, врз што ли ќе ги засноваме евентуалните претензии да добиеме соседни територии, во кои живеат, исто така, и уште покомпактно слични ксенофони жители. Како ќе го бараме Аргирокастро, Премети, Корча, Москополе, Битола, Струмица, Мелник, Неврокоп итн. ?“ , Драгумис децидно ги отсликува претензиите на Грција, од кои и денес не се откажува.

Драгумис во својот Меморандум на крај посочува на случајот кога грчката држава беше приморана од големите сили да им даде на малцинствата слобода за изучување на негрчки мајчин јазик. При такво соочување, тој укажува дека треба да се преземат мерки за да се спречи изучувањето да се одвива во посебни ксенофони училишта, туку факултативно во веќе постојните државни грчки основни училишта, каде што останатите предмети ќе се предаваат на грчки јазик. Учителите, пак, на странскиот јазик ќе бидат задолжително грчки државјани, лојални на грчките закони и под надзор на инспектори Грци. Од национални причини, тој предлага и при предавањата да се користи кирилското поради своето византиско потекло и неговата блискост до грчкото писмо.

Предложената стратегија на Драгумис се користи во периодот од педесетите и шеесетите години на минатиот век кога цели села се принудени да се колнат врз библијата, да потпишуваат изјави дека нема да го користат мајчиниот јазик. Со оглед дека резултатите не се задоволителни Филипос Драгумис повторно ќе се наврати пак на ова прашање за политичката опција на грчката држава за преименување на Македонците и на нивниот јазик. Со доверливо писмо за неутрализација на славјанокомунистичката опасност против северна Грција, на 14 септември 1962 година тој го состава новиот текст што му го испраќа на кралот, на премиерот К. Караманлис и на министерот за надворешни работи Е. Авероф.

(продолжува)


http://vesti.mk/read/news/3215235/1141134/doverlivi-memorandumi-za-preimenuvanje-na-makedoncite-3
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Ова е доста интересно има извадоци на грци кои имале различно гледиште во однос на македонците спрема денешнета пропаганда во Грција.

Линкот е на грчки преведете си го со гугл транслејт

http://jungle-report.blogspot.gr/2014/09/macedonians-as-ottomans.html
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.990
Поени од реакции
14.787




АТИНА

Андов за „Катимерини“: Во 1993 година Глигоров беше спремен да го смени името со Република Словенска Македонија

Зборувајќи за периодот по распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија, Андов вели дека од денешна перспектива тој се согласува со обвинувањата на поранешениот грчки премиер Мицотакис дека во Македонија наводно имало иредентисти што сакале да ја наследат историјата на Античка Македонија...



Во Македонија се ширела анти-грчка пропаганда, Мицоткис наводно бил во право кога своевремено не обвинувал за иредентизам, а македонскиот државен врв бил во делириум - ова се само дел од ставовите што поранешниот лидер на Либералната партија Стојан Андов ги сподели во интервју за грчки Катимерини, јави дописникот на МРТ од Атина.

Андов ја открива и подготвеноста на власта во Македонија во 93-та, кога претседател беше Киро Глигоров, за промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Зборувајќи за периодот по распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија, Андов вели дека од денешна перспектива тој се согласува со обвинувањата на поранешениот грчки премиер Мицотакис дека во Македонија наводно имало иредентисти што сакале да ја наследат историјата на Античка Македонија.

„Кисинџер инсистираше дека Атина треба да не признае како Македонија и да започне период на блики односи. Мицотакис реплицираше дека тоа е тешко и дека климата во Грција не е поволна за вакви чекори. Тој исто така рече дека во Скопје има луѓе со иредентистички аспирации кои сакаат да станат наследници на историјата на Античка Македонија. Сега гледам, од оваа перспектива после многу години, дека тоа што го предвиде Мицотакис, го гледаме пред нас (значи она што денеска го прави Владата на Груевски)“, вели Андов во интервјуто за Катимерини.

Андов ја открива и подготвеноста на власта во Македонија во 93- та година за промена на името и тоа почнувајќи од Уставот, во периодот кога тој беше претседател на Собранието, а премиер и шеф на држава беа Бранко Црвенковски и Киро Глигоров. Тогаш Глигоров побарал од него да обезбеди парламентарно мнозинство за менување на македонскиот Устав со цел промена на името во Република Словенска Македонија.

„Еден ден тој ми се јави и ми побара да обезбедам парламентарно мнозинство и да ги осигурам уставниот амандман и уставната промена на нашето име од Република Македонија во Република Соловенска Македонија“, вели Андов додавајќи дека според Глигоров, овој предлог бил прифатлив и за грчката страна.

Андов наводно одбил бидејќи знаел дека против предлогот ќе гласаат тогашаната опозиција на ВМРО, албанскиот блок и половина влада, но и дека тоа ќе создаде хаос. Открива дека оваа иницијатива била единствениот пат кога страните биле близу до компромис и дека досега била непозната за јавноста, но сега можела да се каже бидејќи поминале многу години.

Запрашан за тоа дали постои можност за компромис сега, тој вели дека ниту една влада немало да прифати јазикот и нацијата да бидат поинакви од македонски, но дека во однос на името, за додавка и сложено име, имало простор за компромис.

„А ако помогне и странците може да најдат решение. Постојано велам и верувам дека мора да ставиме крај на анти-грчката кампања во Македонија“ , изјавил Андов, тврдејќи дека кај политиката на актуелната влада има анти-грчки елементи.


Интервјуто на Андов доаѓа со бранот негативни реакции во грчките медиуми по отварањето на Археолошкиот музеј во Македонија, a е илустирано со фотографии од Андов и од музејот, под кои што стои коментарот на Андов дека „македонскиот државен врв бил во делириум”.

Во грчките медиуми неодамна беше актуелен и сегашниот лидер на Либералната партија Ивон Величковски кој предложи да се забрани и казнува истакнувањето на сонцето од Кутлеш. Лидерот на оваа опозициска партија, спротивно на пресудата од Хаг, тврдеше и дека Македонија наводно ја кршела Времената спогодба со Грција, јави МРТ.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/andov-za-katimerini-vo-1993-godina-gligorov-beshe-spremen-da-go-smeni-imeto-so
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
МЛАДИТЕ ГЛАСАЧИ НА ЗЛАТНА ЗОРА СЕ СМЕТААТ ЗА СУПЕРИОРНИ НАД ДРУГИТЕ НАРОДИ



Младите Грци што на изборите во 2012 година гласале за Златна зора го направиле тој избор поради идеолошко убедување, а не од причини што произлегуваат од економската криза, покажала студијата на атинскиот Универзитет „Пантеон“.

Овие гласачи, според резултатите од студијата, сметаат дека Златна зора е „националистичка партија“ и како „одвратен“ го отфрлаат описот на партијата како „фашистичка“ или „неонацистичка“, иако признаваат дека има идеолошки сличности со фашизмот.

За младите Грци, Златна зора е патриотско-националистичка партија, која ги става Грците над с` друго. Тие се идентификуваат со националистичката идеологија на партијата и својата гордост што се гласачи на Златна зора ја нарекуваат грчка гордост, која произлегува од верувањето дека Грците се супериорни во однос на другите луѓе, и историски и културно.

- Kога ние имавме цивилизација, другите живееја на дрва - изјавил еден 24-годишен гласач на Златна зора, повторувајќи ја фразата што често се среќава во „теоретските“ текстови на партијата.

Истражувањето, според грчките медиуми, било спроведено лани и со него биле опфатени млади од 16 до 25 години.

- Kако што покажаа резултатите, аргументот дека младите, а и не само тие, гласале за Златна зора поради економската мизерија е под знак прашалник. Се појавија други параметри, кои покажуваат дека влијанието на Златна зора е поради идеолошката идентификација на младите гласачи со партијата - изјавила професорката Александра Kорониу од Универзитетот „Пантеон“, која го координирала истражувањето во Грција.

Овој културен расизам, според неа, се дополнува со „биолошки“ расизам, кој се однесува на прашањето за странците. Kако поткрепа за тоа тврдење таа додава дека само мал број млади гласачи прифаќаат дека втората и третата генерација имигранти можат да се сметаат за грчки граѓани. Мнозинството од нив тврделе дека Грците се културно и биолошки супериорни, особено во однос на другите етнички заедници во земјата.

Извештајот покажал дека овие чувства биле придружени со презир и отфрлање на демократијата, процедурите и институциите, омраза и гнев кон политичките фигури во парламентарниот систем и давање предност на авторитарните и тоталитарните системи.

Истовремено, во извештајот, според грчките експерти, имало интересни резултати во однос на левите партии. Дел од младите гласачи рекле дека ја отфрлаат левицата како опција, особено СИРИЗА, поради ставот на партијата во однос на имиграцијата. За мнозинството млади Грци, единствената антисистемска партија е Златна зора, а другите партии, особено левите, се „хипокритички“.

Ова, според професорката Kорониу, е доказ дека Златна зора сега ги собира придобивките од таргетирањето на младите на сите нивоа.

- Системската инфилтрација и пропагандата на Златна зора во училиштата, многу често во слободното време на учениците, се исплатеше. Младите се огромна сила, на чие „освојување“ сите фашистички и нацистички движења му даваа големо значење – вели Kорониу и додава дека идеолошкото влијание на Златна зора врз младите е сериозен феномен и ја покажува потребата од борба против расизмот и фашизмот меѓу младите.

*извор:http://www.dnevnik.mk/?ItemID=A64A49C893966B48AE85689BCBCBE548
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
86
Нада Проева .
Кога би бил во прилика би ја запрашал дали има намера да си надоградува знаењето или ќе се повлече од светот на науката .

И се дрзнала да збори за “вжештени глави’’
:)
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
Нада Проева .
Кога би бил во прилика би ја запрашал дали има намера да си надоградува знаењето или ќе се повлече од светот на науката .

И се дрзнала да збори за “вжештени глави’’
:)
Momak ti za da se tokmis so Nade stvarno treba ili da imas preku 30 godini naucno i profesionalno iskustvo od poleto na antikata, poznavanje na nekolku stari jazici, doktorat i specjalizacija na Sorbona i megjunaroden naucen ugled. Sepak ovie uslovi sto gi navedov vo Makedonija nikoj ne gi ispolnuva(ni Tentov i veselata druzina) taka da ako mislis deka znaes nesto povekje od Nade bujrum napisi nekoja statija, izdadi ja vo Istorija ili vo GINI kaj nas ili negde vo nekoe relevantno megjunarodno spisanie, a ne samo da upas kako maksim po divizija
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
дај да видиме кој е тој и со кои квалификации е. Само немој да ми наведуваш "експерти " од типот на Донски и Тентов, или недај боже Белчев или Иљов кои немаат никакв врска со историската наука. Сфатете еднаш дека историјата е наука со свои методи и доказни постапки а не е писмена работа на тема како го поминав летниот распуст и моите соништа за поубав и посреќен свет
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
86
Историјата е научна дисциплина ограничена со кориците од хартијата.
Ретко скоро воопшо и да не се сретне историчар кој ќе се запраша -зошто е напишано како што се чита дека било испишано?
Вообичаено ќе се произнесат дека ете било напишано ,без да дадат одговорат со - “Затоа што ..’’
И не е за чудење - тоа се дефинира како научен пристап
:)
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
ццццццц.......во заблуда сум живеел последниве десет години. фала ти брату шо ми ги отвори очите...
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
86
Profo друже да ми простиш ама не мислам дека навредувам никому ништо лично ....Тоа си е мое мислење
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
ценам мислење. но кога веќе напаѓаш конкретна личност без никакви докази биди подготвен на одговор
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Историјата е ТОЛКУВАЊЕ на настаните кои се случиле. Најчесто тоа толкување се базира на запис (од тоа време или најчесто подоцнежен) кој скоро секогаш е СУБЈЕКТИВЕН.
Ако земеме во предвид дека и толкувањето е субјективно (во склад со политичките, историските услови, заедно со образовно воспитниот фактор на толкувачот), тогаш имаме субјективно толкување на субјективен запис кој за да биде официјално признат и прифатен треба исто така да помине низ субјективен филтер на цензорите.
Според тоа - ни малку не им верувам на пишаните истории и официјални мислења, колку и да се тие поткрепени со др-мр титули... :)
Не знам колку сте вие останатите свесни, ама ние учиме, следиме КРЕИРАНА историја, онаа која е официјално потврдена и во научната мисла има помалку демократија отколку во сталинизмот.
Кога биологијата не демантира на секој чекор - скоро секоја птица со грам мозок си прави гнездо, пчелите си прават живеалиште со 1/2 милиграм мозок - ние учиме дека луѓето во предисторијата живееле во пештери...
Треба навистина да бидеш глупав или со испран мозок за да веруваш в тоа, а и во остатокот на историјата (здраво за готово).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom