Фудбал на плажа

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Кога има на Тв ги гледам. Имам играно малце фудбал на плажа во Хрватска и доста интересно :) Жежат нозите :vozbud:
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
Го обожавам многу голови паѓат со Маказа:vozbud::vozbud:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.705
оваа недела имаше Јужано-американски кфалификации за СП
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.705
УТРЕ ВО 18:00 на Еуро Спорт 2 е финалето на Европскиот Куп помеѓу Шпанија и Швајцарија..Нормално фаворити се бранителите на круната т.е. Шпанија!!

Пред тоа за 3-то место ќе играат Португалија-Унгарија

За 5-то Русија со победникот од Франција

И за 7-мо место Италија ќе се сретне со Полска

Иначе полу финалињата беа:
Швајцарија-Унгарија 6:1
Шпанија-Португалија 7:6 по 3 минутното продолжение..(6:6 по регуларно време)
---------------------------------------------------------------------------------------------


А светското првенство ќе започне на 16-ти Ноември и ќе трае до 22-ри Ноември,а ќе се игра во Дубаи


А интересно беше вчера кога Кантона удри шамар еден од стручниот штаб на Швајцарија:pos2::pos2:
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Немам Еуроспорт 2 ми ја укинаа :nerv: иначе глеав таму неколку години веќе уназад има ... даваат и многу е занимливо...:vozbud:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.705
Шпанија ја одбрани круната европски првак..Не го гледав натпреварот заради земјотресите,само видев како им го дават трофејот..Мислам дека 6:5 победи Шпанија,па Швајцарија си замина со сребро..За 3-то место Португалците очекувано ја совладаа Унгарија со 7:5,додека Русија ја совлади Франција со 6:2(не сум сигурен за резултатот) и го освои 5-тото место,а Полјаците ги победија домакините,Италија и завршија на 7-мата позиција..Изненадување на турнирот беше тоа што Италија заврши на последната 8-ма позиција,не заради тоа што беа домакини,туку заради тоа што се вицешампиони на светот(минатата год. загубија од Бразил во финалето)..

Најдобар играч на турнирот беше избран Нико од Шпанија
Најдобар голман-Нико од Швајцарија(човекот го постигнал 4-тиот гол за Швајцарија во финалето)
Најдобар стрелец-Маџер-Португалија...

Тоа е се..Летово следуваат кфалификациите за СП,а во ноември започнува СП..
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.705
Немав влезено во кладилница десетина дена, денеска одам и гледам имало СП бич сокер и тоа стигнале веќе до 1/4 финалињата. Малце мака ми е што го испуштив поголемиот дел од натпреварувањето, ептен пратев како помал. Се гледа и од линкот подоле колку сум бил попален. :D

Пошто темава е во Канта, пишувам тука. Моментално Бразил-Русија, најтрофејната репрезентација во овој спорт против Русите, кои ги освоија последните две Светски првенства. Сите 1/4 финалиња се играат денеска иначе, турнирот се игра во Португалија. Дваат на Еуроспорт 2.

Не дека има што да коментираме кој знае колку, ама арно ќе беше темата да се мавташе низ подфорумов, може има луѓе кои пратат. Ептен интересен и атрактивен спорт е. :P @Peja989 @Ilumious[DOUBLEPOST=1437053824][/DOUBLEPOST]А ако сакате може да средам и еден вовед набрзинка и да отворам нова тема. :D
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.705
Ee колку бев попален по Шпанците едно време. Омилен играч ми беше тој Амареле, кои макази ги правеше кралот.


Имаше интересни фаци кога следев, непризнатиот син на Марадона играше за Италија, Кантона беше селектор на Франција, за Швајцарците играше дечко по име Дејан Станковиќ. :D Португалците имаа еден ѕвер исто - Маџер. Појма неам дали играат уште, неам гледано добри 3 години. :D[DOUBLEPOST=1437056211][/DOUBLEPOST]Русија-Бразил 6-5, тепаа русите со гол на 9 секунди до истекот на времето. Бразил за прв пат во историјата без пласман во 1/2 финале. На 17 турнири до сеа имаат 13 титули, едно второ место, а 3 пати биле сопрени во 1/2 финалето.


За 15 минути, Португалија - Швајцарија, уште една ептен добра утакмица. :)[DOUBLEPOST=1437056835][/DOUBLEPOST]Почнуваат овие, Маџер уште игра за Португалија, а и Дејан Станковиќ игра за Швајцарија. Ќе има атракции. :vozbud:[DOUBLEPOST=1437060229][/DOUBLEPOST]толку ли никој не гледа бе? леле волејов на Маџер :drk:[DOUBLEPOST=1437061615][/DOUBLEPOST]Португалија - Швајцарија 7-3, првата 1/2 финална двојка е Русија-Португал. За 15 минути Италија-Јапан.
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Италијаните ги гледав имаат цврста екипа. Тој 9ката каков гол со макази им степа на Оман пред некој ден у пм. Иначе за Русите сум ама Португалците дека домаќини гадни се :).[DOUBLEPOST=1437064383][/DOUBLEPOST]Ооууу Италијаниве каков гол. Како ја пукна волеј мајсторот секоја чест.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.705
Денеска се играат полуфиналињата.

Италија - Тахити (18:00) и Португалија - Русија (19:30). Ќе одам на фудбал, па нема да ги гледам баш, првата третина од првото 1/2 финале и крајот на второто. Најарно ќе беше од 2 да се играа, за гледање нормално. :D Иначе играчите ќе треба да прегорат. xD
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.705
Леле гледам Италија-Тахити реприза, срамота е ова што го играле жабариве, глумење цело време, головите скоро сите од пенал/фаул ги постигнаа.. Баш ми е мило што го лапнале на пенали на крај. Другиот меч Португалија ја тепала Русија, па денеска од 18:00 за трето место Италија-Русија, па од 19:30 финалето - Португалија-Тахити.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Како италијано бев за Италија , но типично жабарски повеќе паѓаа од шо играа фудбал.Искрено сакам Тахити да освои СП, мала нација која нема никакви други успеси во сите останати спортови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom