Фудбалски вести

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Еј оф топик 2 години по ред Џош Духамел ни честита ден на независноста.

Шо е финтата со ова ? Има нешто македонско он у фамилија ? Или админот на фб страната/твитер негов е Македонец ? :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Ново потенцијално правило.
Сите шампиони во своите лиги што ќе играат во ЛШ да бидат во првиот шешир.Ова би значело дека оваа година Челзи,Арсенал,Барса,Реал Мадрид би биле во вториот шешир.

Мене ова ми изгледа ок правило како за промена.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.990
Ново потенцијално правило.
Сите шампиони во своите лиги што ќе играат во ЛШ да бидат во првиот шешир.Ова би значело дека оваа година Челзи,Арсенал,Барса,Реал Мадрид би биле во вториот шешир.

Мене ова ми изгледа ок правило како за промена.
Мене ова ми е totally shit.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Ново потенцијално правило.
Сите шампиони во своите лиги што ќе играат во ЛШ да бидат во првиот шешир.Ова би значело дека оваа година Челзи,Арсенал,Барса,Реал Мадрид би биле во вториот шешир.

Мене ова ми изгледа ок правило како за промена.
А кои се 8те лиги ?

Значо на сметка на Челзи, Арсенал, Барса... во прв шешир би биле Ајакс, Зенит, Порто...

Не ми се допаѓа ни мене ова
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
А кои се 8те лиги ?

Значо на сметка на Челзи, Арсенал, Барса... во прв шешир би биле Ајакс, Зенит, Порто...

Не ми се допаѓа ни мене ова
Ехее за ова кога дискутиравме во ПЛ темата кај бевте.. :D

Топ 8 лиги во моментов се: Шпанија, Англија, Германија, Португалија, Италија, Русија, Франција и последна Украина.

Арно ама 8мата може да испадне од игра, пошто правилото е Шампионот на Европа и Шампионите на топ 7 лигите. Е сеа ако Реал освои и ЛШ и Примера, ваљда ќе оди 8мата лига.. :)

Коа ќе видиш не е голема разликата. Бидејќи еве ќе ти дојде една од ПЛ, една од Шпанските, една од Германија, ПСЖ, една од Бенфика и Порто (кои секако се во прв шешир), Јувентус..и ќе штрчи само Рускиот Шампион.. Е сеа ако една екипа освои ЛШ и домашно првенство и влезе и Шахтјор на пример или Ајакс ако Холандија ја престигне Украина ќе биде малце поглупо.. :) Вака првиот шешир пак е составен од квалитетни екипи, само што ќе може уште во група да се сретнат Барса со Челзи, Реал со Баерн, Мачнестер (оти догодина ќе се врати :D) со Барса/Реал.. итн..

Арсенал најмногу ќе го изеде од ваквата одлука. :D А најмногу ќе добијат Јувентус, ПСЖ и шампионот на Русија. (па и Сити ако освои во Англија)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
А кои се 8те лиги ?
Германска прва, Германска втора, Германска трета, Германска 4та, Германска у21 прва, Германска у 21 втора, Германска жени прва, Германска жени втора.

Па според рејтингот ќе се види. Има мислам УЕФА и рејтинг на цели лиги или грешка сум ? Ако нема онда според рејтингот на екипите.

Кога ќе завршат квалификациите за ЛШ ќе се направи листа на сите екипи што се шампиони и 8те шампионски екипи со најголем рејтинг ќе идат у прв шешир.

Секако ја сум за ова. Ем ШАМПИОНИТЕ добиваат предност во лигата на ШАМПИОНИ, ем секако ако Зенит е од прв шешир а Барса од втор шешир е извлечена секако Зенит нема да биде фаворит за прво место. Така да не менува премногу ова а може да ни донесе возбудливи групи од типот на Челзи,Реал уште у групи.

Не се губи ништо, ја сум за ова :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Стадионот „Филип Втори“ не ги задоволува критериумите на УЕФА
Арената „Филип Втори" реално нема никакви шанси да биде домаќин на натпревари од Европското фудбалско првенство во 2020 година, ниту на кое било друго големо натпреварување, бидејќи не исполнува речиси ниту еден од стандардите на УЕФА.


Ова е болната вистина со која вчера нѐ соочи европската куќа на фудбалот во извештајот за евалуацијата на сите стадиони кандидати за организација на Евро 2020, во кој покрај стадионот, се оценети и сместувачките капацитети, патните мрежи, легалните и политички аспекти на еден таков грандиозен настан. Но, иако од УЕФА не се задоволни ниту од капацитетот на аеродромот „Александар Велики“, укажуваат и дека хотелите немаат доволен број на соби, а понудените тренинг-комплекси не ги исполнуваат основните критериуми, најмногу забелешки има арената „Филип Втори“, јавува порталот „Спортмедиа“.

УЕФА оценува дека капацитетот на стадионот (32.483) не е доволен поради тоа што една третина од седиштата не се покриени во случај на дожд. Што се однесува до пристапноста до стадионот, нема обележани и точно дефинирани паркинг-места. До УЕФА не биле пратени никакви релевантни сертификати за стадионот, ниту план за евакуација. Не е обележана локацијата на контролната соба, ако таа воопшто постои.

Што се однесува до удобноста на гледачите, стадионот нуди само ограничен број на тоалети и влезови, а не постои соба за прва помош, ниту специјализирани делови за лица со инвалидитет. Димензиите на теренот (105м х 68м) ги задоволуваат стандардите на УЕФА, а соблекувалните за играчите и просториите за официјалните лица се на самата граница според својата големина и локација.

Не се исполнети барањата за големина на ВИП трибина, ниту за големината на подтрибинскиот простор за ВИП-гостите. На стадионот нема скајбоксес (модерни ложи), а деловите за корпоративни гости се премногу мали. Поради сето ова, УЕФА оценува дека вакви објекти ќе мора да бидат изградени надвор од стадионот. Недоволна е информацијата и за техничките и телеком стандарди, како напојување, рефлектори, мегамонитори, соби за звучна контрола и за контрола на температурата.

Стадионот не ги исполнува стандардите ниту за медиумите бидејќи просторот за преноси е премногу мал, како и прес-центарот, па овие објекти според УЕФА повторно ќе мора да бидат изградени надвор од стадионот. Собата за прес-конференции, микс-зоната и просторот за фотографирање исто така се премногу мали. Внатрешното ТВ-студио и она покрај теренот не можеле да бидат оценети, бидејќи вооптшо не биле вклучени во описот на проектот.

Конечната одлука на УЕФА околу 13-те града организатори на Евро 2020 ќе биде објавена за точно седум дена (19 сптември), но со сите овие замерки, навистина е тешко за верување дека некогаш воопшто „Филип Втори“ ќе биде домаќин на нешто повеќе од квалификациски натпревари и концерти на Жељко Јоксимовиќ и на слични естрадни ѕвезди, за кои стандардите се далеку пониски, пишува Спортмедиа.


Пффф, што знае УЕФА за стадиони.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom