Форум сметководство

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Сметководство е внатрешен дел од фирма, сите документи се на Германски, така да неверувам дека ова е сектор без познавање на одличен Германски јазик. Исто и банкарство.
Во Германија тешко без германски. А ако го знаеш германскиот јазик?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во Германија тешко без германски. А ако го знаеш германскиот јазик?
Ова се специфични струки. Освен меѓународните гранки во кои е задолжителен Англиски јазик и останати јазици, сите останати струки се зависни од комуникација внатре во фирмата. А внатре во фирмата зборат само Германски.

А со Германски можеш секако да аплицираш, нема нешто за што нема работа. Е сега сметководството е специфично, потребно е познавање на Германскиот даночен систем кој секако е различен од кај нас. Али во финансиските делови на фирмата секако дека може да се работи, ако се има искуство зошто да не.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
29
Поени од реакции
4
кој се условите за полагање за овластен сметководител дали е потребно да се има работно искуство
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Здраво форумци!
Да прашам- има ли некој примерен тест по сметководство за приватна фирма?

Фала
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Здраво форумци!
Да прашам- има ли некој примерен тест по сметководство за приватна фирма?

Фала
Не верувам дека има такво нешто, ако знаеш сметководство би требало секој тест да го знаеш, или пак зависи од тоа за која позиција аплицираш. Оние што се искуство и добро CV поминуваат и без тестирање.
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Е,па не е така...Как да нема *такво нешто*.Мислим, дека тоа е нормално....да има тестирање.

Мислев тешко е да најдеш на интернет некој тест за сметководство што го даваат при интервју за работа.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Јас студирам Сметководство во Шпанија (преку Еразмус програмата) и можам да ти кажам дека се многу разликува сметководството тука од Македонија. Јас зборував со професорот и тој ми кажа дека тука се користи Францускиот Сметк. План што е многу различен со Македнскиот Контен План буквално допирна точка немаат, значи толку сме заостанати со Европа уште користиме Социјалистички Конта глупости
 
Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom