Форум сметководство

Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Здраво
Дали има интернет страница за размена на мисли од книговодители /сметковотители/?
Фала
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислиш дали има и твои колеги овде со кои можеш да разговараш околу сметководство?

Секако дека да, @beneamata ќе ти помогне околу ова.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Колку што знам нема таков форум, ниту па тема слична низ форумите :)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Се мислев дали да отворам тема, ама гледам дека сега има.

До тие што ја знаете струката во Македонија. Кажете ми дали сметководствените системи помеѓу државите во светот се многу различни? Колку може на пример еден македонец сметководител да се приспособи на системот на сметководството на Америка, Англија, Австралија ?

Освен разликата на законите, што е друго различно од нашиот систем со останатите. Верувам дека се користат истите програми како МYOB.

Ако знае некој нека постира :)
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Сакам да прашам каде можем да купим книга по македонско сметководство.
Фала

Мислиш дали има и твои колеги овде со кои можеш да разговараш околу сметководство?

Секако дека да, @beneamata ќе ти помогне околу ова.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Ако си од Скopje, во Мавровка горе на спрат имаш фотокопирница каде што можеш да ископираш се живо и диво од економски факултет, вклучително и книги со сметководствена тематика.

Доколку одиш на варијанта фотокопии, побарај ги следниве:

Основи на сметководство
Основна литература:

  1. Русевски Т., Недев Б., Божиновска З., Јаневски Љ., Миновски З., Вовед во сметководство, 2004
  2. Русевски Т., Недев Б.,,Божиновска З., Јаневски Љ., Миновски З., Основи на сметководство збирка задачи, 2007

Литература (УГД Штип)
Задолжителна литература

1. Александар Костадиновски Основи на финансиско сметководство-скрипта Економски факултет, Штип 2009
2. Александар Костадиновски Финансиско сметководство-практикум Економски факултет, Штип 2009

3. Трајко Русевски Контен план Сојуз на сметководители на Република Македонија, Скопје, 2003

Ако сакаш пак оригинал книга, обиди се со ова, можеш да си нарачаш (иако е скапа):

http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=10752
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Се мислев дали да отворам тема, ама гледам дека сега има.

До тие што ја знаете струката во Македонија. Кажете ми дали сметководствените системи помеѓу државите во светот се многу различни? Колку може на пример еден македонец сметководител да се приспособи на системот на сметководството на Америка, Англија, Австралија ?

Освен разликата на законите, што е друго различно од нашиот систем со останатите. Верувам дека се користат истите програми како МYOB.

Ако знае некој нека постира :)
Европа ги користи IFRS, додека Америка GAAP, во процес се на интеграција на ГААП со ИФРС, но се уште не се целосно колку што знам. Австралија не сум сигурен. Токму законите во некои држави ги носат разликите во сметководствените системи иако сите(повеќето) „користат“ ИФРС. Исто има разлика во контните планови. Што ти е тоо MYOB?. Накратко, нашироко неам време ниту знаење ;)

Сакам да прашам каде можем да купим книга по македонско сметководство.
Фала
Книга како факултетска или прирачник за сметководство?

3. Трајко Русевски Контен план Сојуз на сметководители на Република Македонија, Скопје, 2003
Овој контен план не е повеќе во примена.
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
40
Поени од реакции
7
Здраво! Фала много:cuc: Јас сум от Бугарија,но сум мажена во Прилеп. Сметководител сум, во Бугарија имам 17 годин работно изкуство. Сакам и овде да сум сметководител, но е тежко...Прво треба да знам македонското сметководство:)
Сакам книга како факултетска.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Европа ги користи IFRS, додека Америка GAAP, во процес се на интеграција на ГААП со ИФРС, но се уште не се целосно колку што знам. Австралија не сум сигурен. Токму законите во некои држави ги носат разликите во сметководствените системи иако сите(повеќето) „користат“ ИФРС. Исто има разлика во контните планови. Што ти е тоо MYOB?. Накратко, нашироко неам време ниту знаење ;)

Книга како факултетска или прирачник за сметководство?

Овој контен план не е повеќе во примена.
Поентата ми беше дали има некои големи сличности... По моето гледање, многу работи се исти во сметководственото работење и верувам дека човек од еден систем што работи во сметководство со дообука полесно би можел да се префрли на друг.

На тоа мислев. Пошто да не биде на пример кај нас се користи биланс на состојба а во другите системи тоа да го нема. Толкава разлика барав да не има, ама по се изгледа како што и се распрашав постојат интернационални сметководствени правила кои секоја држава мора да ги почитува. Сега законите и останати работи фала богу ќе бидат различни :)
 
Секаде имаш дебит и кредит, и секаде го имаш тој истиот сет на финансиски извештаи, +/- некое регулаторно барање. Да, ако некој е професионалец во професијата, сигурно ќе се снајде добро во било кој систем.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Што мислиш за овај сертификат http://www.accaglobal.com/gb/en.html јас сум при крај со магистерски по сметководство и ревизија и би сакал малце пракса и да одам во Германија да работа па затоа прашувам?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Што мислиш за овај сертификат http://www.accaglobal.com/gb/en.html јас сум при крај со магистерски по сметководство и ревизија и би сакал малце пракса и да одам во Германија да работа па затоа прашувам?
"That is why we require all ACCA students to complete three years’ practical experience before they can become ACCA members."
Значи најпрво ти треба 3 годишно искуство, не знам како можеш после магистерски да одиш на пракса, али не сме ние криви, таков ни е системот. Сертификатот е (освен американскиот CPA) е најпризнат во светски рамки, но не е лесно да се добие.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Знам дека е нелогично да магистрираш без пракса но ете запишав надевајќи дека и пракса ќе најдам брзо, знам дека гола вода е тука мастерот ама тоа е неможам туку така да седам. Дали знаеш некоја информација за Германија знам дека со АCCA можеш мо меѓународни фирми да работиш па и нека е некој сектор финансии банкраство што препорачуваш?
 
Немам никакви конкретни информации за надвор, со тоа што Германија не се дефицитарни со кадри во овој сектор, не знам како иде вработувањето таму, еве @leandra може да сподели мислење за можноста за вработување во германија.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Немам никакви конкретни информации за надвор, со тоа што Германија не се дефицитарни со кадри во овој сектор, не знам како иде вработувањето таму, еве @leandra може да сподели мислење за можноста за вработување во германија.
Сметководство е внатрешен дел од фирма, сите документи се на Германски, така да неверувам дека ова е сектор без познавање на одличен Германски јазик. Исто и банкарство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom