Фискална во рака - награда без мака!

Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Ставрески: Владата ќе дава стан, дуќан, автомобили за собрани фискални

Со наградна игра и подигање на јавната свест кај граѓаните Владата ќе ја зајакнува фискализацијата, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори. Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември.
- Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола, рече Ставрески.
Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, како што информира Ставрески, ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.
Со измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Ставрески истакна дека даночните обврзници, што се корисници на услугата, во моментот на издавање на услугата нема обврска да ја платата услогата, доколку не му биде издадена фисклана сметка.
- Согласно истиот Закон граѓанинот има обврска да ја чува фискалната сметка најмалку 15 метри од местото каде што се врши трансакцијата, со цел доколку УЈП изврши контрола да може да се констатира дали е или не е издадена фискалната сметка, нагласи Ставрески.
Со најавените измени на Законот за даночна постапка, спопред него, се предвидува објавување листа на должници, на доспеани и неплатени долгови по основ на данок на додадена врдност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини.
- За сите должници кои подолго од 90 дена нема да ги платат јавните давачки ќе бидат објавени јавно на листа на веб страницата на Управата за јавни приходи, каде што ќе биде објавено името и презимето на должникот или називот на фирмата и други податоци кои се однесуваат на должникот, како и вкупниот износ на долгот, појасни Ставрески.
На листата ќе се најдат физичките лица кои нема да го платат долгот повисок од 120.00 денари во предвидениот рок и правните лица со долг над 300.000 денари, кој не е платен повеќе од 90 дена. Предвидено е 15 дена пред објавување на листата секој од должниците кој не платил подолго од 90 дена да добие опомена од УЈП и можност доколку плати да не биде објавен на листата.
- Измените се цел да се намали даночната евазија, да се спречи или намали нелојаната конуренција, односно да создадеме поздрава конкуренција меѓу субјектите во стопанството и да се зголеми свеста кај сите за издавање и добивање фискални сметки, нагласи вицепремиерот и министер за финансии Ставрески.



Ајде народеее
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
И после ќе читаш во весниците: „Ограбени минувачи, одземени се вкупно 127 фискални сметки од нивните сопственици. “
 
А

Атомската мравка

Гостин
Бидејки почесто патувам со автобус гледам еден од кондуктерите на Струмица експрес покрај делот од картата што се кине си ги вадеше и фискалните, ништо чудно да имал информација за ова па намерно да ги собира.. којзнае колку има до сега :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Од сега ќе барам секој производ на посебна сметка да ми го наплатат :D
сега по 50 пати ќе одиме во продавница секој ден :D
1.zatoa trebalo da se naznaci, vazat smetki so minimalen iznost toj i toj,na primer 150 denari.
2.ne vazat smetkite od kupen alkohol i cigari.
3.uplakam loti ili sportska,ne dobivam nisto-ama zatoa od fiskalnite lapam stan ili ducan.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Бидејки почесто патувам со автобус гледам еден од кондуктерите на Струмица експрес покрај делот од картата што се кине си ги вадеше и фискалните, ништо чудно да имал информација за ова па намерно да ги собира.. којзнае колку има до сега :)
А ЈСП што не ни издаваат фискални ? Можам слободно да не им платам :D
Зошто нема анкета кој ќе го добие станот/дуќанот
Ова зависи од тоа дали станот ќе биде во Карпош или Чаир
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Ставрески: Владата ќе дава стан, дуќан, автомобили за собрани фискални

Со наградна игра и подигање на јавната свест кај граѓаните Владата ќе ја зајакнува фискализацијата, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори. Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември.

- Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола, рече Ставрески.
Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, како што информира Ставрески, ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.
Со измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Ставрески истакна дека даночните обврзници, што се корисници на услугата, во моментот на издавање на услугата нема обврска да ја платата услогата, доколку не му биде издадена фисклана сметка.
- Согласно истиот Закон граѓанинот има обврска да ја чува фискалната сметка најмалку 15 метри од местото каде што се врши трансакцијата, со цел доколку УЈП изврши контрола да може да се констатира дали е или не е издадена фискалната сметка, нагласи Ставрески.
Со најавените измени на Законот за даночна постапка, спопред него, се предвидува објавување листа на должници, на доспеани и неплатени долгови по основ на данок на додадена врдност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини.
- За сите должници кои подолго од 90 дена нема да ги платат јавните давачки ќе бидат објавени јавно на листа на веб страницата на Управата за јавни приходи, каде што ќе биде објавено името и презимето на должникот или називот на фирмата и други податоци кои се однесуваат на должникот, како и вкупниот износ на долгот, појасни Ставрески.
На листата ќе се најдат физичките лица кои нема да го платат долгот повисок од 120.00 денари во предвидениот рок и правните лица со долг над 300.000 денари, кој не е платен повеќе од 90 дена. Предвидено е 15 дена пред објавување на листата секој од должниците кој не платил подолго од 90 дена да добие опомена од УЈП и можност доколку плати да не биде објавен на листата.
- Измените се цел да се намали даночната евазија, да се спречи или намали нелојаната конуренција, односно да создадеме поздрава конкуренција меѓу субјектите во стопанството и да се зголеми свеста кај сите за издавање и добивање фискални сметки, нагласи вицепремиерот и министер за финансии Ставрески.

http://24vesti.mk/stavreski-vladata-kje-dava-stan-dukjan-avtomobili-za-sobrani-fiskalni

Ајде народеее

Значи, многу ме нервира ова лудило што ни го наметнуваат!

Не сфаќам, зошто граѓанинот треба да одработи нешто што е обврска на државата? Зашто постојат инспекциските контроли?
Сметам дека идејата со која државата ти дава дозвола да не ја платиш робата ако не ти дадат фискална сметка е длабоко ретардирана. Не ли му падна на памет на некој дека ваквото право на потрошувачот може да иницира конфликти-што всушност ни предлагаат, дека треба да водиме војна по продавниците? Дали е на било кој начин добра идејата да се "лови" потрошувачот-пази, до 15 метри од продавницата и да пие казна зашто некој нема потенцијал да си одработи или воведе ефикасни механизми на културен начин да го реши проблемот со фискализацијата?

Ај тоа, па наградниве игри што изгледаат како од некој лош СФ филм од некоја далечна иднина, кај што стотици гладни играат игрици за да добијат некаков статус на живи луѓе...За наши услови, поише ќе одговараше ако главна награда беше бел леб, млеко, кисело млеко и јогурт, печеница, пршут, вреќа брашно, цистерна чиста вода за пиење... а да, со додаток на достоинство, самопочит, чувство дека животот не се врти околу задоволување на основните потреби и промена на свеста дека за да поседуваш било што, тоа не треба да ти падне на наградна игра...

Башка, баш интересно ќе изгледа столбот на срамот-што е пак толку страшно ако ти објават име презиме место каде живееш на некаков список-не дека ќе ти сечат рака нога, не дека ќе ти мавнат жиг на сред чело или дека ќе те слечат гол пред да ти ја сечат главата-шо би ни сметало јавното изложување заради непослушност, коа сите знаеме дека мора да се умре-тоа, и да се плати данок...:place:

Треба да се радуваме на овие "мерки" уствари???:facepalm:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Не знам што ми текна пред некое време да ги собирам сите фискални сметки, сега имам цело купче. Најверојатно да видам каде ги трошам парите и да ги минимизирам непотребните трошоци сега со оваа мерка на владата на Р.Македонија убивам две муви со еден удар. :pos::pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom