Феноменот: Раскинување на долга врска, веднаш започнување на нова врска и веднаш брак

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Хаха за ова си потполно во право, кога тогаш ќе падне прашањето за брак, а со тоа и ултиматумот. Една другарка имаше сличен случај. Беше во врска некаде 5-6 години, речиси секој момент очекуваше дека ќе ја побара за жена, зошто веќе неколку пати му беше напоменала дека сака да стапат во брак. Ама дечкото и прифати некоја работа на страна и бракот и се одложи. За тоа време таа си најде нов дечко, според неа и многу подобра прилика и за брзо време се венчаа. Еднаш неколку другарки седнавме на кафе, беше и таа и така како што се вика уз муабет една друга другарка и рече зошто го остави ма, како се одлучи така одеднаш да влеташ во нова врска, па и брак, а оваа изреволтирана почна како навиена да зборува " што ма, до кога да го чекам, до кога, ма фала му на господа името да му се слави што ми ги отвори очите, па не можам цел живот да го чекам, до кога да чекам... (тука малку замолче за потоа како од топ да испука), до кога да го чекам, до кога.. па наредната година е престапна година, јас во престапна не сакам да се мажам и до кога да го чекам...јас веќе тука се зајдев од смеење, понатаму не ја ни слушнав што кажа :ROFLMAO:
Па како да не се зајдиш од смеење ,не можам да се соберам веќе 5 мин. од ко го прочитав ова :vozbud:!
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Што се тиче првото прашање, нажалост и на сопствена односно нивна штета одгворот е да. Не мислам на вага воопшто, мислам општо по моментални трендови. Нормално никоја на такво дирекно прашање нема да ти го одговори со да, ќе се излаже и сама и тебе јес да ако ја ставиш на полиграф нема да падне на тестот, дека има незнам ти каква не поврзаност меѓу нив, дека го сака, и он неа, дека толку се блиски, дека нема ништо повеќе на светот не би сакале од тоа итн итн, дрн дрн јариња... Сами во себе бараат justification за потегот што се решени да го направат, сами се убедуваат во други работи само да не си се соочат со вистината дека ете од пусти страв да не завршам како фрик со 14 мачки и 10 кучиња го правам тоа а не ради друга причина.
Тоа се нарекува страв од самотија.
Знам дека неколку пати сум пишала по други теми, ама и тука ми се уклапа тезата дека подобро е човек да биде сам а среќен, отколку со некого а несреќен. Баталете ги другите околу вас коа зборат како сте сами, коа ве сожалуваат поради тоа, запрашајте се дали сте вие среќни. Затоа што луѓето често пати знаат како да го живеат животот на другите, ама не знаат да го живеат својот. И не им завидувајте на другите што имаат кого да водат покрај себе, не секој пар што ќе го видите е среќен....и тие подпаднале под влијание на комшиските муабети околу самотијата, па влечат се покрај нив.
--- надополнето: Sep 20, 2011 2:20 PM ---
Па затоа и сеуште не сум во врска и неможам некој да натерам на сила да ме земе ама нема да дозволам да мине толкав период за на некој да му текне дали ме сака за жена или не и после да си фати друга и да ме изневери. Ја знаеш таа како ја викаат ако се изгореш на млекото ќе дуваш и на матеницата и доколку сум во врска со некој кој не ми одговара ќе ја раскинам врската нема да чекам долг период за да проценам дали ми одговара или не. И да секако има милиони примери и секој е различен.
Да им паѓаа маските на сите кретени и курви така брзо, светот ќе беше розев...а не сив.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Зошто за се' се жените криви па и за ова? Познавам многу мажи кои по раскинување на долга врска, влегле во нова и после 2-3 месеца стапиле во брак, а нивната екс девојка немала ни д од дечко, а не па брак.
Иначе и мене овој феномен ми е крајно несфатлив. Додуша јас неможам ни да ги разберам особите кои одма после прекин на врска влагаат у нова врска, пошо ги учеле дека клин со клин се вади- драпај си таквото, ама па ова ми е ептен бљак. Како може некој со кој до вчера сте кроеле планови за иднина, имало чувства, емоции, сте граделе врска на некои си за вас цврсти темели, денес поради некоја си причина одма да го замените за нов, толку да цвета љубовта и по 2 месеци врска да му кажете да? :tapp:
Не ми е јасно, зошто некои личности се толку безобразни, лицемерни и себични (у стил ниту ја јадам коската, ниту давам некој друг да ја јаде) кога ќе забележат дека љубовта веќе избледува, зашо сеуште го малтретираат партнерот да остане со нив?
Па кажи бе говедо едно, не чувствуваш ништо кон партнерот, си се оладил, кажи му човечки. А не оп-троп, ја ојдов за друг/а :pipi:
Не можам да ги сфатам оние кои рипаат одма у нова врска, а и прашање е колку таа врска не траела додека биле во врска со партнерот на кого му раскинуваат. Е, од такви ми се повраќа.
Искрен да бидам и јас ова прашање секој ден си го поставувам и никако да најдам одговор на тоа, а и не ми се јасни ваквите луѓе кои до вчера ти изразувале најголема љубов, за наеднаш се да се смени и со тебе да се понаша ко со познаник со кој едвај сте сврзале два муабета.
Ми ту.Ама е лицемерие и продавање пуфки ,а е се почесто.И после довербата спрема сите е на 0,12 % !
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.735
Поени од реакции
18.294
Тоа се нарекува страв од самотија.
Знам дека неколку пати сум пишала по други теми, ама и тука ми се уклапа тезата дека подобро е човек да биде сам а среќен, отколку со некого а несреќен. Баталете ги другите околу вас коа зборат како сте сами, коа ве сожалуваат поради тоа, запрашајте се дали сте вие среќни. Затоа што луѓето често пати знаат како да го живеат животот на другите, ама не знаат да го живеат својот. И не им завидувајте на другите што имаат кого да водат покрај себе, не секој пар што ќе го видите е среќен....и тие подпаднале под влијание на комшиските муабети околу самотијата, па влечат се покрај нив.
--- надополнето: Sep 20, 2011 2:20 PM ---

Да им паѓаа маските на сите кретени и курви така брзо, светот ќе беше розев...а не сив.
Повистинит пост на форумов до сега немам прочитано
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Тоа се нарекува страв од самотија.
Знам дека неколку пати сум пишала по други теми, ама и тука ми се уклапа тезата дека подобро е човек да биде сам а среќен, отколку со некого а несреќен. Баталете ги другите околу вас коа зборат како сте сами, коа ве сожалуваат поради тоа, запрашајте се дали сте вие среќни. Затоа што луѓето често пати знаат како да го живеат животот на другите, ама не знаат да го живеат својот. И не им завидувајте на другите што имаат кого да водат покрај себе, не секој пар што ќе го видите е среќен....и тие подпаднале под влијание на комшиските муабети околу самотијата, па влечат се покрај нив.
--- надополнето: Sep 20, 2011 2:20 PM ---
Јас сум личен пример за ова. Баш откога заврши врската еве има период од пола година и повеќе се запознавам себеси и имам различни цели пред мене како некоја подобра работа одење некаде во некој град на некое место и нешто слично. Е сега што не роднини не пријатели ми викаат да сум си фатила дечко и ме отекоа од тоа секој ден да ми го зборат тоа е веќе друго и баш напротив сега не сакам да влетувам во врска. И да треба да се има средина ни премногу рано ни премногу доцна.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
А феномен смена а :icon_lol:?
Двајца другари нон стоп заедно и првиот му ја зема на другиот женската за жена, по шест месеци откачените двајца се венчаваат меѓу себе :icon_lol:.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Од искуство кажувам дека по раскин на долга врска има голема емотивна празнина, да не се правиме мутави домашен миленик да исчезне по неколку години ќе паднеш емотивно, не пак со некој со кого делиш емоции секој ден.

Што се случува од дневникот

1 недела - Рајат, рајат,шуќур и јас да бидам еднаш, вака се може до 101 и назад, Јихаааа

2. недела- Веќе си заборавил кој од другарите-ките се сингл, и се јавуваш на телефон за да провериш дали има некој дома и е расположен за пијачка.

3. недела - Неколкуте сингл пријатели(ки) на кој мислиш да им се пушташ те прашуваат каде ти е момчето/то со кое се влечкаш со години, имаат некој од страна и не се расположени за флертување. Почнува да ти фали сексот и почнуваш да флертуваш со се што е достапно во моментот. Твоите способности за тоа се намалени од претходното затупување во врската.

4. недела - Имаш настинка и си лошо расположен-а, единствен кој се јавува на телефон да праша зошто те нема е мајка ти.

5. недела - Почнуваш да очајуваш, не излегуваш ниту со другарите-ките зошто ти е дегутантно да ги слушаш истите муабети, и да одговараш на истите прашања од пријателите-ки.

6. недела- Конечно договараш состанок со некого-ја , се договарате за втор состанок и веќе почнувате да се слушате на дневна база.

7. недела - Одново се влегува во рутина, слушање на телефон како поминал денот, секс, малку кавга и пак секс.

8. недела - Тешко е да се најде добар партнер на денешницава, мислам дека таа-тој е вистинскиот-та. Мислаш што е поентата да се чека кога веќе двајцата сме здрели личности,јас ќе зборнам со тате да крени кредит од банка за свада и веридба, плус нека викни и молер да се вароса.

9. недела - Там там тарам, там там тарам. там там тарам там там там там тарам.

10. недела - Не знаев дека си ваков-а
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
ти би основал фамилија со некоја што ја знаеш 2 месеци ? јас не :unsure:
Се сложувам со тебе! Тоа и јас сакав да и го кажам ама видов дека е залудно да и објаснувам и се откажав. Поздрав :)
 
A

Auditore

Гостин
Интересен феномен во секој случај, но она што сакам да го кажам е дека ако си во долга врска и веќе се знаете со партнерот како дишите се подразбира дека комуницирате отворено меѓусебе и зборувате за насоката во која се движи вашата врска.
Да бидам појасен, клучен фактор во долга врска е комуникацијата, ако партнерите искрено разговараат за своите чувства и мислења за нивната врска и заедно ги решаваат проблемите/двоумењата не би требало да биде присутен овој феномен.
Врските какви биле порано и какви се сега неможат и не смеат да се споредуваат затоа што живееме во различни времиња и моралните вредности се различни па така и условите и средината во која една врска се гради се различни и затоа се појавуваат овакви феномени.
Со овој феномен се дава одговор на прашањето зошто денес разводите истотака се многу почести.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Феномен ама успешен. Прашајте ги родителите, од нивно побоато искуство не само со бракови туку и успешност на бракови. Браковите кои потекнуваат од релативно пократки врски се поуспешни од браковите кои потекнуваат од догли врски. Барем такво мислење надвладува.

Како и да е, влегување во врска одма после раскинување е само обид да се пополни празнината оставена после поранешниот партнер и победа над стравот да се биде сам.
Генерално, нема правила. Но во една врска мора да има одреден природен тек на работите. Ако се се изгустира наеднаш врската по кратко време ќе прекине. Но и премногу долгата врска станува монотона.

Размислете, ако врската не се негува и ако не се вметнуваат новини без оглед колку е голема страста и љубота, врската ќе заврши.
Мора да има некој тек, запознавање, па прв заеднички одмор, прво она прво ова, па потоа можеби заедничко живеење брак и дете. Горе долу тоа е тоа. Се задржи ли врската без некои подрастични измени подолго време осудена е на пропаст. После дете, веќе работите добиваат друга смисла, парот е поврзан на едно сосема поинакво ниво.

2-3 месеци е премногу краток период и брак после толку кратко време за мене е налудничава идеја. Но деинитивно ако најдам некоја којашто ќе ми одговара нема да чекам 4-5-6 години за да одлучам со неа да ќивеам или да влезам во брак. Предолго време е!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Никој жив неможе да ме убеди дека после долга врска запознаваш нов во рок од две недели и започнуваш нова. Тоа може само и само ако едниот во врската одржувал било каква релација со особата Ц. Значи излегуваш од 5/6/8 годишна врска и за две недели имаш нов дечко/девојка, ма дај кого ти правиш луд.

--- надополнето: Sep 20, 2011 5:52 PM ---
Требат ориз.
Будала бе:pos::pos::pos:
 
Последно уредено:
К

Кики.

Гостин
Јас сум личен пример за ова. Баш откога заврши врската еве има период од пола година и повеќе се запознавам себеси и имам различни цели пред мене како некоја подобра работа одење некаде во некој град на некое место и нешто слично. Е сега што не роднини не пријатели ми викаат да сум си фатила дечко и ме отекоа од тоа секој ден да ми го зборат тоа е веќе друго и баш напротив сега не сакам да влетувам во врска. И да треба да се има средина ни премногу рано ни премногу доцна.
И јас сум ист случај, само што мојата врска заврши пред скоро 2 години и се уште ми е убаво што сум сама. И покрај замарањето од страна на разни луѓе за да си фатам дечко можам да им одговорам дека ке најдам некој, тогаш кога ЈАС ке бидам СПРЕМНА, а не тогаш кога тие ке ми кажат.
На темава - не можам да сфатам што е со феноменот, ама на многумина им успева. А има и такви кои после одредено време од таквиот брак, сфакаат дека направиле погрешен избор.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Никој жив неможе да ме убеди дека после долга врска запознаваш нов во рок од две недели и започнуваш нова.
Велат дека ништо толку брзо не се суши како женските солзи. Јас имав врска од пет години, која заврши ужасно. Емотивен, финансиски и морален колапс. По еден месец, девојката отиде во Охрид на одмор, се запозна со некого, и се мажи за неполни 4 месеци од прекинот на врската. По неколку години се разведе. Пред 2 години ми се јави, и излеговме да се видиме.

Беше лошо, си псуев мајката што се сложив на средбата. Како апсолутно ништо да не се случило во тие неколку години од кога не се гледавме, останавме со нашите последни сеќавања на крахот...

Бљах...
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Никој жив неможе да ме убеди дека после долга врска запознаваш нов во рок од две недели и започнуваш нова. Тоа може само и само ако едниот во врската одржувал било каква релација со особата Ц. Значи излегуваш од 5/6/8 годишна врска и за две недели имаш нов дечко/девојка, ма дај кого ти правиш луд.

--- надополнето: Sep 20, 2011 5:52 PM ---

Будала бе:pos::pos::pos:
Напротив Леандра, може да се започне врска многу лесно, но само оној кој не се познава себеси и кој се залажува дека типката му се свиѓа и како имаат заеднички карактеристики а уствари не може кај себе да го идентификува стравот да биде сам и потребата да пополни празнина. Месец, макс два ќе се залажува додека еден ден бумммммм...не сфати колку е часот.

Сепак моето лично искуство е само потврда дека во љубовта нема правила. Имено, пред 3 години раскинав 5 годишна врска, која можеби и долго пред раскинувањето беше завршена, класична средношколска љубов. И така во следниот период јас се впуштив во класичните облици на преболување- пијанчење со другари, лабави односи со девојки итн итн. Не сакав ни да чујам за врска, убаво ми беше сам и бев решен како сингл да постигнам среќа и самиот себе да си бидам доволен за тоа.
Околу 6 месеци после раскинувањето запознавам девојка со која не се гледам во врска ни најмалку. Почнуваме лабаво но не чисто физички( никогаш не ни сакам чисто физички однос за воља на вистина). После 2-3 недели лабаво гледање, седам со дотичната девојка кај неа дома и едноставно кликна. Ја загледав и моментот како да се замрзна, се ми се успори и тогаш уствари укапирав дека имам емоции за девојката и дек сакам нешто повеќе. Моментот го памтам како вчера да се случил. И после од таа лабава врска се изроди прекрасна две годишна врска( која во меѓувреме заврши). Фактот дека скоро имав раскинато долга врска воопшто неми пречеше, едноставно спонтано и спротивно на моја волја се случи.
Во контекст на темата не завршивме со брак но сепак не треба да се игнорира дека животот понекогаш има чудни патишта, токму во тоа лежи и неговата убавина:)
 
Последно уредено од модератор:

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Welcome at the club... Да си отвориме една група а? Така мислам ќе да е најпаметно :)

Мислам дека познавав едно време една личност... Врска од 5 години, заврши. Феноменот, битно го има, прекинување на секакви контакти + дотичната се мажи за нецел месец. За по 6-7 месеци да се јави и да речи пу пу неважи, сакам назад.

Уште неможам да ја комплетирам сликата за личноста, пошто најверојатно ми фалат многу делови за кои што нити имам желба, нити имам интерес да ги барам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom