Утрешната пресметка против Чеховски Медведи, што да очекуваме?
Јас, реално, очекувам пораз на ова гостување..фаворитската улога апсолутно ја имаат домаќиниве,а и со оглед дека играме катастрофално на гостински терен, ништо чудно и да го избришат подот со нас.
Иако имаме материјал во оваа екипа за посериозни резултати, Лино сепак им дава некои екстремно тешки задачи на играчите, бековите ги ротира криминално, ги става на позиции каде што прв пат играат, а средбите исклучително не се за вакви експерименти.. мада ова не се експерименти.. ова е удирање глава во ѕид, апсолутно лудило од страна на Червар.
После овој дебакл со Татран, треба да има во предвид Чиката дека во никој случај не смее да става бек на лево крило, пушти го Палевски.. ќе си ги обработи минутиве колку толку детево..
Драгаш во напад, а Фитило го игра строго во одбраната.. со кој разум стварно незнам.
Кога поставата му носи резултат, тој несфатливо ги повлекува клучните играчи кој допринеле за резултатот, дебил..
И баш да видиме, ако сме во некоја резултатска игра, ако вообичаено следува тој неверојатен пад, како ќе реагира Чиката?
Ги опишав грешките од претходните натпревари, посебно ова криминално водење на утакмицата против Татран.. после овој дебакл, не се големи очекувањата на гостински терен, не верувам дека ќе смени нешто по драстично во тимот.
Ќе видиме како ќе се одвива натпреварот утре.