Фан клуб - РК Металург

Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Утре отвараме во ЛШ против добро познатиот противник, шампионот на Норвешка, Елверум.
Што да очекуваме од утрешниот натпревар?
Балканско-Скандинавски дуел, според прикажаната игра досега на Металург, според мене сме како благи фаворити во овој дуел.
Кога на еден Вардар му париравме во текот на целата средба, а Вардар и Елверум се далеку за споредба.. мислам дека ако ги повториме игрите во Сеха, може да ги добиеме Скандинавците.
Лани бевме во иста група со нив, дома ги плеснавме... со само еден Божовиќ, а во гости подот го избришаа со нас.. но за разлика од лани, имаме по компактен и по добар тим.
Лани се беше сведено на Божовиќ... сега имаме поширок избор на бековската линија, добро е што проработи и Талески, поголема воиграност на играчите, одлични крила, одличен голман.. реално, можеме да очекуваме солидни резултати во ЛШ, барем на домашен терен.
Им го нема левиот бек Лука Митровиќ, овој лани ни ствараше најсериозни проблеми, а и им беше играч број еден, замената во него ја најдоа кај Тине Поклар, играч од Словенија.. појма неам со какви квалитети располага. :D
Крилата им се незгодни.. овој Линдбое, а го имаат на располагање и екс-крилото на Веспрем, Тамаш Иваншик.. кој со неговото искуство сигурно ќе им биде од голема корист.
Десен бек пак им е на располагање Данецот Вестергард, добар шутер е, ама може да се изгуби во нашата одбрана ако биде на потребното ниво.
Пикерите баш и не им се најсјајни, овој суртукот Боресен ми е ептен тромав некако, друг подобар незнам дали имаат?
Реално ова е натпревар кој мора да се добие, играме дома против најлесниот противник во групата, и мора да се искористи оваа шанса да се обели образот. :D
Се надевам Червар добро ги подготвил играчите за утре, и се надевам дека ќе се оствари позитивен исход од оваа средба.
 
Член од
12 јуни 2016
Мислења
402
Поени од реакции
82
Lele ovoj Pesevski glup cel gol promasi:facepalm:
Golmanceto dobro, Taleski isto dobar.
Ama krilata ic ne gi koristat.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Дарко Арсиќ :uzi::uzi::uzi::cuc:
Тврдо прво полувреме, водиме 8:7.. ептен малку голови..
Одбраната ни е одлична, Арсиќ ГОЛМАНИШТЕ... браво мајсторе!
Во нападот Талески одличен кој збрца 6 гола, се друго е некако слабо, крилата воопшто не се користат, на пикер Пешевски немам коментар...
Ајде и нападот да профункционира на потребното ниво може да ги брцнеме Скандинавците во вториот дел!
 
P

PewDiePie

Гостин
Од овој Велковски никад нема да биде играч,НИКАД.

Иди запиши факултет дете не е ракомет за тебе,сакат си у рацете.


Од друга страна Талески,роден шампион,ќе го надмине Кире детево ако продолжи вака,браво.
 
Член од
16 ноември 2014
Мислења
241
Поени од реакции
251
Од овој Велковски никад нема да биде играч,НИКАД.

Иди запиши факултет дете не е ракомет за тебе,сакат си у рацете.


Од друга страна Талески,роден шампион,ќе го надмине Кире детево ако продолжи вака,браво.
А што мислиш како играше Талески пред година, две? Види го сега, 13 гола и решава утакмица. Преголем хејт се ствараше за него на порталиве и форумиве општо, ама ево се разработа детето. Треба време и квалитетни натпревари.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Добро е, каква таква.. победа си е победа.
Прилично здодевен натпревар со многу грешки, и голема неизвесност до самиот крај.
Дуото Талески и Арсиќ ја решија утакмицата, каква партија одиграа овие двајца... како Станиќ и Вугринец на времето.. :D
Арсиќ е голманиште нема што, колку зицери им искина... тој не оставаше во игра при секоја грешка во нападот, сеуште не ми се верува какви топки им фати.. десните крила како отпишани им беа, и во ситуации 1 на 1 го промашуваа цел гол :pos:
Одма се гледа разликата кога се има одличен голман на голот :bravobe:.
ТАЛЕСКИ... Браво мајсторе, 13 голови... каква партија изигра, и на крајот ја реши со постигнатиот гол во последните секунди, заслужија тој и Арсиќ да се радуваат на победа денеска..:cuc:
Тие двајца беа носители на овој триумф..
Другото беше некако бледо, одбраната беше солидна во првото полувреме, во вториот дел сосема беше поинаку..
Нападот очаен, симултанка играше Талески, се друго беше некако отсечено.. ниту акции за крила, ниту спуштени топки за пикер, бековите исто така очајни..
Добро е што се радувавме на победа.
Очекувам оваа победа да биде импулс за подобри партии понатаму.
Аирлија нека е. :D
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.899
Поени од реакции
1.732
Добро е, каква таква.. победа си е победа.

Арсиќ е голманиште нема што, колку зицери им искина... тој не оставаше во игра при секоја грешка во нападот, сеуште не ми се верува какви топки им фати.. десните крила како отпишани им беа, и во ситуации 1 на 1 го промашуваа цел гол :pos:
:D
Колку одбрани имаше Арсиќ?
 
P

PewDiePie

Гостин
А што мислиш како играше Талески пред година, две? Види го сега, 13 гола и решава утакмица. Преголем хејт се ствараше за него на порталиве и форумиве општо, ама ево се разработа детето. Треба време и квалитетни натпревари.
Солидно играше,уште тогаш важеше за талент,Велковски нема никаква координација во движењата,мува без глава,трга незнае ни тој накај трга,лоши пасови едно 3-4 акции усра сам,шутот млак ко говорите на Лино.
Лино кој ништо чудно на полусезона да си отиде ако му се пружи шанса,после 15 неславни изјави во кои не омаловажува нас како народ,репрезентацијата и практично неговиот тим,мислам дека веќе нема што да бара во Македонија,прикриено гомно од човек,тактичар,куропушач.....

Патем Нелоски и посебно Кузмановски ако не сакаат да станат Веле и Јоне 2 мораат под итно да бегаат од оваа средина,тоест нека изиграат во напад годинава бар во СЕХА колку можат и после магла,зошто Талески ги шие моментално сите,па и Драгаш кој после промашениот пенал скроз се изгуби.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619


Одлично изгледа кога Македонец е најдобар стрелец во елитното натпреварување ЛШ по првото коло.. :D
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Губиме од Нексе на полувреме (10-11) , одсекогаш ни биле тврд орев овие... пеколно тешко ќе биде да се дојде до победа.
Одбраната солидна, им спречивме акции, Арсиќ одбрани колку што можеше..
Ама нападот ни е голем проблем во првиот дел, Талески исцеден како лимон е од оваа утакмица со Елверум, многу тешко да ја повтори партијата барем 50%.
А не гледам кој друг би бил по расположен..
Добија шанса Нелоски, Дрогришки.. ама слабо засега..
Ајде се надевам на позитивен исход од оваа средба, ќе биде голем плус за самодоверба против Татран во сабота.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Штета испушти победа Металург иако имаше еден разлика во последната минута а и напад за победа. Во секој случај со оглед дека на средина на второто полувреме губеа и 6 разлика и реми е добар исход.

Позитивно:
Што е право сите млади играчи добија солидна шанса. Некои ја искористија, некои грешеа, но тоа е донекаде нормално и за очекување. Битно редовно да добиваат шанса. Најдобри играчи Велковски и Марчец денес. Велковски како тргнало му ја зема минутажата на Брајовиќ. И тоа како го надигрува. Даде неколу гола а изнуди и еден куп пенали. Се вратија од големата негатива главно со нашата младинска постава пред се на бековските позиции (Томовски/Талески(Драгаш)/Кузмановски/Велковски/Костески/Петров/Марчец(Палевски)

Негативно:
Одбраната во транзиција не беше на ниво. Имаше премногу дупки при тие полуконтри. Доста и се грешеше но главно грешеа оние млади играчи кои треба да добиваат на искуство така што и немам преголема замерка за тоа, така се учи. Доста слабо одигра и Младеновиќ. Некако почна да се губи последниве натпревари. Ќе видиме дали е привремено или му ја прочитаа играта.

Листата на стрелци по малку и залажува. Драгаш даде 8 гола но дури 5 од пенал, а во напад горе долу играше само последните 7-8 минути, плус уште некој напад во прво полувреме.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Нексе одсекогаш важел за голем проблем на Металург, нерешено беше најреална слика од оваа средба.
Добро е што секој од младите си има свој ден, претходно Талески.. сега помеѓу клучните носители за враќањето во резултатска игра беше Велковски, имаше најголем придонес од него во оваа средба.
Има многу ракометно во Велковски, едино може да го заебе висината да не стане солиден играч, ама со тек на време ме демантира во овој смисол, игра се подобро.
Полека се вади материјал кој може да биде печен за репката уште на ова првенство..
Мојсо/Талеси.
Миркуловски/Кузмановски
Митков/Велковски.
Добро е што и тројцата можат да играат во два правци, на тоа обраќа внимание Червар.
Кад се игра добра одбрана онда се добије текма, кужиш ? :pos:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
http://www.rkmetalurg.mk/ns-newsarticle-fotogalerija-od-zaminuvaneto-na-metalurg-vo-presov.nspx
Тимот заминал за Прешов, колку што видов на сликите отсутен е Марчец, а таму се Матијашиќ и Палевски.
Најверојатно се работи за посериозна повреда во дуелот со Нексе на Марчец, стварно штета ако го оддалечи повеќе време од терените.
Но еве шанса за Палевски, да видиме како ќе ги искористи овие драгоцени минути во ЛШ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom