Фан клуб - РК Металург

Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Солидна игра во првиот дел на Металург против Стеауа.. ама ова снимката на МРТ како со тостер да снимаат, кој професионализам човече.. :D
Заминавме со предност 14-9 , Талески најефикасен со 5 гола, одличен е и овој Брајовиќ кој збрца 4, се гледа дека се има добро работено со ова дете.. можда ќе испадне нешто.
Солиден и овој новиот голман Арсиќ, имаше добри одбрани.
Марчец се гледа дека има капацитет за солидно крило.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во вториот дел.[DOUBLEPOST=1471470172][/DOUBLEPOST]Победа против Стеауа 27-21. :D
 
Последно уредено:
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.804
Поени од реакции
8.949
А Палевски и Томовски зашто се пратени дома? Читав за непрофесионалност и незалагање на тренинзи. Ебати спортистите.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Металург - Стеауа 27:21 (14:9)

Металург: Дупјачанец, Арсиќ, Петров 2, Костески 1, Обрадовиќ 2, Матијашиќ, Кузмановски 2, Печенковски, Нелоски 3, Крстевски, Талески 7, Велковски, Брајовиќ 6, Пешевски 3, Марчец 1 и Димитриевски.

Талески избран за најдодбар играч.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
http://www.rkmetalurg.mk/ns-newsarticle-metalurg-ima-nov-kapiten.nspx

Филип Талески нов капитен на Металург. :)

Инаку вечерва играме против идните вице-шампиони на мкд , Работник. :pos:[DOUBLEPOST=1471557954][/DOUBLEPOST]Не изнамачија овие, конечен резултат (21:19).
Ни водеа во текот на целото прво полувреме и дури на крај со последниот напад заминавме со водство кога ја лупна Пешевски.
Вториот дел исто така рамноправни ни беа во поголемиот дел, не се баш за потценување, ништо чудно да бележат и одлични резултати во лигата.
За разлика од вчера, мислев дека денес многу полесно ќе се справиме но не излезе така.
Чурлевски им беше добар.. Пецакот исто, Злате :pos:
Кај нас Талески и Марчец постигнаа по 5...
Но имаше лош пад Талески, па Пешо го извади од теренот, очекувам детали од неговата повреда.. дај боже да не е ништо сериозно, не му фали ова.. баш сега кога влезе во добра форма.
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Член од
16 ноември 2014
Мислења
241
Поени од реакции
251
хахахахахахахахахаххахахахаха
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Каква лоша игра во финалето против Шартр, колку очајно се справуваме со Француски второлигаш..
Каква одбрана ни играат, пикериве ни се очобол, се губат помеѓу секоја добра одбрана, како воопшто да не постојат, незнам што чека Червар? доказ дека воопшто не го боли к*р стариот... дали победил дали изгубил, исто му се фаќа.
Лани се влечевме со овие лоши пикери бидејќи го имавме Божо, не му беше проблем да ја упали и кога беше добро чуван.
Среден бек исто.. неможеш од леви бекови да правиш средни, овие незнаат основни предиспозиции за лев бек.. па уште ги форсира на среден. Печенко? жими таквото, права комедија од играч, незнам зошто воопшто беше донесен?
Комедии со овој ростер..[DOUBLEPOST=1471739640][/DOUBLEPOST]Го загубивме финалето со Шартр на пенали, вториот дел некако по сериозно влегоа, Талески и Фитило маршираа, добар беше и Велковски.. тоа беше тројката во нападот што се вративме од оваа висока негатива и изборивме нерешен резултат, секоја чест како е напреднат Талески, и доказ дека Фитило треба да се игра во напад, ако не планираат да носат среден бек, нека му го доделат местото на Фитило.. има муда детево, не се плаши од дуел игра, влегува доста агресивно.. засилувањата ми делуваат целосно промашени, апсолутно никаква корист од нив.. целиот товар беше на Талески и Фитило.
Велковски со оваа висина делува подобро од овој Брајовиќ, но не ме чуди, да беше добар ќе си останеше во Марибор.
Ако не се донеси пикер ќе бидеме комедии , и ЛШ и Сеха..
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Послаб Металург од овај оваа сезона никогаш не бил(од новото сметање на ракометното време во :oeoeoe:,сезона 2005/6):pos:
Со ова состав во ЛШ:shook:,па и во СЕХА..
Освен неколку души,се друго е класа на македонска лига,а сигурно се платени солено,не ми се верува испод 3,4 К да има странец во Металург.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Јасно е дека сите македонци од поширок список на репрезентација сакаше Червар да си ги земи во Металург, ама ништо чудно некои од нив уште на полусезона да си ги спакуваат куферите. Гледајќи го Металург на струшкиов турнир, јасно е дека нема што да бара Печенковски во оваа екипа. Под голем знак прашалник е и Димитриевски. А ништо чудно со оглед на можната суспензија и Дрогришки да не види корист од овој трансфер.

Реално единствена причина за поразот во финалето е што Печенковски и Димитриевски играа на среден првите 20тина минути и Шартр направи набрзина 5-6 разлика.

Останува тотално нејасен и трансферот на Обрадовиќ. Несфатливо е зошто би се носел играч кој е објективно во најдобар случај исто квалитетен како Кузмановски и Нелоски а многу веројатно и послаб. Поарен е од Печенковски и Димитриевски на среден, но тоа и не значи многу....

По 3 натпревари веќе е јасно дека со оглед дека се нема квалитетен класичен среден бек, најдобра опција за во напад на лев и среден бек се комбинации на нашите 3 најталентирани леви бека (Талески, Кузмановски и Нелоски). Талески е во одлична форма (втор стрелец на ЕП за јуниори, прв стрелец на турнирот во Струга) и конечно почнува да се гледа дека повремените блесоци од минатото почнуваат да се спојуваат со искуство и Талески почнува да личи на доста сериозен играч. Нелоски полека но сигурно влегува во форма по повредите. Талентот е неспорен. Кузмановски доста назадуваше пролетта во напад, но еве во финалето на струшкиот турнир одигра одлично. Да се надеваме ова ќе му ја крени самодовербата и дека ќе продолжи вака, особено со оглед дека од сите овие тој има најмногу шанси да игра квалитетно и на среден бек.

Марчец ништо посебно на лево крило. Сличен играч на Палевски. Како и да е како за крила мислам ќе бркаат работа.

На десно Костески стандарден. Брка работа.

Пикерите и натаму најслаба карика во екипата. Имаат градба, но се недоволно квалитетни во самиот прием на топка и уште послаби во шут при паѓање. Ништо чудно до крајот на сезоната кадетот Арсеновски да ги надмине (сега не е на турнирот игра на Б ЕП за кадети во Бугарија).

Арсиќ голманот е подобар од оној лани кој го донесоа и избркаа уште на полусезона, но ми изгледа на голман од сличен ранг на Дупјачанец.

На десен Брајовиќ мислам дека ќе се покажи како најдобро засилување од сите странци. Не е којзнае што ама брка работа. Со оглед дека десен бек е општо дефицитарна позиција, ми се чини дека Брајовиќ-Велковски дуото е задоволително (иако е далеку зад Божовиќ-Бувиниќ од минатата сезона)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
Не знам зошто, кога веќе се решија да прават екипа на база на младите играчи, на среден бек не го префрлат Димитриоски од Јуниор. Лани се растури од голови давање, беше еден од најдобри стрелци во лига, на Вардар му даде 11 гола, што не му успеало на ниту еден друг играч од наша лига, а и сега на кадетското првенство е убедливо најдобар наш играч. И во таква ситуација они се решаваат да го носат Печенковски, а детево го оставаат да стангира во Јуниор, во средина во која лани докажа дека е супериорен.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368

А,знаеш дека игра лево крило кај нас на кадетското првентсво ? :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
А,знаеш дека игра лево крило кај нас на кадетското првентсво ? :)
Ги следеше утакмиците? Јас од она што го видов, а еве и во моментов играат со Фарски Острови, он си игра централен бек.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Не знам зошто, кога веќе се решија да прават екипа на база на младите играчи, на среден бек не го префрлат Димитриоски од Јуниор. Лани се растури од голови давање, беше еден од најдобри стрелци во лига, на Вардар му даде 11 гола, што не му успеало на ниту еден друг играч од наша лига, а и сега на кадетското првенство е убедливо најдобар наш играч. И во таква ситуација они се решаваат да го носат Печенковски, а детево го оставаат да стангира во Јуниор, во средина во која лани докажа дека е супериорен.
А,знаеш дека игра лево крило кај нас на кадетското првентсво ? :)
Ги гледам сите натпревари горе долу на кадетите. Димитриоски полека полека, свесен дека нема висина за бек, преоѓа од бек во крило. Првите натпревари играше цело време на лево крило само последниве натпревари игра повеќето време на бек иако и на овие е повремено на крило.

Реално е најталентиран играч во генерација и е штета што нема барем уште 5-6 центиметри. Баш ме интересира како ќе се развива неговата кариера. Има последно време примери во европскиот ракомет на играчи кои играат и како лево крило и како среден бек. Има потенцијал да стане таков играч малиот. Има чувство за ракомет. Повеќе отколку поталентираните 2 метраши од 96 генерацијата.

Се согласувам дека имаше смисла место да се носат безвезни играчи да се префрли во првиот тим. Греота е малку во втора лига да игра. Нема да ме чуди да го позајмат некаде (можеби во Пролет?). Ама мислам дека повеќе треба како лево крило со повремени можности на среден бек а не како постојана опција на среден бек. На среден бек ќе биде многу тешко. Малку понизок е и од Циндриќ ако не грешам.
 
Токму поради ова не се согласувам дека треба повеќе да го играат на крило. Малиот не само што е голгетер (убедливо најдобар стрелец од сите три турнири што се играа), туку и за разлика од Талески, Нелоски, Кузмановски има и многу поголема ракометна интелегенција. Се изнадава топки на соиграчите, посебно на линија, од тоа што успеав да изгледам мислам дека сите голови од пикер дојдоа по негови асистенции, веројатно не може да се види таква статистика ама детето е можеби и најдобар асистент на турнирот.
Во ситуација кога имаме неколку добри млади играчи на позиција лево крило (Манасков, Палевски, Ончев?), а ниту еден играч на среден бек од помладите генерации кој ветува нешто, мислам дека треба да пробаат да го изградат како среден бек. Бар на првенствово не покажа дека му смета висината за таа позиција.
Инаку 2 сантима е понизок од Циндриќ, 4 од Наумче на пример, со тоа што има сеуште можност да потпорасне уште некој сантиметар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom