- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.311
- Поени од реакции
- 6.533
На овие младински турнири висината не е толку голем проблем (да не зборувам што ова е еден од Б турнирите, некои од екипите беа далеку од некој европски/светски квалитет), но верувај ми висината ќе биде голем проблем на повисоко ниво, во елитен сениорски ракомет. Јас не мислам дека е невозможно да успее како среден бек но ќе биде многу тешко. И Чурлевски малиот има висока ракометна интелигенција, ама повеќе од добар играч за наша лига не може да го биди (макар што тој е уште понизок). Не случајно средни бекови под 185 се многу ретки во светската елита каде се стремиме да бидиме како репрезентација. Со сила да го направиме елитен среден бек не можиме. Треба да си ја најде својата оптимална позиција, а мене ми се чини дека некоја комбинација на лево крило и среден бек е оптимално за него. универзалноста секако дека не штети. Французинот Мае е веројатно најдоброто можно сценарио за Димитриоски. Имаат и словенците неколку такви играчи.Токму поради ова не се согласувам дека треба повеќе да го играат на крило. Малиот не само што е голгетер (убедливо најдобар стрелец од сите три турнири што се играа), туку и за разлика од Талески, Нелоски, Кузмановски има и многу поголема ракометна интелегенција. Се изнадава топки на соиграчите, посебно на линија, од тоа што успеав да изгледам мислам дека сите голови од пикер дојдоа по негови асистенции, веројатно не може да се види таква статистика ама детето е можеби и најдобар асистент на турнирот.
Во ситуација кога имаме неколку добри млади играчи на позиција лево крило (Манасков, Палевски, Ончев?), а ниту еден играч на среден бек од помладите генерации кој ветува нешто, мислам дека треба да пробаат да го изградат како среден бек. Бар на првенствово не покажа дека му смета висината за таа позиција.
Инаку 2 сантима е понизок од Циндриќ, 4 од Наумче на пример, со тоа што има сеуште можност да потпорасне уште некој сантиметар.
Како и да е, само нека игра тренира и собира искуство, времето ќе покаже. Треба уште многу многу работа. Сеуште е многу млад.