Фан клуб - РК Металург

Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
http://republika.mk/?p=443705
Незнам колку е точно но пишува дека сме потпишале со поранешниот лев бек на Загреб, Марко Матиќ.
Уште еден интернационалец во редовите на Металург, висок е 202 цм.
Засега добро ја пополнивме левата бековска позиција, ги имаме "надежите" Талески и Нелоски, останува уште овој да се покаже во добро светло, а и верувам дека ќе биде класа над нашите таленти. Ако е точно ова, нека е аирлија второто засилување.[DOUBLEPOST=1434381618][/DOUBLEPOST]http://www.sport.com.mk/default.asp?ItemID=0E3633EE9817CF41818DC248EB72B7EC
Се шпекулира и дека сме донеле пикер, станува збор за Костадин Петров од Радовиш, незнам колку овој играч ќе биде спремен за големи натпревари, корпулентен пикер е, со Пешевски треба да бидат втора опција на некој класа пикер.. пример Растко Стојковиќ, ако останеме со овие двајца тешко нас. :D
А другиот играч е Филип Кузмановски, млад играч, 19 години.. фановите на Пелистер сигурно знаат за каков играч станува збор.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
ОФИЦИЈАЛНО: Божовиќ и Матиќ се новите ракометари на Металург.

http://www.rkmetalurg.mk/pristignaa-prvite-dve-zasiluvanja-vo-metalurg/

Потврдено од официјалната страна на Металург. Се надевам дека ќе донесат уште неколку подобри играчи во клубот и ќе може повторно да се радуваме на нови успеси на клубот.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Костадин Петров :pos: Каде бе со вакви играчи во ЛШ, поарно нека не им даваат вајлд карта, Европа нека не им се смее. У супер лига не може да се состави не па Сораиндо или Агинагалде ... ко ке му дојдат коо куфер ке лета :pos:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Голманот на Охрид?
заебанција па ти :D ако не него некој од балканов ќе земат сигурно како по обичај, квалификации со овие играчи нема шанса да поминат.

а ништо чудно Ојлески и Џукич да им ги лапнат настрана некаде
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
http://www.rkmetalurg.mk/kostadin-petrov-e-nov-igrach-na-metalurg/
Официјално веќе поранешниот играч на Радовиш, Костадин Петров е нов играч на Металург, ги има особините кој што треба да ги поседува еден добар пикер, висок е 194 цм и има 110 кг.. но ако планираат да останат само со Пешевски и Петров на пикерската позиција.. тешко нас. И еве клубот Металург и тренерот Червар укажуваат прилика на домашните играчи, сега колку Петров ќе си ја искористи шансата ќе видиме.. нека е аирлија третото засилување. :D
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.618
Поени од реакции
2.719
Костадин Петров :pos: Каде бе со вакви играчи во ЛШ, поарно нека не им даваат вајлд карта, Европа нека не им се смее. У супер лига не може да се состави не па Сораиндо или Агинагалде ... ко ке му дојдат коо куфер ке лета :pos:
A mnislis deka ke igraat so niv? si ima tamo dve grupi poslabi ekiopi i toa im e premija
 
mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
ЕХФ потврди: Металург доби вајлд – карта за ЛШ!

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги објави екипите кои следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Меѓу нив е македонскиот првак Вардар, кој ќе биде дел од посилната конкуренција (во групите А и Б), но и Металург, кој доби шанса повторно да биде дел од ракометната елита, со оглед дека ЕХФ ја прифати апликацијата на клубот од „Автокоманда“ за вајлд – карта.

Но, Металург е сместен во условната втората по квалитет групација и ќе биде дел од групите Ц и Д. Ќе игра со релативно помалку звучни имиња, за разлика од Вардар, кој ќе се бори со врвната елита, Барселона, Кил, ПСЖ, Рајн Некар, Монпелје…

Од клубовите што побараа дополнително место во ЛШ, ЕХФ им даде вајлд – карта на Монеплје, ПИК Сегед, Висла, Фленсбург, Скјер, Металург и на Ла Риоха Натурхаус. Ждребот за групите ќе се одржи на 26 јуни во Виена, кога ќе бидат познати и ривалите на двата македонски клуба во елитното ракометно натпреварување.

Група А и Б

Кил (Германија)

Веспрем (Унгарија)

Колдинг (Данска)

ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)

Кјелце (Полска)

Загреб (Хрватска)

Барселона (Шпанија)

ПСЖ (Франција)

Рајн Некар (Германија)

Кристијанштад (Шведска)

Целје (Словенија)

Бешикташ (Турција)

Монпелје (Франција)

ПИК Сегед (Унгарија)

Висла Плок (Полска)

Флесбург (Германија)

Група Ц и Д
Шафхаузен (Швајцарија)

Татран Прешов (Словачка)

Мешков Брест (Белорусија)

Чеховски медведи (Русија)

Ла Риоха (Шпанија)

Војводина (Србија)

Мотор Запорожје (Украина)

Порто (Португалија)

Баја Маре (Р0манија)

МЕТАЛУРГ (МАКЕДОНИЈА)

Скјерн (Норвешка)

Квалификации

Алпла Хард (Австрија)

Борац Бања Лука (БиХ)

Лимбург (Холандија)

Елверум (Норвешка)
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
http://ekipa.mk/domashni-zasiluvana-za-zomimak-brakata-markoski-na-zaminuvane/
Браќата Маркоски не ги продолжиле своите договори со Зомимак, така да се во потрага по нов клуб, би било одлично доколку Металург успее повторно да ги врати.. ни фали еден специјалист во одбраната, Велко добро би завршил работа.. а Никола би ја зајакнал конкуренцијата на пикерската позиција.. а и во одбраната игра одлично.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
http://www.rkmetalurg.mk/dvajca-novi-rakometari-vo-redovite-na-metalurg/
Официјално сме ангажирале двајца нови голмани, станува збор за Даниел Дупјачанец (32 год.) кој доаѓа од косовската екипа Беса.
Другиот голман е Антонио Пешевски кој добива втора шанса во својата кариера, тој е дете на Металург, но имаше прекин во кариерата 2 години, ете клубот му укажува втора прилика, се надевам ќе ја оправда довербата, пред се има одлична висина за голман, 209 цм.
Овие двајца голмани ќе ротираат за втор голман, од клубот е најавено дека се преговара со некој врвен голман, се надевам ќе се ангажира во најскоро време.
Е сега, со оглед дека играме ЛШ, овие ми изгледаат многу смешни засилувања, и во послабиот ранг кај што ќе се натпреваруваме, има многу сериозни клубови со многу подобри ростери од овој моменталниов на нас, да се ангажира тој врвен голман кој што е најавен и по можност да се донесат браќата Маркоски.. со овие двајца ќе имаме и солидна одбрана.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.925
Поени од реакции
1.777

Дали се повторно во игра Мојсо ,Вуги и некој од старите волци?
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Дупјачанец не е лош голман,голем е,висок,гломазен,голем распон на раце,има осет да се постави како треба..
Иако е анонимец за многумина,доста е потценет,доста солиден голман е,и заслужи да брани во некој Македонски клуб,а не 5 години да се мачи со Косоварите(ама изгледа лапаше салам пари,за разлика од тука)...
Ќе брка работа за втор голман...
Е сега за прв голман ќе треба некој сериозен избор,а не кој рандом играч од калибарот на Ефендиќ...:icon_mrgr:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
(y)

Јакс пара напрај Даниел на Косово, имаше понуди за враќање минативе години ама не прифати. Во зрели години, баш во зенит на кариера ќе си игра ЛШ .
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Леснагрупа добија Металурзите и срамота ќе биде ако не ги добијат сите натпревари, макар и со ваков никаков тим што имаат досега.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom