Замина и Раде Стојановиќ, уште една дупка на левата бековска позиција, очајно ни фали и среден бек.. Војводиќ неможе да игра сам, се разбира доколку остане.
Ни заминаа и двете стартни крила.. Ојлески и Џукиќ, си останавме со Маџовски и Костески.
Пикер е залудно да се надеваме дека ќе ангажираат, тоа е веќе голем луксуз, ќе си останеме со Пешевски и Петров.
Најавуваа "врвен голман" а донесоа анонимус од Србија, прогуглав за овој голман и бил одличен во дресот на Спартак Војпут кој беше вицешампион на Србија, висок е 201 цм и има 25 години, одлична висина има за голман, ќе се крстиме да излезе од него нов Станиќ, барем да бележи солидни партии и да не спасува од резили во ЛШ, инаку ќе го јадеме крапот таму.
Треба да се донесат играчи на споменатите позиции за да имаме комплетиран состав, а за успех во ЛШ како што најавуваа Лино и Левче.. тоа е исто како да се надеваш рибата да почне да дише на копно.
Врвен голман не се станува со утакмици во Српско првенство...
И Коциќ не беше лош голман,ете дотурка и до прв голман на Српска репрезентација...
Ама далеку се ваквите голмани од некои класи како Станиќ,да не прајме муабет за други голмани...
Сепак можно е да изненади,но потребно е утакмици ви континуитет,а кај нас голманите се менуваат секоја сезона(или неретко и на полусезона)..
И да е добар голманот,без да му се даде шанса да се делка на силни утакмици тешко ќе бидни добар голман....
Митревски на времето беше еден од најголемите таленти на Балканот,го седнаа на клупа во Метаург,толку затупи дечкото шо не е за верување...
А баш кога требаше најмногу да се изгради во еден салам голман....
Иначе за екипата,Божовиќ е екстра засилување..
Бувиниќ е екстра дечко,талент невиден,мислам дека од него ќе излези добар десен...
Тука ќе бидите најсилни...
Другите се анонимци...освен Дупјачанец,добар голман е дечкото,ако изгледа како анонимус,мислам дека ќе се покажи...
Тој Хрватот шо дојде на лев бек,прв пат слушам за него,а години го следам Загреб,сигурно играл некоја епизодна улога..
Добро е шо го задржавте Пешевски,треба уште еден пикер.....
На сите други позиции ви требаат по еден играч,среден бек(еден подобар од Војводиќ барем за класа)и две крила,уствари 3 крила,две леви и едно десно...
Маџовски не е за крило,реално гледано...
Но сепак,ако не земат некое екстра засилување,со оваа екипа тешко во ЛШ.....