Се надевам дека ќе земеме малце здив во репрезентативнава пауза која следува, односно дека Николиќ ќе се врати 100%, Бакар дека ќе се врати (ако стануваше збор за повреда кај него) и дека нема да имаме нови повреди. Со Томи не знам како е ситуацијата, штета ако го имаме изгубено до крај на сезона. Не знам ниту со Петриќ што е, но штом бил на штаки веројатно станува збор за посериозна повреда и не треба да се надеваме дека ќе го видиме сега против Охрид.
Родригез не беше воопшто лош против Алкалоид, даде два гола во моменти кога они фаќаа резултатски приклучок и мислам дека му беше најдобро одиграна утакмица во одбрана до сега во дресот на Вардар. Се надевам ќе се искористи периодов да се уиграат акции и елементи со него кога веќе го немаме Петриќ, а ротацијата ни е крајно ограничена.
И за крај, некој има инфо за договорот на Јасухира? Нели Борко пред Нова Година изјави дека по завршувањето на ЕП ќе отпатува во Полска за да се договори оштетата за Висла со цел да се потпише двегодишен договор со него. Претпоставувам со има изјаловено работата некаде.
Се надевам и дека кај да е, ќе има најава и за нов играч за идната сезона.