Фан клуб - РК Вардар

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
Бреееј колку различна екипа сме со Јапан во тим. И во Битола ќе беше неизвесно со него. Во добро време доаѓа тринеделнава пауза пред Охрид. Се гледа дека и Николиќ не е на 100% сеуште. Ако за Томи е завршена сезоната се надевам бар Бакар ќе го добиеме до тогаш. За Петриќ знае некој како е ситуацијата? За него најмалку надеж имав дека ќе се врати чим на штаки бил во сала со Пролет.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Ете зошто не се давале информации, за да бидеме фактор изненадување (бидејќи никој не ни очекуваше дека ќе играат покомплетни од прошлата утакмица). :icon_lol: Многу јако изиграно прво полувреме, поготово оној вториот дел.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Се надевам дека ќе земеме малце здив во репрезентативнава пауза која следува, односно дека Николиќ ќе се врати 100%, Бакар дека ќе се врати (ако стануваше збор за повреда кај него) и дека нема да имаме нови повреди. Со Томи не знам како е ситуацијата, штета ако го имаме изгубено до крај на сезона. Не знам ниту со Петриќ што е, но штом бил на штаки веројатно станува збор за посериозна повреда и не треба да се надеваме дека ќе го видиме сега против Охрид.

Родригез не беше воопшто лош против Алкалоид, даде два гола во моменти кога они фаќаа резултатски приклучок и мислам дека му беше најдобро одиграна утакмица во одбрана до сега во дресот на Вардар. Се надевам ќе се искористи периодов да се уиграат акции и елементи со него кога веќе го немаме Петриќ, а ротацијата ни е крајно ограничена.

И за крај, некој има инфо за договорот на Јасухира? Нели Борко пред Нова Година изјави дека по завршувањето на ЕП ќе отпатува во Полска за да се договори оштетата за Висла со цел да се потпише двегодишен договор со него. Претпоставувам со има изјаловено работата некаде.

Се надевам и дека кај да е, ќе има најава и за нов играч за идната сезона.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
428
Поени од реакции
2.188
Родригез не беше воопшто лош против Алкалоид, даде два гола во моменти кога они фаќаа резултатски приклучок и мислам дека му беше најдобро одиграна утакмица во одбрана до сега во дресот на Вардар. Се надевам ќе се искористи периодов да се уиграат акции и елементи со него кога веќе го немаме Петриќ, а ротацијата ни е крајно ограничена.
Не беше лош, ама некако пренапален е и размислува само да шутне накај гол при секој допир со топката... Има потенцијал, физички предиспозиции има страшни, али треба многу да се работи со него, не сум сигурен дека Бутин има капацитет да напраи добар играч од него... Во одбрана се слагам, беше одличен на таа минутажа што ја доби изигра и повеќе од солидно :)
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Не беше лош, ама некако пренапален е и размислува само да шутне накај гол при секој допир со топката... Има потенцијал, физички предиспозиции има страшни, али треба многу да се работи со него, не сум сигурен дека Бутин има капацитет да напраи добар играч од него... Во одбрана се слагам, беше одличен на таа минутажа што ја доби изигра и повеќе од солидно :)
Да и јас имам такво чувство кога го гледам, како да секогаш сака да шутне кога е топката кај него.

Немаме избор, мора да работиме со тоа што го имаме во миментов.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.184
Да и јас имам такво чувство кога го гледам, како да секогаш сака да шутне кога е топката кај него.

Немаме избор, мора да работиме со тоа што го имаме во миментов.
I vo najgolem broj od napadite koga ja ima topkata e na rabot da napravi čekori, nema tehnika. Ima da se raboti, ama kao što kaža mora da go koristime pošo nemame drug.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Желба и на Косуке е да остане во Скопје.
„Сакам да останам во Вардар, но ситуацијата е тешка. Висла сега сака да се вратам назад, а јас не го сакам тоа, сакам да останам. Сега останува да видиме дали Вардар и Висла ќе успеат да се договорат. Среќен сум тука. Играм, имам добри пријатели. Со Карапале сме другари уште од СП, одржавме контакт, а сега и играме заедно. Не знам што ќе се случува. Доколку не успеат клубовите да се договорат не сакам да се вратам во Полска. Тие имаат три плејмејкери и ќе нема минутажа за мене. Ќе се обидам да одам во некој друг клуб.“
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Претпоставував дека Пољаците се имаат умешано во муабетот, односно дека сакаат да го вратат назад за следната сезона.
Штета ако не успееме.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Ќе биде "mind game" со пољаците за Косуке. Прашање е дали и покрај одличната сезона која ја игра реално би го планирале за повеќе од трета опција или ќе се натегаат за евентуално да извлечат некоја пара плус.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Исклучително важен меч играме денеска, како гости во Охрид. Како да падна во сенката на мечот вчера помеѓу ФК Вардар и Слога.
Ако успееме да триумфираме денеска, ќе завршиме навистина голема работа кога се во прашање шансите за излез во Европа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Најважен натпревар за нас досега. Ако тепаме денес, местото во Европа ни е загарантирано, а правиме и притисок врз битолчани пред нивните гостински мечеви.
Уште ова гостување и останува да ги пречекаме сите ривали на домашен терен.

Ако вечер се фит сите, освен Јагуриновски кој не се враќа сезонава, тогаш можеме да победиме. Се' зависи како се опоравиле Петриќ и Бакар, а нормално до каде се со повредите и Николиќ и Лазаревски. Многу if-ови, ќе видиме што ќе биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom