Шкендија со нов претседател по нови успеси
Шкендија ќе влезе во новата натпреварувачка сезона со нов претседател, откако денеска Абдулменаф Беџети беше именуван за нов предводник на тетовскиот клуб. Беџети, кој е поранешен министер на Владата на Р. Македонија и академик во МАНУ, доаѓа на местото на Љуљзим Имери, кој беше претседател на Шкендија неполна година.
Беџети ќе биде предводник на клубот во периодот што следи, додека Имери ќе остане во клубот, но со изменети задолженија, како генерален менаџер за финансии и администрација.
Како што информираат од ФК Шкендија, овој најнов потег е уште еден доказ дека клубот ќе настојува со свежа крв во сите аспекти на функционирање да атакува на трофеи во претстојната натпреварувачка сезона.