Конечно убедлива победа и тоа без примен гол, секако благодарение на промашениот пенал на Силекс. Играта не беше на ниво, секако не можеме да очекуваме одма резултати у овој поглед иако се глеаше дека некои играчи повеќе се залагаа.
А Иван Митров покажа колку само грешеше Ференчина што не го внесуваше во игра.
Марко денеска се надмина себеси со некои интервенции. Милиев исто така стабилен додека Мурати, Бериша и Абдула потфрлија и највероватно ги прикажаа своите најслаби изданија одкога се во Шкендија. Особено Абдула, какви леви бекови имаме заедно со Урди
Средниот ред стандард, Мети тапа, Положани нешто подобар денеска, а и Алими слабо денеска.
Нападот, Вручина невидлив цел натпревар, натпреварот го решија Митров и Кировски, двајцата најактивни играчи.
Значи горе доле освен голманот, Митров и Кировски другите слабо.
Ама ипак стигнавме до убедлив резултат од 3-0 што е добар знак за идните натпревар, за враќање на самодовербата пред се.
Сепак игравме против тимот кој на 6 натпревари немаше пораз и имаше само 3 примени гола.