Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Хазард направи страшен потег, само некои играчи недоволно тренирале шутирање од два метри. И имаат недостаток на интелигенција.

Фудбалски клуб потег повеќе Челзи. Имавме и среќа, го имавме и фантастичниот Куртоа. Истото важи и за нив. Аматерски грешки во напад и во одбрана. Одбраната ако се соочи со брз напад на другата страна, се однесува хаотично. Особено тоа важи за Ивановиќ. Непотребно се повлековме и зa малку тоа скапо ќе го платевме. Абе дотолчи ги копачите и свиркај си...

Но, најважно е што собравме три бодови и тргнавме од мисла уште едно тешко гостување.
 

L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
Ма, катастрофа играме, арно победивме.
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.048
Поени од реакции
654
Честито победа , една од најважните ова сезона сигурно .
За голманите еден коментар , значи е лудо да имаш два врвни голмани во тим , да беа 2 во напад би му најдело место , исто и за средни играчи, но 2 топ голмани е најлоша комбинација , знам дека ако едниот се повредува го имаш другиот , но голманската позиција е таква што не може да правиш ротациа .
За лето ако иде Чех би г земал некој 2 класен голман , Адриан (Вест Хем) или па некој ептен млад голман , некој од германска лига таму голмани има колку сакаш
 
Член од
6 октомври 2009
Мислења
137
Поени од реакции
42
може ќе бидам критикувам за ова што ќе го речам ама хазард е пичка. па шутни бе човече на онај вилиан доста му е шутирање сам си со голманот шутирај таму... значи батето нема мадиња според мене и тоа влијае и на непостигнувањето на голови. како и да е честито победа па одиме на псж!
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Глејте ја позитивната страна. Иако не постигнавме уште еден гол, барем имавме конкретни шанси. Што не беше случај во последните неколку меча. :D

Оскар - почнува на живци да ми иде. Три сезони по ред, после НГ иста песна. Се губи на терен.

Хазард - камо секоја утакмица да ја игра со вакво темпо. Па тоа се бара ебаго. На страна тоа што секогаш избира да додаде место да шутне, денес имаше феноменална партија.

Коста - излезе по медиумите инфо дека престојувал во куќата каде престојувал и Торес. Нека се сели што побрзо. :icon_lol:

Куртоа - :cuc:

Кејхил - За разлика од формата која ја влече последните неколку месеци, денес имаше супер партија. Му замерувам само во 2-3 наврати за лоша поставеност.

Со победава денес сме чекор поблиску до титулата.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Коста дупка невидена,ептен падна од форма и доста топки губи во напад.Сеа да имаме напаѓач како што беше Ето на времето ќе ни нема рамен во фудбал,таков брз играч ни фали едноставно.
На оваа утакмица само одбраната можам да ја пофалам.Браво за Зума толку млад а веќе стана голем играч.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ви се воодушевувам на умот вам кои мислите дека играчиве се роботи и дека мора да играат цела сезона на врвно ниво. Коста пред два дена даде гол во финале, денес промаши колосална шанса, ама дупка?
Пад на форма, кој пад? Три меча суспендиран, наредните два после суспензијата се враќаше на патека, во финале постигна гол и ете денес инцидентно промаши зицер. И од ова извлекувате заклучок дека Коста бил дупка и имал голем пад во форма.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Не зборам јас за денеска што промашил,туку дека човекот е паднат од форма дефинитивно.Отвори статистики ќе видиш,на почеток на сезоната беше незапирлив и даваше по 1-2 гола на утакмица.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Статистики, од старт не отворам. Неважни, особено во случајов. Правило нема, нема дека ќе постигнува секој натпревар по толку голови. Во последните неколку натпревари нема ниту доволно топки за шпицот. Денес топка за Коста немаше, освен таа од Хазард во зицер ситуацијата.
Не постигнува толку голови, тоа е точно. Затоа што и Челзи не е толку ефекетивен како на почеток од сезоната, што е сосема разбирливо и разбирливи се тие осцилации. Затоа апсолутно не се согласувам дека Коста има пад на форма и дека е дупка. Моментално врз него се чувствуваат тие неколку натпревари на кои беше суспендиран. Кај него тоа влијае различно. Други фудбалери после принудни паузи се чувствуваат одморени и свежи, играат подобро. Кај Коста не. Нему му требаат се повеќе натпревари. Тој од натпревар во натпревар станува подобар. Со Тотенхем се виде дека е вратен на тркачката патека, вечерва имаше само лош ,,ден''. И тоа е тоа.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Добро е шо матич се враќа, зума послабо партијава од таа со тотенхем, цеск е дефанзивна нула како ни се шетаа до гол чеканиве. Коста кога не му оди нека го вади во 70 та минута.
Оскар добро почна ама го задушија по 40 мин игра. Куртоа have my babies.
Една незгодна помалку, следната е дома со сотон.
 
Член од
9 февруари 2015
Мислења
330
Поени од реакции
537
Хазард вака да игра секоја утакмица.
Али уште се чудам на такви шанси не дадовме 2 гол па дали е тоа нормално стварно немавме срека за 2 гол стативата од Рамиреш Вилиан Коста Азар и само 1-0 победивме (n) али битно победивме и они имаа некои шанси али нашите беа поголеми.
Куртоа :cuc:
Рамиреш добар беше асистенција само уште гол да дадеше а не статива ке беше одлицен
Коста има пад на формата тоа мораше да биде гол али ништо се надевам следна ке дади гол.
Најбитно си земавме 3 бода :love:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Иначе дали приметивте една финта: Цеск се повлекуваше малце поназад, за да ги проигрува напред, Оскар идеше према средина, а Рамче се извлекуваше на десно крило. Токму така и падна голот. И имаше уште 3-4 добри уфрлувања од негова страна. Значи не беше како на хартија.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.961
Статистики, од старт не отворам. Неважни, особено во случајов. Правило нема, нема дека ќе постигнува секој натпревар по толку голови. Во последните неколку натпревари нема ниту доволно топки за шпицот. Денес топка за Коста немаше, освен таа од Хазард во зицер ситуацијата.
Не постигнува толку голови, тоа е точно. Затоа што и Челзи не е толку ефекетивен како на почеток од сезоната, што е сосема разбирливо и разбирливи се тие осцилации. Затоа апсолутно не се согласувам дека Коста има пад на форма и дека е дупка. Моментално врз него се чувствуваат тие неколку натпревари на кои беше суспендиран. Кај него тоа влијае различно. Други фудбалери после принудни паузи се чувствуваат одморени и свежи, играат подобро. Кај Коста не. Нему му требаат се повеќе натпревари. Тој од натпревар во натпревар станува подобар. Со Тотенхем се виде дека е вратен на тркачката патека, вечерва имаше само лош ,,ден''. И тоа е тоа.
Како психијатар си
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Иначе дали приметивте една финта: Цеск се повлекуваше малце поназад, за да ги проигрува напред, Оскар идеше према средина, а Рамче се извлекуваше на десно крило. Токму така и падна голот. И имаше уште 3-4 добри уфрлувања од негова страна. Значи не беше како на хартија.
Па ако добро забележа, и поголемиот дел од натпреварот беа така поставени, стандард 4-2-3-1. Рамче на крило, Зума у Цеск во средината. А Хазард често знаеше да се најде и на 10ка, позади Коста.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom