Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.571
Поени од реакции
52.375
Jose Mourinho - "We are trying since yesterday to sign Loic Remy."
Mourinho on Remy's failed LFC move—"The information we have from our various specialists is that he does not have any issues playing"
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.115
Поени од реакции
4.991
Ej ne mi se veruva kakvs utakmica propustiv poradi e*** akva park ccc da ne znae nekoj koga ima repreiza na sk
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.958
Поени од реакции
1.928
Ова ми е прва утакмица после пријателската со Словенците како ја гледам во живо. Утакмица за уживање за неутралните гледачи, ама за нас и не беше така лесна, барем за мене.
Прво полувреме го изигравме рутински, постигнавме 2 рани гола и после ја задржувавме топката со цел помалце да се истрошат играчите. Ако така треба да се игра ако сакаме да играме на сите 3 фронта сезонава.
Само мало невнимание и го сврте текот на утакмицата. Сигурен сум да не падна голот на крајот на полувремето ќе завршевме без примен гол.
За одбраната нема да се сложам со вас, беше повеќе од добра и не заслужија да примат 3 гола. Имаше мали пропусти кои секогаш ги користеше Евертон, ама како и да е за разлика од претходните сезони имаме тим кој може да ги анулира грешките на одбраната т.с секогаш да постгне гол повеќе.
Тибо е добар само му фали повеќе да биде внимателен кога топкате е во него и да не брза толку. Направи неколку грешки при фрлањето и дегажирањето, од една таква грешка малу фалеше да примиме гол.
Коста и Фабрегас :cuc: Какви само играчи донесе Мурињо за 70 мил, секоја чест.
Конечно Челзи има напаѓач, после толку години нервоза со нив се погоди еден асален. Браво, сигурен сум кој и да дојдеше од Левандовски, Руни, Кавани и Фалкао никој немаше толку брзо да се адаптира.
Предиспозиции какви што му треба на Челзи моментално, играч кој се снаоѓа добро во простор и нонстоп се движи и бара топка во празен простор.
Карактер за премиер лига, да им покаже кој е газда на теренот а не како Торес се плаши да шутне топка.
Иако можеби некогаш ќе го јадеме токму поради таквото понашање не сакам да се смени воопшто, нека си остане истиот од Атлетико, без страв, агресивен и да не размислува многу што се случува надвор од теренот.
Токму тој карактер му фалеше на Торес и му се случи тоа што му се случи.
Фабрегас денес најмалку 5 пати го истрча Коста во празен простор, тоа е тоа што го сакав од Торес или од било кој напаѓач да оди директно на голот а не да ми ја пимпла на крило. Фабрегас е правиот играч за тоа, еден од најдобрите за таков вид на додавање.
До сега не сме имале играч од таков калибар.
Хазард ми делува многу незаинтересиран за игра, гледам не беше само случај денес туку и против Бурнли и Лечестер. Кога сака да пројде проаѓа и 100% ствара шанса или дава гол, само проблем е тоа што многу често го прави, дали има такви инструкции од Мурињо да се штеди незнам ама тоа не ми делува добро.

После овие три натпревари покажавме дека имаме тим кој може лесно да даде гол и да се справи со екипи кои се ориентирани дефанзивно.
Нешто што ни беше проблем претходната сезона и поради кој останавме без пл титула.
Секако дека овие 3 победи не се мерило дали ќе освоиме пл или не, ама барем сега за сега тимот делува како спремен за освојување на пл. :)[DOUBLEPOST=1409446074][/DOUBLEPOST]
Нема везе, лани беше најдобар напаѓач на Челси, ама пошо не е звучно име и нема голема плата и договор си отседе на клупа незаслужено.
Од кај па сега ова?
Ба доби шанса, секој од трите напаѓачи што ги имавме минатата сезона добија шанса, точно е дека Ба имаше најслаба минутажа од сите 3-ица ама дека не доби шанса не е точно. Постигна неколку битни гола, ама знаеше и да засере некој 100 % зицер и после тој промашај да не чини поени.
Ба ја нема онаа рутина што треба да ја има класа напаѓач и нема потеницал да постигне 20 гола во сезона. Никој од триото немаше таков потенциал Ето можеби ама да беше едно 5-6 год помлад.
Капацитетот му го видовме така да заслужено си доби клоца, сите заслужено си заминаа.

Сигурен сум дека и Реми нема многу многу да блесне ама ако постигне 8 - 10 гола у пл ќе бидам презадоволен и 3-4 у куп натпревари. За лш мислам ќе се форсираат Дрогба и Коста.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom