Фан Клуб: Фулам

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
1-0 за Днипро. Блиску бев :)
Не го гледав натправарот но според тоа што го прочитав целосно не надиграле. Сепак, како што напишав претходно имаме доста стабилна одбрана која тешко прима голови. Покрај слабата игра, уште една лоша вест е повредата на Рисе (мораше да излезе уште во прво полувреме, се надевам не е нешто сериозно).
Иначе Касами (влегол место Демпси) пропуштил огромна шанса, а Енди Џонсон бил дрво. Што зборува дека очајно ни треба уште еден напаѓач.
Сепак и покрај лошата втора утакмица 3-1 вкупен резултат против силниот Днипро не е лошо.

Што се однесува до трансфер пазарот, заинтересирани сме за Амаури од Јувентус, малку е стар но сепак би бил солидна замена за Замора. Сега прочитав дека може да се тргне и по Сисе од Фрајбург, но Германците бараат 15+ милиони евра така што освен ако Ал Фаед не се смилува и да фрли пари од сопствен џеб, тешко дека би дошол. Ама ако дојде.... Сисе во пар со Боби и како трет напаѓач Дембеле се приближуваме до водечката 6-ка :). И за крај, со трансферот на Адебајор во Тотнам Крауч извисува, така што можно е да се тргне и по него. Лошото е што тешко дека би му фатил место на Замора во стартниот тим, а да играат заедно не ми е изводливо. Од една страна сакам да дојде, но од друга ќе зема висока плата (веројатно ќе биде најплатен) а ќе ја грее клупата.
 
The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Њукасл- Фулам 14ч.
Ае да направиеме едно привју на утрешниот натпревар.

Лошите вести околу повредените играчи не престануваат. Иако се претпоставуваше дека Дејвис ќе отсуствува „само“ 3 месеци, се искомплицираче работите и ќе отсуствува 5. Рисе најверојатно и тој ќе отсуствува подолго време, а ни Замора нема да игра утре.

За утре очекувам Бригс да добие шанса на лев бек, а за десен уште не се знае, можно е Хјуз, Берд или Кели (во нормални околности не би играл, но Бригс е дефанзивен бек, а исто и Хјуз и Берд така што ако не игра Кели ќе биде како да играме со 4 халфови). Сепак, очекувам Хјуз-Хангеланд-Сендерос-Бригс.
Во средниот ред горе-долу сме ОК. Очекувам, Даф-Етуху-Марфи-Демпси
Напред, Енди Џонсон и Дембеле.

Њукасл остана без Бартон деновиве, од претходно и без Нолан и Енрике. Харпер, Вилијамсон и Бен Арфа им се повредени, а под прашање е и Амеоби.

Мислам дека е редно да се донесат 3 бодови од гостувањата, Њукасл според мене е една од послабите екипи, а плус сега се дополнително ослабени. Не гледам кои играчи од Њукасл би го загрозиле голот на Шварцер, не верувам дека имаат капацитет да постигнат повеќе од 1 гол. Фулам без Замора е друга екипа, сепак очекувам поискусните играачи од средниот ред да превземат одговорност, утре очекувам гол од крилата Даф или Демпси. Ќе биде тврд натпревар, Фулам мислам ќе има повеќе посед, судбината ќе им зависи од Џонсон и Дембеле. 0-1, 1-1, 1-2 како можни резултати.
 
The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Ајдееее!!! После првата победа на гостински терен после 100 години редно е да ја заживеам темава :)

Искрено, потајно посакував пораз за Јол што побрзо добие клоца.
Денеска најдобар играч God himself. Стативи, пречки, зицери за Виган и пак ниту еден гол не дадоа... да се чудиш колку неписмени играчи имаат.

Јол е тежок лудак. Признавам дека генерално Сидвел е подобар играч од Етуху, ама во ПЛ не се игра без ниеден деструктивец. Виган, факин Виган ни имаше 70% посед. Откако влезе Етуху, Фулам почна многу подобро да се брани. Руиз е играчиште и не заслужува да му биде резерва на Џонсон, ама сигурен сум дека кога тогаш ќе запали неговиот „лежерен“ стил.
И за крај, играчина како Даф со толку години во ПЛ позади себе НЕ СМЕЕ да влегува во 91 мин. подобро ич не го ставај него на 2-0 во 91 мин. знам дека Даф се бунеше дека не игра стартер и ова можеби му е казна, но Јол не смее такви глупости.
 
The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Фулам 4-1 Висла (стрелци: Даф, 2 Џонсон и Сидвел). Конечно Етуху во стартниот тим и лесна победа. Головите на Џонсон одлични, после повредата лани и ужасниот почеток на сезоната (купишта промашени зицери) сега се враќа во формата што ја имаше во Евертон. Треба да се очекува и повик од Капело :)
 
The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Абе ајде.... Честитки за судијата :mad: од пред малку стана носител на наградата слепец на годината. МРШ у пм бре да ти се плукнам и во судии и во се, 2 пенали не суди. Тој Вокер ко голман си ја фати...ААААА

Јол исто така кога ќе биде послободен може да си ја подигне наградата за најглуп тренер на светот. Овај покатастрофален е и од Лори Санчез бе! Добро со кој памет го става Етуху место Марфи кога се брка резултат. Па и со една нога Марфи е поопасен кон противничкиот гол од Етуху. Аххх
Ајде нека пали патиките дури не не отпаднал.

Браво за играчите, го пикнаа големиот Тотнам в шише, првите 15 мин. од второ полувреме не знаеа кај тераат, ама... ајт.
 
The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Арсенал 1-1 Фулам
Признавам и мене (вечниот оптимист) ме изненадија. Конечно Етуху и Руиз стартери и ете, пулд анадр апсет. Пак покажавме дека можеме да се носиме со големите во ПЛ. Пред Ливерпул бевме единствената екипа која им имаше скинато бодови на Сити (им се вративме од 0-2) Го надигравме Тотнам и само судијата ги спаси од најмалку нерешено, сега пак добра игра и покрај неколку повредени играчи (никој клучен, но клупата беше за нигде) на Емирати.
Полека тргнаа работите и на гостувањата, после среќната победа во Виган и бодот од Сандерленд трето гостување по ред се враќаме непоразени.
Штета што трета сезона по ред почнуваме слабо па на есен мора да се вадиме, причината е веројатно што имаме трет различен тренер.

За крај една шпекулација. Се зборува дека Замора може да си оди во јануари (КПР како најсериозен кандидат) затоа што не се мирисл со Јол. Се надевам арапоот нема да се изглупира и да го продаде најдобриот напаѓач.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
многу ви фала, добитен сум на фулам 1:0 точен резултат, секоја чест за шварцер како му ја извади таа на даунинг!!!
 
The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Сисај Ливерпуууууууул!!!

Демпси сонг :)

he scores with his left,
he scores with hs right,
that boy clint dempsey,
makes drogba look shite!

ТОООООООО Браво дечки.
Уште кога ги видов составите знаев дека Ливерпил во ништо не е подобар од нас. Толку пари исфрлија и пак ништо... ако не им е Суарез овие за опстанок ќе се борат. Ние на клупа немавме ниеден играч на кој му има почнато брада да му расти :) 30 милионскиот играч не се виде од Хангеланд. Марфи на и 35 години е подобар од било кој среден играч во Ливерпул. Штета што Руиз игра очајно (денеска исто како со играч помалку да игравме) се осеќа и тоа како отсуството на Берд, Даф, Григера, па дури и Сајмон Дејвис кој подолго време е повреден како ќе помогнеше денеска.

п.с.
И јас сум добитен: Фулам 1 (фала Реина) , Севиља 1
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.115
Поени од реакции
9.725
^ Многу се прецени. Да не плачиш на крајот?!!
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.115
Поени од реакции
9.725

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Многу го прецени Фулам некако а го потцени Ливерпул. Немој на наредната петарда да пукни да после да има циркузи
Ќе се обидам да ти објаснам зошто сум пишал така, значи ова шо следи подолу сфати го како гледање на работите на еден неутрален следач на ПЛ. Ич немам намера да се инаетам.

Прво не знам зошто толку го преценувате Ливерпул. Многу сте далеку од тимот што го предводеше Рафа, а сакате исти резултати. Тогаш Џерард играше во во животна форма, сега 2 сезони нема топка шутнато. Керол е 100 пати послаб од Торес, Карагер беше ѕвер и со Хипија заедно беа многу подобри од Шкртел -Агер, Чаби Алонсо не можеш ни да го спредиш со Чарли Адам. Другите горе долу се изедначени, можеби сега имате подобри бекови, ама лидерите, тие што треба да го изнесат товарот ви се за нигде. Чарли Адам е добар играч но ако од него очекувате да ве предводи до место во ЛШ или титула тогаш...
Сите играчи што ги имате во составот се добри, ама никој од нив не знае што значи да играш во голем тим. Хозе Енрике и Керол блескаа во чемпионшип, Даунинг (ако не беше тоа што го изигра во Вила) исто со Мидлзброу или се бореше за опстанок или играше во чемпионшип, Хендерсон од Сандерленд. За вас (навивачите на Ливерпул можеби овие се играчишта) ама за мене далеку се од играчите на Сити, Јунајтед, Челзи, Тотнам. Единствено класи играчиште ви е Суарез и тој ја прави сета разлика, ако не ви беше тој според мене ќе бевте просечна екипа со скапи играчи.
Оваа екипа на Фулам што ве победи играше финале на ЛЕ, притоа му начука 4 гола на Јуве дома, на Хамбург (со Зе Роберто, Петриќ, Јансен) не му даде да ја помине средината, го елиминира и Шахтјор и на крај изгуби од Атлетико М. во продолженија. Ете зошто не го преценив Фулам. Единствена грешка на Фулам е што кога ќе се повредат 3-4 стартери, нема на клупа играчи со ист квалитет и затоа не можат да врзат повеќе победи во серија. Инаку годинава Фулам 2-2 Сити, Арсенал 1-1 Фулам, Фулам 1-0 Ливерпул плус речиси помината група во ЛЕ.
Значи пак, не се инаетам, не мора да се согласиш, но вака гледаат неутралните на Ливерпул.
 
Овој Ливерпул не е воопшто далеку од оној на Рафа. Недостига само реализацијата. Адам и те како е добар и не знам зошто тоа преценување на Алонсо. Типот изигра една ненормална сезона а другите и не беа којзнае што. Лукас врши одлична работа и не е ништо полош од Маскерано. Шкртел и Агер се солидни. Хендерсон исто така добар играч кој полека полека напредува. Тогаш имавме само тројца играчи - Џерард,Алонсо и Маскерано. Добро и Лукас кој тогаш уште учеше. Сега со Џерард (ќе се врати) Адам,Хендерсон,Лукас (сега веќе не) Спиринг па и Шелви средината и те како е поразновидна. Крилата......добар беше тогаш Бенајун а и Риера беше солиден ама тешко да беше на ниво на Даунинг. Можи не е светска класа ама типот има направено еден куп шанси досега. Тоа што нема голови е недостаток на среќа а тоа што нема асистенции е по вина на напаѓачите. Нападот исто така ќе го сметам за подобар. Торес беше одличен ама беше еден. Сега ги имаме Суарез и Керол. Единствен проблем е непрецизноста инаку многу добро ќе видиш колку е силен овој Ливерпул сега.
 
The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Многу го прецени Фулам некако а го потцени Ливерпул. Немој на наредната петарда да пукни да после да има циркузи
Го чекав денов, исто бодови на крај на сезона :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom