Денес во некои од овие нашиве(балканскиве) страници се појави една интересна објава превземена од италијански сајт. Се работи за тоа дека наводно Саба ќе добиел отказ до 31.08. доколку не го среди хаосот, којшто го создаде со промашените фудбалери. Значи негова должност е да ги продаде, Думбиа, Кол, Вештерката и сл.
ОК ....
Ама јас имам некое друго мислење.
Сметам дека на Саба му е загарантирано работното место во Рома на долг период, од проста причина што знае да ископа талент, којшто ќе го продаде дупло. Тоа се случи со Маркињос, Бенатија, Ламела, а веројатно оваа година на ред е Ромањоли, за кој сметам дека е енигма во однос на развиток на кариера. Млад е да, многу талентира, ама едно е талент друго е работа. Згора на сѐ се работи за многу јака пара за 20 годишен одбранбен играч.
Тоа им се чисти пари на америте.
Денес читам исто така дека Саба планира да направи трампа со Торино Дестро за Бруно Перес. Ако му успее оваа егзибиција значи е цар.
За Думбија биле во постојани преговори со ЦСКА. Договорот ќе оди во наша штета, ама изгледа не е страшно.
Што се однесува до Кол сакам веднаш да го продадат, ако треба пошто-зашто. Торо да се зациментира на клупа.
Во однос на минатата сезона горе-долу составот си го задржа костурот. Средината игра заедно веќе 3 години. Тоа сметам дека ќе биде предност во однос на дел од останатите екипи.
Составот горе-долу би бил следниов:
.....................................................Вочје.........Де Санктис.............Лобонт...............................
Флоренци / Маикон.....Манолас / М`бива.... Кастан /
Ромањоли ?....Кол/Торосидис / Масуку
Стротман / Раџа........................Де Роси / Кеита / Паредес..........................Пјанич / Учан
Итурбе / Ибарбо...........Тоти / Џеко / Санабрија П / Думбиа / Деки................Салах / Фалке / ...........................................Жерва / Љајо ?
Легенда:
Црвени - големи се шансите да не напуштат
Зелени - со нив официјално се преговара и се сметаат како потенцијални засилувања
? - шансите се 50-50
П - позајмица
Инаку се шпекулира и за:
Адриано - Барселона
Бруно Перес - Торино
Ибра (верувале или не)
Д`Амброзио - Интер
Диње - ПСЖ
Жерсон - Флуминенсе
Алисон - Порто Алегре
Карбонеро - Чезена
...