Aјде и јас да искоментирам за ситуацијава.
Едноставно незнам, и неможам да сватам како толку сите карате по Перез како да направил кој знае што. Едноставно е. Карло не освои ни еден трофеј сезонава, и му е покажана излезната врата. Да освоеше барем еден трофеј, барем куп, ќе останеше. Сакате да изиграваме Арсенал? Неможи, и можеби ќе сум нападнат, ама и јас би го направил истото. Се трошат големи пари, го донеоја Хамес, го донесоја Крос, и факинг Мората не реши и на гости и дома. Мислам ВТФ? До пред 3 дена за нас играше, и сега кармата си го направи своето. Као демек мораше да го продадат? Шо е Чичарито повеќе од Мората? Јбг..
Настрана тоа што тој беше поврзан со играчите, и криво ми е само заради тоа, Карло беше многу тврдоглав. Не правењето на ротации и немањето на план Б доколку нешто тргни наопаку, ама воопшто нема да ми недостасуваат. Се повреди Модрич, и чоеко не најде и не најде формација која ќе ни одговара за тоа да не се осети толку.
Сето ова што сега се случува, ќе се случуваше лани доколку Рамос не го дадеше тоа во 93та. Сега сме на исто, само 1 година подоцна. Демек не помисливте дека ова ќе следи кога Мората израмни за 1:1? Очекував уште следниот ден да му биде врачен отказ. Се однесувате сите како изненадени од потегов, а незнам зошто. Друг пример е тоа што ги тепаш комшиите во финале на ЛШ, и наместо ти да ја земиш психолошката надмоќ, и да неможат да мрднат многу време, тој повторно губи од нив, и тоа 100 пати во 1 сезона. Скоро сите дерби натпревари ги загуби, сега ќе ми речи некој дека сни немале среќа, а сни играле добро, и Барса играше добро против Селта, ама изгуби.
Друго, Карло е господин, и како господин си замина. Но, тоа што беше нечија марионета, па исто не го сакам. После толку лоши и дебилни натпревари, со сила да го играш Бејл, па не е во ред. Доколку беше некој тренер што има мадина (читај Моу), Бејл ќе беше седнат на клупа од 10то коло и немаше да биди ставен.
Се на се, му благодарам за Децима, добар тренер е, и му посакувам среќа понатаму. Но никако неможам да речам дека после оваа сезона заслужи да остани. Едноставно имаш шампионски тим, со 2 нови играчи кој се вклопија и тоа како, а ти завршуваш со 0 титули. Тоа би прошло на друго место можеби, тука не. Сите знајме дека не е добро кога се менуваат тренери, а нашиве тоа им стана во навика, да не излези дека сум за менување.
Сега за негова замена, Крофната незнам колку би бил идеална замена, би бил само послаба замена. Лигата со него исто нема да ја освојме, ќе се оди повторно на ЛШ и не предвидувам добра сезона. Се надевам дека грешам во врска со ова, доколку дојди. Моја желба само Клоп или Емери. Од тимот, БАЛЕ, Иљара, Кедира, Арбелоа, Силва, Чича аут. Ин Верати и Агуеро maybe
Фала за Децима Карло, меѓутоа клубот е над сите.
ХАЛА МАДРИД ! <3