Ако стварно утре Анчелоти излезе со истата формација и играчи значи има кохонес големи колку на бик. Јас искрено не го поддржувам и мислам дека ќе не отворат како паштети, ама браво за храброста.
Најголем и најисплатлив ризик може да биде Кедира место Крос да стартува. Ама знаеме сите дека тоа е немогуче речиси.
Кедира против Барса, секогаш гинел на терен. За разлика од "нежниот" Крос, на кој му е прво Класико и некако не ми влева голема сигурност дека он е за овој меч.
Од тактичка страна јас би играл со Крос и Кедира. Има доволно креативност во Џамес и Иско, па така Модриќ е тој што не е нужен а на негова сметка ставаш разбивач. Со тоа што Кедира би играл исто како и во партнерството со Алонсо, понапред од Крос кој би бил длабок креативец.
Но од друга страна ризик е да се игра и со Крос и со Џамес од старт затоа што им е прво класико. Друго е кога игра некој од постариве, со многу новајлии не е на арно тоа го увидовме во дебаклот у првиот меч на Мурињо.
Трето, Марсело против Алвес и Нејмар/Суарез ќе ни ебат мајката. Сепак не е ова ланската килава Барса. Можеби сезонава и они го изгубија првиот сериозен тест против ПСЖ, но се далеку поспособни од лани.
Ја би го зацементирал Кедира на клупата и не би го пуштал во игра посебно не на класиково поради неколку причини.
1. Нема место за неговата позиција. Од двата мидфилдери се очекува да знаат да се снајдат под притисок, нешто што Барса го прави многу добро. Не сакам да гледам клепаво магаре како му се мотка топката околу нозете, да не зборам дека не знае да се снајде под притисок.
2. Нема изиграно утакмица во новиот формат на Карло. Откако се повреди Кедира, Реал ја најде својата формација, тактика и се друго што доведе до нова титула во ЛШ. Очигледно е дека Карло бара од играчите кои играат средина да се флексибилни, да знаат да играат со топка и да не се подложни на притисок. Крос и Модриќ се токму тоа што тој го бара, и мислам дека ги потценувате за нивната дефанзивна игра. Доста се променети во однос од првите утакмици сезонава.
3. Човекот си бара нов клуб. Нема потреба од форсирање, ниту пак да троши солидни минути кои може да ги има Иљара.
Искрено Иско ме радува и ми дава некоја сигурност што ќе игра, Бејл не можам да го гледам моментално. Се надевам ќе го искористи одморот да си ја најде формата. Од друга страна пак Марсело е тежок бот па очекувам да го силуваат по таа страна. Горе-доле се ќе зависи од дефанзивата, се надевав на Пепе-Варан, ама Рамос ќе игра како што изгледа, а со Марсело се страшен пар во однос на киксањето.
На Барса пола екипа им се нови, вие сте се уплашиле дека најдобриот играч на актуелниот светски првак и најдобриот голгетер на светското ќе бидат проблем пошо им е прво класико. И лани на Хесе му беше прво дерби па изигра одлично и даде гол, а се уште не е докажано име во фудбалот. Единствено од што се плашам се примени голови по наши грешки, особено ако има погрешни додавања ала Иско против Ливерпул.
Доколку планира да го игра жбунот лево тогаш нема потреба од Карвахал кој е далеко поофанзивно ориентиран од Арбелоа. Арбелоа против Ливерпул го пратев 90мин... сиротиот се мислеше дали да појде на играч или да си стои кај што е овие да се кочат у него. И тоа второто му успеваше... мајстор е со 0 % талент игра а дава 100% на терен
Вака
1.Утре го пишам Чичарито гол да даде во 78 мин.
2.Карло кажа дека можно е кедира да игра утре бидеќи рече самиот све можеме да очекуваме од него кога можеше во финале со кедира може и утре
3.Ќе тепаме 3:0 памтете ми го ова
ФОРМАЦИЈА
-ИКЕР-
Карва-Пепе_Рамос-Марсело
Модриќ-Иско-Крос
Хамес-Бенз-Човекот кој ги замолчува секогаш каталонците
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.