Прес конферецнија на ФК Победа-Поволности за гледачите!!!
Претпладнево во клупските простории на ФК Победа беше организирана прес конференција на која пред средствата за јавно информирање, а преку нив и до пошироката јавност, беа презентирани неколку организациони активности кои клубот ги презема а имаат за цел што поголема посетеност на натпреварите во Втората лига.
-Одлучено е цената на влезните билети да изнесува 50 денари, а ќе можат да се купувата од официјални клупски продавачи нма влезници со мобилни фискални уреди. Секој билет ќе биде нумериран а секој гледач со него во една од кабините на малата трибина ќе може да добие гратис кафе
(Кафе+фудбал=50 денари). Во продажниот простор исто така гледачите ќе имаат можност да си купат и ладни безалкохолни напитоци и грицки.
-Секој гледач со купениот нумериран и заштитен билет е потенцијален учесник во наградните извлекувања на полувремето од секој натпревар на ФК Победа. Ќе се влече еден тикет чиј сопственик ќе има шанса за ЗЛАТЕН ГОЛ И НАГРАДА ОД 500 ЕВРА. Сопственикот на извлечениот и јавно објавен на разглас сериски број на влезниот билет ќе има ЕДНА можност: да шутира пенал во 3 точки при што највредната награда-доколку упати прецизен шут е ЗЛАТЕН ГОЛ и 500 ЕВРА. Но секој извлечен ќе има можност и да се откаже од шансата да шутира и да си добие награда од 50 евра, а ако тој што ќе шутира промаши тогаш ЗЛАТНИОТ ГОЛ за следниот натпревар ќе биде вреден 600 евра, и така наградата во случај на промашувања на секој натпревар ќе расте за 100 евра.
-За првпат по повеќегодишна пауза почнувајќи од куп натпреварот со Младост на 12 август во функција ќе бидат ставени тоалетите за публиката на малата трибина.
-На полувремето од секој натпревар, покрај ЗЛАТЕН ГОЛ, гледачите ќе можат да проследат и натпревари во мини фудбал 2х5 минути меѓу петлињата, а најавуваме и уште многу други пријатни изненадувања и забавни содржини, а наскоро промоција и на КЛУПСКАТА МАСКОТА.
-Секој гледач кој ќе ги собере и достави на верификација влезниците за сите натпревари на Победа во престојната сезона, ќе добие комплет влезници за следната-се надеваме прволигашка сезона.
-Во име на навивачите-нивниот преставник Јовица Релушкоски упати повик за помасовно присуство ан секој натпревар на Победа и коректно и фер навивање.
Прегледај го приврзокот 125473
Убаво се ама за втора лига?Шо не бива не бива