Фан Клуб: Победа - Прилеп

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Пелистер 3 за 3 се игра,Тетекс го газиме на градски :)
А а Сеоски Ц.Д има да му вратиме за баражот
Иначе да не имате нешто за стадионов слушнато?
По другве градови ќе се почнува од август,а кај нас Сеоски Ц.Д првенствени утакмици че игра
 
Член од
11 јуни 2014
Мислења
159
Поени од реакции
92
ФУДБАЛ - Пријателски натпревар во Прилеп
ОДЛУЧИ ШАРКОСКИ
Победа - Новаци 1-0 (1-0)
Стадион Гоце Делчев во Прилеп. Гледачи 300. Судија Горан Спиркоски. Помошници Илчо Јорданоски и Зоран Костоски (Прилеп).
Стрелец Шаркоски 43 (П).
ПОБЕДА Јованоски - Талески, Ф. Мирчески, Колевски, Д. Котески - Мегленски, Петрески, Карчески, Николоски - Аломеровиќ, Шаркоски.
Играа уште Николов, Милошески, Гешоски, Карапеев, И. Мирчески, Здравески.
Тренер Дарко Крстески.
НОВАЦИ Апостоловски - М. Котевски, Талевски, Момировски, Шереметковски - З. Котески, С. Тодоровски, Младеновиќ, Атанасовски - Поповски, Крстевски.
Играа уште Симоновски, Петровски, Јанакиевски, Стојановски, Трајановски.
Тренер Пеце Талевски.
Следниот пријателски меч е закажан за в сабота, пак дома, Победа се среќава со Беласица.
 
Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Кемал заминува Швајцарија во Виндиш-второлигаш :(
Со среќа Кемо (y)
 
E

Epsilon

Гостин
WtF, тамна дојде кај нас и замина?
-Отскочна даска сме му биле. -,-
 
Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Прес конферецнија на ФК Победа-Поволности за гледачите!!!

Претпладнево во клупските простории на ФК Победа беше организирана прес конференција на која пред средствата за јавно информирање, а преку нив и до пошироката јавност, беа презентирани неколку организациони активности кои клубот ги презема а имаат за цел што поголема посетеност на натпреварите во Втората лига.
-Одлучено е цената на влезните билети да изнесува 50 денари, а ќе можат да се купувата од официјални клупски продавачи нма влезници со мобилни фискални уреди. Секој билет ќе биде нумериран а секој гледач со него во една од кабините на малата трибина ќе може да добие гратис кафе
(Кафе+фудбал=50 денари). Во продажниот простор исто така гледачите ќе имаат можност да си купат и ладни безалкохолни напитоци и грицки.
-Секој гледач со купениот нумериран и заштитен билет е потенцијален учесник во наградните извлекувања на полувремето од секој натпревар на ФК Победа. Ќе се влече еден тикет чиј сопственик ќе има шанса за ЗЛАТЕН ГОЛ И НАГРАДА ОД 500 ЕВРА. Сопственикот на извлечениот и јавно објавен на разглас сериски број на влезниот билет ќе има ЕДНА можност: да шутира пенал во 3 точки при што највредната награда-доколку упати прецизен шут е ЗЛАТЕН ГОЛ и 500 ЕВРА. Но секој извлечен ќе има можност и да се откаже од шансата да шутира и да си добие награда од 50 евра, а ако тој што ќе шутира промаши тогаш ЗЛАТНИОТ ГОЛ за следниот натпревар ќе биде вреден 600 евра, и така наградата во случај на промашувања на секој натпревар ќе расте за 100 евра.
-За првпат по повеќегодишна пауза почнувајќи од куп натпреварот со Младост на 12 август во функција ќе бидат ставени тоалетите за публиката на малата трибина.
-На полувремето од секој натпревар, покрај ЗЛАТЕН ГОЛ, гледачите ќе можат да проследат и натпревари во мини фудбал 2х5 минути меѓу петлињата, а најавуваме и уште многу други пријатни изненадувања и забавни содржини, а наскоро промоција и на КЛУПСКАТА МАСКОТА.
-Секој гледач кој ќе ги собере и достави на верификација влезниците за сите натпревари на Победа во престојната сезона, ќе добие комплет влезници за следната-се надеваме прволигашка сезона.
-Во име на навивачите-нивниот преставник Јовица Релушкоски упати повик за помасовно присуство ан секој натпревар на Победа и коректно и фер навивање.
image.jpg
Убаво се ама за втора лига?Шо не бива не бива
 
@ MONKEY @

ultras
Член од
12 декември 2007
Мислења
280
Поени од реакции
153

Прегледај го приврзокот 125473
Убаво се ама за втора лига?Шо не бива не бива
ПРИЛЕП НЕ Е ЛОНДОН, МАКЕДОНИЈА НЕ Е АНГЛИЈА, ПОБЕДА НЕ Е ПРЕМИЕРЛИГАШ, САМО ЕДЕН ОБИЧЕН ВТОРОЛИГАШ, ЦИРУЗ НЕ НИ ТРЕБА, ВЛЕЗНИЦИ ЧЕ СИ ПЛАЈЧАМЕ АКО СЕ КОРИСТА ПАРИТЕ ФУНКЦИОНАЛНО, ФЕР И КОРЕКТНО НЕ НАВИВАМЕ ОТИ ИМАМЕ ДИВ ПРИЛЕПСКИ МЕНТАЛИТЕТ- МИ МИРИСА НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ.
 
E

Epsilon

Гостин
Damn, имаме пари за награди, а немаме за засилувања, па и Кемо замина...

:tapp:
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
-Одлучено е цената на влезните билети да изнесува 50 денари, а ќе можат да се купувата од официјални клупски продавачи нма влезници со мобилни фискални уреди. Секој билет ќе биде нумериран а секој гледач со него во една од кабините на малата трибина ќе може да добие гратис кафе
За какви црни официјални клупски продавачи со мобилни фискални уреди зборуваат не ми е јасно. И кој че ме запри да си влезам откај шо е паднат ѕидо или и оттаму че стојат батина со мобилни фискални уреди. :vozbud:
Нумерирани билети а на малата трибина само 300 столчина фалат, на големата да не прајме муабет то шо е останато ако седниш под газ че ти се распадни.
Значи ако сакам да си земам и кафе а имам нумериран билет :icon_lol: за на големата трибина, треба да станам да излезам да вртам низ улици да се качам на малата и да си земам кафе, па пак назад. :tapp:
Фудбал и кафе на стадион.:facepalm:

Во продажниот простор исто така гледачите ќе имаат можност да си купат и ладни безалкохолни напитоци и грицки.
Сандре без работа че го остајте на стари години бе, реума има чоеко од толку одење по утакмици досега, че нема за апчиња чоеко.:sick:
А на фишеците че го има амблемчето од Победа?:icon_lol:
Победа сончоглед и Победа семки :pos:

Се сложувам со @Epsilon, нема пари за играчи за награди секоја утакмица по 500 евра има.:facepalm: А дека во меѓувреме се распаѓа стадионо нема врска.

За првпат по повеќегодишна пауза почнувајќи од куп натпреварот со Младост на 12 август во функција ќе бидат ставени тоалетите за публиката на малата трибина.
Дрога користат, јас сум слепец или ко се праеше трибината се почести Ацуле ''тоалети'':icon_lol:

Секој гледач кој ќе ги собере и достави на верификација влезниците за сите натпревари на Победа во престојната сезона, ќе добие комплет влезници за следната-се надеваме прволигашка сезона.
:pos::pos::pos:
Ова е врв. Ако ги чуваат сите влезниците и влезиме прва лига, догодина денар нема да собера од влезици.
А колку шо не влегуваме сезонава...Барем 4 екипи че бида пред нас на крајот.
Значи збирајте влезиниците и в година беспари на стадион ама опет втора лига, само шо ко че вида дека никој не му оди и онака че напра беспари да биди. Ако не в година, че му текни до полусезона.;)
 
Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Садре под концесија че го земи киоско :)
Иначе на местото од Кемо го зедовме Благојче.Наше дете е во Турново (не)играше.Два три пати влезе во игра за две години
 
Член од
11 јуни 2014
Мислења
159
Поени од реакции
92
јас искрено не сакам одма прва лига да влеземе селска е прва лига па сеа уште со го туркаат љубанци од јохан скроз селска че стани иначе уба идеа е оваа со влезниците ама мислам наместо да даваат 500 евра можат 100 да даваат со тие 400 евра се зема добар фудбалер за 2ра лига...иначе во врска со навивањето дали че биди фер и коректно тоа незнам познавајчи го нашиот прилепски менталитет
 
@ MONKEY @

ultras
Член од
12 декември 2007
Мислења
280
Поени од реакции
153
Во среда куп натпревар Победа-Младост (царев двор) 17 : 30h инаку да се пофалиме како навивачка група се отвори канцеларија за сите навивачи и фанови на Победа во Бизнис Центаро (3 спрат)
 
Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Среда по пет банки влез да си знајте.И гага кафе а мож некој че лапни 500 евричи :D
 
E

Epsilon

Гостин
@INFERNO`

Дај ја сликата на фб упичку материна, баш вчера чаршија се влажневме да одиме по 10 души и ако земиме 500 еурос да делиме, ама им викам со фудбалерска топка че треба да погодиш ракометарски пречник, хахахаха и навистина испаѓа така.. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom