До негде се сложвам, ама ај да видиме од моја перспектива....
Точно дека НАЈГОЛЕМАТА шанса на Пелистер беше дома со Пандевци кај шо ја посраја работата, зато тогаш напишав таа утакмица беше MUST WIN ама ништо, со победа на тој меч тогаш 99% сега ќе бевме бараж....
Победата над Вардар, повторно дава влакно надеж од невозможното да се напрај возможно....
Да одиме со ред, следно коло:
-за опстанок
Пелистер-Шкупи
Скопје-Победа
-за европа
Силекс-Работнички
Шкупи го напрајвте небаре Манчестер Сити е, МОРА да се напомени дека албанските екипи кога гостуваат во Битола, после "петљата" накај Битола му се сечат нозете и други екипи се, истото е сезони наназад (освен сега не ја земам Шкендија која реално има играчи кои можат да играт во појаки лиги)
Точно е дека Шкупи има поквалитетни играчи ама не се непобедливи, плус имаме домашен терен (се надевам на домашно судење и се е можно)
Значи имаме нова шанса, односно поправен испит на
MUST WIN меч против Шкупи, не ја искористија шансата со Академија, еве му нова шанса на утакмица која 3те бода се вредни злато !
Многу од важност ни е и другиот меч од битката за опстанок Скопје-Победа, овде реално гледано на настаните, Победа нема што да бара во Автокоманда. Ептен незгодна екипа е Скопје сезонава, особено на домашен терен, каде до сега изиграле дури 11 пати нерешено кај нив.
Како шо кажа и самиот погоре, највероватно и ФК Скопје си има свој математики околу битката за опстанокот па највероватно ќе оди на победа, од овој меч нас најмногу ни одговара победа на Скопје или во најмала рака нерешено и НОРМАЛНО НИЕ ДА ПОБЕДИМЕ, без три бода на Пелистер, ништо не прајме од овој меч и највероватно ние сме патници во втора лига....
Шкупи и со пораз мислам има отворени шанси за тоа четврто место кое носи во Европа, со евентуална победа на Шкендија во финалето со Пелистер (каде шо реално и се очекува) освен ако не се повампири Пелистер
Само на Шкупи со евентуален пораз Среда, на мечот Силекс-Работнички би му одговарало нерешено или победа на Работнички (X2) само да не тепа Силекс...
Последно коло:
Шкендија-Пелистер
Победа-Ренова
Работнички-Скопје
Шкупи-Вардар (за Европа)
Пандев-Силекс (за Европа)
Работнички мислам 100% ќе игра Европа, а 99% типувам Шкупи дека ќе е четврт
Ако тепаме со Шкупи пред последно коло ќе имаме 2 бода пред Победа и Скопје (Скопје да тепа со Победа) ако изиграат тие нерешено, 1 бод ќе сме пред Победа и 4 пред Скопје и највероватно ФК Скопје ќе оди 2 лига.
Тогаш во последното коло и да изгубиме ние од Шкендија, тогаш од мечот Победа-Ренова ќе ни одговара и ИКС
само да не тепа Победа. Со евентуално на ист број на бодови со Победа, имаме подобар меѓусебен дуел со нив и ќе бидиме пред нив !
Во борбата за Европа, Шкупи во Чаир треба да има лесни 3 бода со Вардар, а Работнички ако не тепа сега кај Силекс, тогаш во последното коло со Скопје ќе оди на 3 бода, нема лесно да му ја дај како шо викаш Работнички ако е пласиран....
А Силекс игра толку катастрофално последно време, шо не гледам како би освоил 3 бода на гости кај Академија Пандев.
Јас мислам најмногу за битката во Европа ќе извиси Силекс и нема да играат, знак се и поразите од кој ќе стигнат во последно време.
А ако биди решено се за Европа како шо спомна и Работнички ја пушти на Скопје, тогаш зошто и Шкендија да не ја пушти на Пелистер ???
Тоа не го спомна нигде
Шкендија титулата ја обезбеди од Декември.
Јас мислам последното коло Шкендија ќе излези со младинците комбинација од втор и трет состав, ќе го чуваат првиот тим за со финалето кое е само одма по 3 дена !