Фан Клуб: ПСЖ

M

MrzaRules

Гостин
ПСЖ ќе газеле, па и ЛШ ќе освојувале. Каде бее, имаат многу муви за лапање за да бидат во елитата.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Ќе ве плескаме у Загреб,а ? :P
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.088
Поени од реакции
8.138
3 натпревар Тиаго Силва го нема што е работава има некој инфо ?
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
^
Повреден е. Ако се опорави навреме ќе игра за Бразил а како и да е до 15ти би требало да се опорави за да ја изигра првата утакмица за ПСЖ.:)

Нема да ја гледам утакмицата и победа, изгледа јас сум баксузот.:confused:
Пак два гола на Ибра, првиот по 27 секунди за одличен старт. Еве хајлајтс од утакмицата.;)

Добро е што победивме и тоа на гости против Лил кој би требало да ни биде најголем конкурент за титула. Да се надеваме дека тргна возот со победава и ќе се редат уште многу.

Еве и по некоја слика од славењето во соблекувалната, чисто да се види дека воопшто не е нарушена атмосферата меѓу играчите како што пишуваше по медиумите во последно време. Иначе ова дивеењево околу маса им е ко традиција, секоја победа се прославува вака.:D




А и Ван Дер Вил им бил во гости да ги упознае и да прослави со нив.:P

 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Против Тулуз играме во петок поради ЛШ за да имаме ден повеќе за одмор. Тулуз ни се стари пациенти па се надевам ќе победиме за да сврземе две победи по ред и да почне една долга победничка серија. Најверојатно ќе има некоја измена во првиот тим бидејќи Лавеци се враќа по суспензијата а и ВДВ можно е да игра. Покрај тоа веројатно ќе ги чува играчите и за дуелот со Динамо Киев во ЛШ.

Иначе вчера против Белорусија Жале го даде првиот репрезентативен гол и тоа каков гол, бомба.:P
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Вечерва против Тулуз нема да настапат: Тиаго Силва, Лавеци, Лугано, Ван Дер Вил, Сисоко...
Како и да е одиме на втората победа сезонава.:)
 

Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
Вечерва против Тулуз нема да настапат: Тиаго Силва, Лавеци, Лугано, Ван Дер Вил, Сисоко...
Како и да е одиме на втората победа сезонава.:)
Освен Лавеци што играше против Рен и не покажа ама баш ништо и што напрај апсолутно убер голема глупост со Ајачио да добие таков наивен црвен картон, другиве мислам ни немаат настап за ПСЖ годинава. Се ќе зависи повторно од еден човек вечерва.
 

Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
Малиов Верати е страшен, првата утакмица со Лориент воопште не беше заприметен али како ја игра оваа утакмица и со Лил, едноставно страшен е.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.915
Поени од реакции
924
ибра царот на милано наскоро ќе стане и на париз, уствари уште сега е :P
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
После 8 години пауза повторно ЛШ на Паркот на принцовите и тоа какво враќање. Одличен меч и висока победа против Динамо Киев која не е баш слаба екипа.
Тиаго Силва дебитираше со гол а одлично изиграа и Менез и Пасторе па и цел тим барем во првото полувреме бидејќи второто не го гледав.:)
Трета победа во серија, тргна возот.:P Наредна утакмица на гости со Бастија. Иако е тешко гостување очекувам победа.
Иначе вчера на Паркот имаше доста познати фаци во публика. Тони Паркер кој е редовен на утакмици заедно со Дешамп( и со женската де:love: ) Покрај нив беа и Тиери Омејер и Даниел Нарцис(ракометари, за тие што не знаат:D).
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.267
Поени од реакции
41.791
Тргна возот за ПСЖ, Ибра ако нема проблеми со повредите сезонава ќе го сруши рекордот у првенствово по број на голови на 1 играч, премногу лесно доаѓа до шанси за гол, премногу лесно истите ги постигнува, не гледам како би го запреле у првенствово да не продолжи во ваков стил да игра.
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Очекував малце потешко да биде ова гостување ама ме демантираа.:) Одлична колективна игра, се уиграа малце и одма доаѓаат резултатите. Имаше и некои ротации, Пасторе, Максвел, Жале и Алекс одмараа, а дебитираше ВДВ. Мислам дека тандемот Силва - Сако ќе биде оној стандардниот а Алекс се почесто ќе седи на клупа.
Нема ништо од муабетите дека Ибра и Нене биле скарани и ради нив била нарушена атмосферата во тимот. Баш и по вториот гол на Ибра се изгушкаа, не ми се веруваа дека има некои несогласувања меѓу нив.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom