Не знам што гледате, но Погба е одличен. Не 120, 240 милиони вреди она што Погна ќе го донесе во играта на Манчестер.
Мене најмногу ме радува што конечно му е најдено место на Фелаини каде што е корисен. Доаѓа противнички играч, му ја зема топката, му ја дава на Погба. Цар.
Денес и Руни е одличен, трча, се бори, центрира. Марсијал нешто послабо, очигледно е дека дечкото има приватни проблеми. Мислам дека е одлично што Мурињо инсистира тој да биде прва постава. Прво, заслужи со игрите од лани кога беше најдобар, друго, таков играч заслужува поддршка кога не му оди. Ќе проигра Марсијал за натпревар или два.
Туку, ме мрзи да го барам мислењето на
@Nemanjici дека Ибра не е засилување.
Кој цар е Ибрахимович, кој победнички менталитет, неверојатно. Штета што помина неколку години во селска екипа како што е ПСЖ.