Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ми се чини дека никогаш нема да разберите. Клоп во Дортмунд, каде беше шампион на Германија, играше ЛШ, НЕ КУПУВАШЕ ИМИЊА!!! Разберете дека секој менаџер си има свој пристап кога се купувањето на нови играчи во прашање. Клоп е од тие кои ги купува за пониска сума и ги доразвива во прави ѕвезди под негово водство.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.107
Поени од реакции
9.708
Секој што е реален и објективен во моментов ни на крај памет нема да му падне дека ќе има имиња летово. Неиграњето во Европа ќе го направи своето. Да се освоеше ЛЕ и да имаше ЛШ следна сезона, не верувам дека ќе останеше на вакви трансфери. Далеку од тоа дека ќе дојдеа светска класа играчи, Ливерпул е моментално на тоа ниво што ниеден играч во топ форма, а да биде име нема да дојде. Матип и Кариус според мене се одлични трансфери, во границите на можностите ова е солидно.
Кога ќе видам коментари по фб, само Саутемптоновци зимал клубот, тапа трансфери блабла. Необјективност максимална е тоа. Сите сакаат да видат шпекулација за Игуаин или Левандовски, само што реалноста е дека клубот е светлосни години далеку од тоа ниво. Мане одлично ќе дојде на тимов, не дека Геце нема да дојде или дека е лош играч, само до толку самопотценување не ми иде некако.
Имиња нема да дојдат и да играме ЛШ и да имаме менаџер некој како Мурињо на пример (пошто не зема овој анонимуси). Имиња ќе дојдат ако имаме пари макар не играле ЛШ и ни бил Марк Хјуз за менаџер. Да не играа Сити ЛШ кога почнаа да ги купуваат играчите пред некоја година? Клоп си зема играчи согласно можностите. Да беше менаџер на Реал неамше анонимуси да зема туку ѕвезди. Сега за нашата ситуација. Засилувања како кариус, матип, Хектор би биле супер. Многу ќе се засилиме на тие неколку позиции без да преплаќаме играчи. Ама барем едно докажано засилување мора да се земи да не се лажиме. Можеле не можеле мора да земат како знаат и умеат
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Ми се чини дека никогаш нема да разберите. Клоп во Дортмунд, каде беше шампион на Германија, играше ЛШ, НЕ КУПУВАШЕ ИМИЊА!!! Разберете дека секој менаџер си има свој пристап кога се купувањето на нови играчи во прашање. Клоп е од тие кои ги купува за пониска сума и ги доразвива во прави ѕвезди под негово водство.
Се тоа фино, ете Кариус и Матип се такви трансфери by the book. Само што со такви трансфери, титула во Англија е рамна на сензација како оваа на Лестер. Мора да се донесе барем еден ЛИДЕР во права смисла на зборот, некое играчиште што ќе биде мотиватор и ќе го носи тимот на грб, правејќи ги и другите подобри. Типични примери се Стиви и Суарез. Моментално ниеден таков играч нема и затоа ситуацијата е ваква.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.107
Поени од реакции
9.708
Ми се чини дека никогаш нема да разберите. Клоп во Дортмунд, каде беше шампион на Германија, играше ЛШ, НЕ КУПУВАШЕ ИМИЊА!!! Разберете дека секој менаџер си има свој пристап кога се купувањето на нови играчи во прашање. Клоп е од тие кои ги купува за пониска сума и ги доразвива во прави ѕвезди под негово водство.
Не купуваше пошто немаа пари Дортмунд. Кога кренаа малце почна да зема играчи како Ројс (18 милиони) Мкхитарјан (25 милиони), Обамејанг (15тина), Имобиле (30 милиони).
Овде толкави се можностите моментално и ќе зема такви играчи. Нека дојдат арапи енка му дадат 500 милиони за трансфери сигурно ќе се заебава тој со Грујичи, Жељковци итн
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Не купуваше пошто немаа пари Дортмунд. Кога кренаа малце почна да зема играчи како Ројс (18 милиони) Мкхитарјан (25 милиони), Обамејанг (15тина), Имобиле (30 милиони).
Овде толкави се можностите моментално и ќе зема такви играчи. Нека дојдат арапи енка му дадат 500 милиони за трансфери сигурно ќе се заебава тој со Грујичи, Жељковци итн
И кој од овие беше ѕвезда? Никој. Сите беа солидни играчи ама не го имаа достигнато својот максимум. Тоа ми е муабетот, шо Клоп троши пари ама сигурно нема да фрли пример 40тина милиони на некој играч. Освен нормално ако не се работи за некој квалитет.
Се тоа фино, ете Кариус и Матип се такви трансфери by the book. Само што со такви трансфери, титула во Англија е рамна на сензација како оваа на Лестер. Мора да се донесе барем еден ЛИДЕР во права смисла на зборот, некое играчиште што ќе биде мотиватор и ќе го носи тимот на грб, правејќи ги и другите подобри. Типични примери се Стиви и Суарез. Моментално ниеден таков играч нема и затоа ситуацијата е ваква.
Немаме. Се согласувам. И јас сметам дека треба да се купи еден таков играч кој ќе ја крени атмосферата во соблекувалната. Од реалните трансфери, најблизу сме до Гетце.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.107
Поени од реакции
9.708
И кој од овие беше ѕвезда? Никој. Сите беа солидни играчи ама не го имаа достигнато својот максимум. Тоа ми е муабетот, шо Клоп троши пари ама сигурно нема да фрли пример 40тина милиони на некој играч. Освен нормално ако не се работи за некој квалитет
Не биле ѕвезди ама не биле анонимни играчи како некои претходно. Толкави му биле можностите и тие ги зел. (отишол ниво погоре). Да имал пари после ќе ги земал Суарез, Нејмар итн.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Секој што е реален и објективен во моментов ни на крај памет нема да му падне дека ќе има имиња летово. Eдинствено Геце или евентуално некое друго име што ќе пробува да си го врати сјајот, иначе тешко. Неиграњето во Европа ќе го направи своето. Да се освоеше ЛЕ и да имаше ЛШ следна сезона, не верувам дека ќе останеше на вакви трансфери. Далеку од тоа дека ќе дојдеа светска класа играчи, Ливерпул е моментално на тоа ниво што ниеден играч во топ форма, а да биде име нема да дојде. Матип и Кариус според мене се одлични трансфери, во границите на можностите ова е солидно.
Кога ќе видам коментари по фб, само Саутемптоновци зимал клубот, тапа трансфери блабла. Необјективност максимална е тоа. Сите сакаат да видат шпекулација за Игуаин или Левандовски, само што реалноста е дека клубот е светлосни години далеку од тоа ниво. Мане одлично ќе дојде на тимов, не дека Геце нема да дојде или дека е лош играч, само до толку самопотценување не ми иде некако.
Ди Марија и Фалкао во Јунајтед поради ЛШ отидоа или поради парите кои им беа дадени за да играат?

Ливерпул и да игра ЛШ, Клоп нема да купи играч кој е во врв на фудбалски свет, едноставно не ги сака. Единствено блиску до тоа може да биде некој игач на Ројс, кој си го знае. Едноставно, сака да си прави он играчи, не да купува нечии производи.

Дека Ливерпул нема пари да плати, мало морген.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.107
Поени од реакции
9.708
Ди Марија и Фалкао во Јунајтед поради ЛШ отидоа или поради парите кои им беа дадени за да играат?

Ливерпул и да игра ЛШ, Клоп нема да купи играч кој е во врв на фудбалски свет, едноставно не ги сака. Единствено блиску до тоа може да биде некој игач на Ројс, кој си го знае. Едноставно, сака да си прави он играчи, не да купува нечии производи.

Дека Ливерпул нема пари да плати, мало морген.
Не би рекол дека нема да купи. И него му е јасно дека со вакви играчи не тера далеку. Не викам дека сите треба да се класа. Нека зема вакви ама барем еден докажан мора. Инаку само ќе ги развива и ќе му ги купуваат пред тимот да му го достигни врвот како екипа. Нека го стават менаџер на Реал мислиш нема да зема ѕвезди? Мада таму и Перез ќе му ги тутка под нос. И Роџерс земаше вакви играчи па кога имаше шанси бараше Санчези, Вилијани итн ама курац пари. Проблемот е што тој и многу просечни играчи преплати заедно со господата од комитетот
 
Абе кој курац пари, Санчез не одјеба за Арсенал, Ливерпул повеќе пари му понуди ем бевме у полпозиција пошто им го даовме Суарез.
Каква врска имаат парите во тој трансфер?
Иначе, да кажеш дека Ливерпул нема пари е малку смешно, да не кажам трагично.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.107
Поени од реакции
9.708
Абе кој курац пари, Санчез не одјеба за Арсенал, Ливерпул повеќе пари му понуди ем бевме у полпозиција пошто им го даовме Суарез.
Каква врска имаат парите во тој трансфер?
Иначе, да кажеш дека Ливерпул нема пари е малку смешно, да не кажам трагично.
Добро за Санчез така беше. Ама милион пати го одјебаа Роџерс од клубот за пари. Ете Санчез не дојде што не му дадоа пак толку пари да купи некој туку Балотели му го тупнаа
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Добро за Санчез така беше. Ама милион пати го одјебаа Роџерс од клубот за пари. Ете Санчез не дојде што не му дадоа пак толку пари да купи некој туку Балотели му го тупнаа
Не знам, тоа треба Ер и Роџерс да ги прашаме, зошто кога Санчез не одјеба, не тргнаа по друг играч од тој квалитет ама тоа е веќе друг муабет. Пак ќе кажам, најголема илузија е тоа дека Ливерпул нема пари за трошење и не троши за играчи.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Ди Марија и Фалкао во Јунајтед поради ЛШ отидоа или поради парите кои им беа дадени за да играат?

Ливерпул и да игра ЛШ, Клоп нема да купи играч кој е во врв на фудбалски свет, едноставно не ги сака. Единствено блиску до тоа може да биде некој игач на Ројс, кој си го знае. Едноставно, сака да си прави он играчи, не да купува нечии производи.

Дека Ливерпул нема пари да плати, мало морген.
Ди Марија ете го, единствен класа играч што отиде во тој Јунајтед. Фалкао без колена и после Монако не е баш некој успех да го донесеш. Нема шанси да не сака да купи барем еден класа играч кој ќе биде лидер. Чим ние лаички викаме дека фали предводник на тимот тоа сигурно Клоп го знае и ќе мора да се купи играч со таков менталитет.
Ливерпул преодниов рок нема шанси повеќе од 100-120м фунти да има за трансфери што за денешниов пазар е премалку, со оглед на тоа какви играчи сакаме и бараме.
 
Лесно е сега да се смееме за Фалкао ама реално, да ни го понудеа тој преоден рок и нас, 99% од фан базата потпишуваше со две раце. Тоа што испадна дека е стаклен и дека никад нема да биде ни осмина од тоа што бил е веќе друг муабет. За Ди Марија, нема што да се збори, најдобар играч претходна сезона, топ3 играчи на светско, дојде во клуб што не игра ЛШ.

Во врска со финансиите, кога Ливерпул ќе продаде се' што планира Клоп, јас мислам дека нема да бидеме во минус, не па да имаме потрошено 100-120 милиони.

Овој преоден рок според мене ќе си купува како и секогаш ОСВЕН ако не земе некој играч од Дортмунд, кој е веќе изграден ама е сепак негов.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558

Kajgana Shop

На врв Bottom