Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
D

Darko_ufo

Гостин
Значи цело време си викав како може покрај овие порази да не се стават играчите во карантин и еве сега цела недела да ти биле ставени во каранитн. Па добро што чекаше будалата до сега, требаше цел месец да го поминат во каранитн да не ги напуштат просториите на тренинг центарот, ни жена ни деца ништо да не видат и 24/7 со психолози, психијатри и бајачки да работат.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Несудениот играч на Интер,Езекиел Лавеци си го фати патот под нозе за Кина,потпишал со некој тим за неделна плата од 400к.Добар бизниз баче
 
D

Darko_ufo

Гостин
Несудениот играч на Интер,Езекиел Лавеци си го фати патот под нозе за Кина,потпишал со некој тим за неделна плата од 400к.Добар бизниз баче
Ќути не спаси, Манчини и него ќе го земеше и ќе игравме 3-2-5 ама напаѓачите сите ќе беа со дефанзивни задачи, Едер, Перишиќ, Јоветиќ, Љаиќ, Бијабијани, Паласио, Икарди и Лавеци ќе ни фалеше.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Ќути не спаси, Манчини и него ќе го земеше и ќе игравме 3-2-5 ама напаѓачите сите ќе беа со дефанзивни задачи, Едер, Перишиќ, Јоветиќ, Љаиќ, Бијабијани, Паласио, Икарди и Лавеци ќе ни фалеше.
Спасот е само шут карта за Манчини,бидејќи е тотално лимитиран во поглед на тактичките замисли.Подобро Барези нека ги води до крај на сезона,па тогаш нека се бара посериозно решение.Биелса може да се собере,со Билбао чуда правеше додека беше кај нив,а и во Марсеј за тоа кратко време додека беше ги имаше средено коска.Тоа што малку е мрднат и си има фалинки во главата е сасвим друга работа.
Додуша и нема други посериозни тренери,Чоло најверојатно е договорен со Челзи,а Мурињо со Јунајтед,Блан не би ги оставил милионите на ПСЖ.
Што знам,кнап е работава.

а има Интер добри играчи да се склопи еден јак состав кој би се борел за првите три позиции во Италија,само треба тактика и мотивација,квалитетот е тука.Треба воигрување на едни исти играчи кој би биле недопирливи во прв состав,а како резерви да има играчи кои во секое време би гризеле за прв состав.


Ханда на гол,одбрана составена од Нагасан,Миранда,Мурило и Телес.
Мислам дека ова е најдобро за во одбрана што го има Интер моментално.

Средниот ред Медел како последен играч за врска,после Кондогбија и Броз во средниот ред,а како нивни замени Мело,Гнокури и некој од младински состав.Гнокури треба повеќе шанса да добива,заслужува малиот по ланските настапи кога одигра ептен јако.

Нападот е многу комплициран,не знам Манај зошто го малтретираат сеуште во прв состав кога нема ни да стапне на терен.

Јојо и Лајиќ на крила,а во напад Икарди.На клупа Едер,Перишиќ,Паласио и Бљабљани што е сасвим солидно за екипа што се бори за едно од првите пет места на табела.


Грешката е направена во зимскиов преоден рок,требаше да се тргне по креативец во средниот ред,по играч што ќе ја поврзува играта помеѓу одбраната,средниот ред и нападот.Играч што ќе го симнеше притисокот од Јојо и остала навална линија.Вака ептен премногу се очекува од сите што се во навална линија и се губат во сивилото наречено лоши перфоманси.

Јас би го земал зимава Соријано,а би го договорил за на лето Едер,таман додека Паласио си ги спакува куферите.Ама тоа е,иаме амеба од тренер на клупа и мора да се носиме со тоа.Пичка у душа и лимитиран во секој поглед.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Барези не е ни у тимот доле, има некоја минорна функција у клубот, скаут нешто го ставија.
Иначе и Блан продужи договор со ПСЖ.

На лето ако го ногираат Манчини едина опција останува Конте ако ја остави репрезентацијата нормално.
Ако не нека остане Манчини, боље он него да заглавиме со нов Мацари или Серсе Косми.
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Грешката е направена во зимскиов преоден рок,требаше да се тргне по креативец во средниот ред,по играч што ќе ја поврзува играта помеѓу одбраната,средниот ред и нападот.Играч што ќе го симнеше притисокот од Јојо и остала навална линија.Вака ептен премногу се очекува од сите што се во навална линија и се губат во сивилото наречено лоши перфоманси.

.
Мое мислење е дека Манчини намерно несака да купува креативец бидејки нема да му се уклапа во неговиот систем. Ако сакаше таков тип на играч ќе купеше Интер. На пример времето кога беше менаџер во Манчестер Сити истите тактики ги употребауваше. Во тројката во средниот ред се му играа Де Јонг, Бери и Јаја Туре, а те сега во Инер со Мело, Медел и ае да го стаеме Кондогбија. Не верувам дека е коинцеденција. Де Јонг и Бери се класични ДМ, а Јаја може да игра и во поофанзивна позиција. Манчини игра без ризик и затоа си има проблеми кои упорно ги игнорира.
 
Последно уредено:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Мое мислење е дека Манчини намерно несака да купува креативец бидејки нема да му се уклапа во неговиот систем. Ако сакаше таков тип на играч ќе купеше Интер. На пример времето кога беше менаџер во Манчестер Сити истите тактики ги употребауваше. Во тројката во средниот ред се му играа Де Јонг, Бери и Јаја Туре, а те сега во Инер со Мело, Медел и ае да го стаеме Кондогбија. Не верувам дека е коинцеденција. Де Јонг и Бери се класични ДМ, а Јаја може да игра и во поофанзивна позиција. Мамчини игра без ризик и затоа си има проблеми кои упорно ги игнорира.
тоа дека е горделив идиот што не сака и нема муда да си ги признае грешките.Креативец му треба како вода во очи,бидејќи денеска фудбалот без креативец едноставно е незамислив.

Идеме по некоја логика,се пласираме во ЛШ следна сезона и ни се паѓа некоја заебана екипа како Монако,па ќе ни ги истурат цревата на сред Милано и ќе си играат ластик со нив.

Креативец денеска мора во екипа да се има,а тоа што Манчини е глуп како точак и си нема врска од тактички е замисли е сосем друга работа.
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
тоа дека е горделив идиот што не сака и нема муда да си ги признае грешките.Креативец му треба како вода во очи,бидејќи денеска фудбалот без креативец едноставно е незамислив.

Идеме по некоја логика,се пласираме во ЛШ следна сезона и ни се паѓа некоја заебана екипа како Монако,па ќе ни ги истурат цревата на сред Милано и ќе си играат ластик со нив.

Креативец денеска мора во екипа да се има,а тоа што Манчини е глуп како точак и си нема врска од тактички е замисли е сосем друга работа.
Јасно ми е, и јас се слагам со тоа дека Интер мора да купи креативец и да игра, а не во средниот ред сите играчи му се дефанзивно ориентирани. Ама тој изгледа несака, односно си има други замисли, ама ете не му оди. А вашиот Манчини, а Луис ван Гал во Манчестер. Ако треба ќе добијат отказ, ама на своето ќе си останат колку да се во право или не. Инати во коски.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Како што ми личи на последниве слики од тренингот на Интер во сала Јоветиќ и Љаиќ како да симнале некое кило, како да се ставени на посебен режим па може и затоа не играат последниве три недели... Ама сериозно ми личиат на ослабнати а и гледам не се бунат дека не играат, се мислам дека има некој меѓусебен договор. А и може само си се тешам :D

Доказ слика:
 
Последно уредено од модератор:
D

Darko_ufo

Гостин
Добро знам што се но работава е свртена на заебанција и тоа на Кондогбија личи како овие помагала за одење на бебиња.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom