Редовно го читам форумов и некои членови како Сајбер даваат многу реална слика на случувањата.
Меѓутоа најверојатно пола од членовите кои коментираат тука, кои очекуваат чуда, кои очекуваат Лига на шампиони не биле до сега на утакмица.
Поради обврски се случи денес прв пат да отидам да изглеам натпревар на Вардар од новава сезона. Во очекување по највата на некои од дечкиве од форумов очекував чуда од играчиве (нели кадарни да играат по групи у некој европски куп). И тоа што го видов подобро да не го видев. Брате брука што би рекле "браќата" Срби (вечерва видоа и они што е тоа брука). Епа пријатели со тим што БУКВАЛНО не знае да шутне асално на конец виси титулата у Мк, а Европа прво коло поминување здравје за некоја година (10-15 можеби). Играчиве приказна за себе, срамота е овие аматери тие пари да ги земаат, али тоа е тоа. Тоа е тоа зашто преголеми очекувања имав, али денес се падна во вода. Ерменците двајца може преодна оценка, а тој новиот 45ката, се глеа зашто не успеал у Шахтјор (дај Боже да грешам, да искочи добар играч), па добро бе секој ден се со топката, како тоа да не научат да шутнат асално, да не знаат да нафрлат асално......
Лани првенствово повеќе ветуваше, годинава штом Вардар со овие "фудбалери" е толку очаен, нејќам да помислам другиве екипи кога играат кој циркуз е тоа.
Како и да е Еден е Вардар каде и да сме.