Фан Клуб: Вардар

Ф

Флеш

Гостин
http://fkvardar.mk/article/vesti/na_koj_mu_smeta__koj_se_plashi_od_potencijalot_na_vardar_vo_ffm_-8748-7299-122

Војната Вардар-ФФМ продолжува, денешната реакција е последица на вчерашната одлука на ФФМ повторно да се казни Вардар поради однесувањето на Комити на мечот Вардар-Турново:eek: ги слушна ли Илчо скандирањата против него и затоа ли казнува? Се се плашам дека ќе се повтори истата приказна како во времето на Ѕинго.
(y) за трансферот на Попов. Доведувањето на уште еден репрезентативец треба да го искористат да удрат на маркетинг да се испромовира тимот не знам што спијат. А и народов што очекува и Меси да го донесеат пак нема да доаѓаат на стадион.
Доведуваме екстра играч(иако сака лубеници:) ),премиер лига,холандска лига,украинска лига,Европа Лига,2 пати најдобар играч на месецот за ВБА, 1,5 милион вредност,само оние кои не следат фудбал ќе кажат дека сме будали зошто се радуваме дека Попов доаѓа во Вардар.
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.618
Поени од реакции
2.719
Kako moze da se negira transferov na Popov? Tipot e zver , nikoj nemoze da mu bide konkurencija. Ako sakame JAK Vardar Popov e odlicno resenie i pocetok na nova era vo fubdalot kaj nas i nosenje na drugi zvucni iminja od MKD. Steta sto nema ubavi tereni i drugi jaki klubovi ali se nadevam deka ke bide i toa. Ljamce nema da mrdne od kluba, dodeka Glisic nz krivo mi e za igracot ali sepak nemoze da se sporeduva so Popov.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.470
Поени од реакции
68.811
Глишиќ е играчот кој ме воодушевува со играта, особено што испратив доста критики на негова адреса. Да не се некои ситни киксови со лошо вратени топки, мислам дека заслужи перфектна оценка. Особено доста е физички спремен што особено ме радува.
Од друга страна, Љамчевски е човекот кој според мене највеќе потфрла...
Со доаѓањето на Попов, Глишиќ заслужува да игра крило, позиција која според мене може и повеќе му одговара. Љамче е добар за резерва, ипак слабо сме покриени на овие позиции.
За Попов нема што да се коментира, може карактерно е сељак, ама на терен особено за нашава лига е ѕверотина. Да не заборавиме дека пред глупостите во репрезентација, практично се крстевме во него.
Лошо е што ќе заигра тек од пролет, ама па добро е што го добивме за подолго време, што е веќе друга работа отколку носење на позајмица, па после враќање во Динамо и никаква ќар ќе немавме од него за во Европа.
Една полусезона е доволна да се вклопи во тимот. Барем ќе може да игра во Б лигата, па сигурно ќе се воигрува со дел од своите колеги од првиот тим.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Екстра играч е Попов за наши услови... до пред 6 месеци можевме да сањаме за имиња што настапувале во Англија, Холандија, Украина, Белгија, Кипар, а еве веќе втор играч од таков калибар во рок од 2 месеци како го придобивме кај нас. Грне прв повлече нога, Попов се надоврза, да се надеваме дека нивниот пример ќе го следат и останати наши докажани интернационалци.
Само не ми е јасно што се чека уште со тренерот. Ги имаат слободни Јаневски и Костов, и двајцата не кријат дека немаат ништо против да дојдат во Вардар, а ние си губиме време со тешка незналица?! На онакви припреми, без разлика што тимот не ни е покриен соодветно на сите позиции, односно сеуште кашла, не смее да се мачи против бункерот Ренова, Турново и Силекс во никој случај. Толку ли не забележува газдата?!?
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Glisic nemoze da igra mislam levo krilo , bek si e klasika
Врска немаш бе, каков калсичен бек, Глишиќ може по лева страна да игра на било која позиција, плус и таа му е природна позиција во младиници крило има играно.[DOUBLEPOST=1411061158][/DOUBLEPOST]Со Попов сеа левата страна ни е одлично покреина т.е од март. Во Јануари да го донесат како десно крило радески, и да не го гледам оној Асани во тимот, нека си игра во б-лигата.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
(y) Одличен трансфер, класа играч без обештетување. Ако му е дојдено до играње фудбал, а не лапање пари и ладење, добиваме страшно засилување. Е сеа мал проблем е што баш на таа позиција го имаме Глишиќ кој досега беше еден од најдобрите, се надевам дека ќе се снајдат двајцата заедно по таа лева страна и еден од нив ќе може да игра како крило.
 
Ф

Флеш

Гостин
Искрено сеа јавно ќе кажам сеа,ги подигам очекувањата на Вардар за влез во Европа,имаме навистина супер екипа од напред до назад со одбрана која има искуство од Европа,имаат се што е потребно.Порано ставот ми беше дека далеку се од посакуваната целта но со Попов,Ерменците,Грнчаров,имаме добра екипа и мислам реално е да речеме дека овој пат и би требало да стигнеме барем до групи.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Прво, одличен трансфер макар се покажал и како флоп, конечно успеваме да донесеме какви такви имиња...

Друго, Попов игра слабо одбрана, според мене Глишиќ е најдобро да си остане бек, додека Попов да се форсира крило и така го влече топката напред, има искуство и ќе нема проблем да игра на таа позиција.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.470
Поени од реакции
68.811
Истотака за Европа ќе биде добро што ќе ни одговара играта на противникот. Реално ние имаме добар тим ако играме против противник кој игра поофанзивно. Со оглед на тоа што ќе бидеме аутсајдери против било кој Европски противник, сигурно нема да ни играат бункер како Турново или Ренова, туку ќе одат на победа. Шкендија и Металург играа отворено и си папнаа катастрофални порази :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Прво, одличен трансфер макар се покажал и како флоп, конечно успеваме да донесеме какви такви имиња...

Друго, Попов игра слабо одбрана, според мене Глишиќ е најдобро да си остане бек, додека Попов да се форсира крило и така го влече топката напред, има искуство и ќе нема проблем да игра на таа позиција.
Ни Глишиќ не енешто подобар бек, Глишиќ во одбранбените задачи е добар само ради неговата физичка подготвеност, во игра знае многу лесно да испадне . Попов е далеку поискусен во извршување одбранбени задачи скоро цела кариреа ја игра како бек а и за нашава лига он е класа играчиште така да нема да се приемти дека е слаб во одбрана, така да според мене боље е Попов да си игра бек, Глишиќ крило со тоа и ќе добиеме ирач, кој цело време и ќе помага на одбрната и плус ќе биде прв во контри. Попов не сум сигурен дека би можел да игра цело време со толку високо темпо.
 
Член од
10 август 2008
Мислења
695
Поени од реакции
1.888
Кога ќе видам секакви коментари на интернет на некои дека Попов не е тоа шо бил, добро бе дебили едни кога имавме играчи како Нено и компанија сонувавме да имаме барем еден репрезентативец сега кога конечно тимов на играчки план заличува на нешто мора бе на секоја позитивна работа да се изеде гомна. Дошол тука да се слика со лубеници :facepalm: ако игра на ниво нека се слика " со тате на пазаро " колку сака. Трагедијата е што сите што лаат против Попов и Грне што дошле во Македонска лига да играат и ги прават будали први ќе дојдат до карта за натпреварите во Европа и ќе се прават најголеми Вардарци.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2012
Мислења
3.312
Поени од реакции
5.556
Абе гледам не го саката Љамче сега, а и така ќе ви биди вишок па не би било лошо да дојди кај нас на позајмица на полусезона таман да ве реши во пролетниот дел :D
 
Член од
10 август 2008
Мислења
695
Поени од реакции
1.888
Абе гледам не го саката Љамче сега, а и така ќе ви биди вишок па не би било лошо да дојди кај нас на позајмица на полусезона таман да ве реши во пролетниот дел :D
Легендата вели дека Вардар секогаш освојува титули со барем најмалку еден Битолчанец во тим. Затоа не го даваме, да фати лекот :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.537
Поени од реакции
3.736
Врска немаш бе, каков калсичен бек, Глишиќ може по лева страна да игра на било која позиција, плус и таа му е природна позиција во младиници крило има играно.[DOUBLEPOST=1411061158][/DOUBLEPOST]Со Попов сеа левата страна ни е одлично покреина т.е од март. Во Јануари да го донесат како десно крило радески, и да не го гледам оној Асани во тимот, нека си игра во б-лигата.
Во младинци, леви офанзивни бекови играа Глишиќ и Ашковски, али секогаш играа или едниот или другиот, заедно никако. И во принцип играчите по десна страна од противничките екипи се радуваа кога Глишиќ играше против нив затоа што тоа значеше најдобра шанса да си го покажеш квалитетот. :D
Без разлика што играл во Тбилиси, не знам колку добро би изгледале како пар по таа лева страна со Попов, во наше првенство може да играат, али за во Европа на крило ќе мора да донесат играч што е подобар во офанзива од Глишиќ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom