МИЗЕРИЈА
браво за Гранада што зема бод (навивав нерешено да заврши утакмицата), зошто резултативе заслепија многу луѓе, никаква игра!
вртење у круг и чекање автогол на противничката екипа??
сега се прашувам Атлетико и Виљареал да не си бапнаа автогол за 1:0 каде ќе бевме на табела? моја претпоставка е негде до Билбао +1-2 бода.
Нуно ги потроши кај мене сите џокери, без шут во гол до 70 минута и не прави измена
ете денес ги имаше на средина Андре и Парехо и пак без шанси и течна игра, среќа па Негредо е класа и финишираше за водство, за после гол да ни даде играч со име "Success".
Нуно покажува дека е лимитиран тренер, што неможе тимот да го изнесе од криза, нема никаков напредок и дефинитивно не вади максимум од некои играчи.
не би го мењал до крај на сезона иако треба да се размислува за тоа, било кое место да заврши Валенсија (1-17), ако успее да освоји КдР, ќе ја прогласам сезоната за успешна.
добра работа е што Биелса на крај на сезоната ќе си оди од Марсеј и треба да се размислува за него, иако незнам дали би се нафатил да работи во Валенсија зошто Мендес ќе му донесува играчи, а он тоа не го сака. Рано е да се размислува за вакви работи, ама Нуно е тапан.