Пазете го вие Реал шо прави, во меѓувреме Чоло и компанија со победи од 1-0 стасаа на прво место онака ко од шала.
Од тоа што го имам гледано од нив сезонава, далеку се од пред две сезони. Не верувам дека со оваа игра ќе успеат да освојат. Многу пати се извадија во последните 10 минути, сега за сега одбраната ги вади, ќе видиме до кога, мислам дека ќе почнат да попуштаат и таму, посебно против посолидните екипи. Сега последнава со Леванте на домашен терен лесно можеше ни бод да не освојат. Ќе видиме Барса и Реал како ќе продолжат, ако нема непланирани киксови мисла дека Атлетико трети ќе завршат.
Штета што на ваков Реал не му бегаме 8/9 бода. После Ел Класико, мислев дека мадриѓаниве ќе се консолидираат, али сега за сега ништо. Мораше тоа подобро да се искористи. Ќе видиме како ќе тераат сега со Зидан, како што се шпекулира.
Ако го шутнат Бенитез, ќе се соберат, ќе добијат на мотив и желба. Верувам дека ќе бидат доста подобри, доволно е мотивацијата да им се зголеми и да почнат да врзуваат победи. Јасно беше дека му се броени деновите на Бенитез.
Затоа мораше да се искористи ситуацијата во која се наоѓаше Реал.