Ако продолжи вака според мене треба да остане првотимец Вермален, заедно со Пиќе. Бартра ќе го одмара Пиќе, а Маскерано, Вермален и Бускетс. Матје мислам многу ретко ќе добива шанса годинава, по малку на штопер и бек. Клупата ни е кратка до Јануари. Ќе мора Енриќе почесто да ги ротира, а С.Роберто нека си остане на десен бек, нема шо да бара у средина.. додека на бек покажа солидни партии. Иниеста мора и него почесто да го ротираат, склон е на повреди... А триото напред незнам. Сите тројца сакаат да играат по 90 мин. Едино може Суарез и Нејмар по 10-15 мин на веќе решени утакмици.
Годинава купот треба да се занемари, џабе да не се заморуваат играчите. У прв план треба да биде одбрана на ЛаЛига и ЛШ.. да бидеме прв тим што ја одбранил титулата.
Бартра, Сандро, Мунир, С.Роберто, Гамбау, Сампер, Камара.. па и Даглас, Адриано, Матје треба да добијат шанса во купот и до кај стигнат, стигнат.