Тензичен натпревар,имавме многу среќа што првото полувреме не го завршивме со негатива и пресуден беше ранопостигнатиот гол во второ полувреме.После водството се сменија драстично работите и требаше да запнат да дадат уште еден гол,да победиме со два гола разлика и да имаме право на 3 кикса,али тоа е задоволен сум и со ова.Одбраната ни беше на ниво,особено Пике кој имаше неколку страшни интервенции како клизачкиот старт кон Бејл.Средината слаба ептен,Само Маскерано солиден,Иниеста невидлив а Иван успорен снимак(сепак имаше 9.3км истрчано до 70мин,информација што не е за потценување).Нејмар лесно ги поминуваше али на крај се какаше цело време.Меси солиден.Суарез ни донесе 3 бода
.Со каков осет го даде голот
Најмногу од се ме нервираше што во неколку наврати и Меси и Нејмар можеа да го проиграат Суарез,а тие цело време се играат меѓу себе или себичат(особено Нејмар).Меси да го проиграше Суарез лево,место Нејмар во ситуациата кога вториов го промаши голот од десна страна,гарантирам со глава дека Суарез ќе дадеше гол.Најбитно е освоивме 3 бода и сега имаме 4 бода предност и 10 кола до крај.Ако ги тепаме Селта и Севиља на гости ќе завршиме голема работа.Валенсија ќе ја искршиме.
Заборавив да го спомнам Браво,страшно добро бранеше и е еден од најзаслужните што освоивме 3 бода.
Менс оф де меч според мене
,
и Пике.