Фан Клуб: Барселона

Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Мислам дека малку го потценуваме уделот на Нејмар во играта на Барса. Се сеќавате лани кога Меси беше повреден тој го носеше тимот 2 месеци. Ама уште побитно е што прави кога Меси е во игра односно отвара простор. Кога игра Нејмар дел од вниманието на противниците оди кај него со што се отвара простор за останатите, сетете се само што се случување пред неколку години кога го игравме Педро на слична позиција.
 
P

pepito*

Гостин
Наместо Туран и Гомеш да го донесевме Верати мирна глава ќе имавме. Најдобар среден играч во светот, контрола на топка од класата Чави, Иниеста ја има малиот. За Туран и Гомеш дадовме 70-75 милиони евра, да се пратеше таква понуда до арапиве можда и наш ќе беше. Кутињо според мене не вреди толку, не може да е замена на Иниеста пошто повеќе ми изгледа како крило и нема таква контрола на топка. Од друга страна има страшен шут и супер техника, ама тоа што ми фали најмногу моментално во тимов е тоа некој да ја нагази топката во отсуство на Иниеста. Паузата ни фали, ах златен Чави.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Мене ми се допаѓа Гомеш, мислам дека има потенцијал во него а и моментално ниво му е многу добро.

Арда како десно крило не го сакам, подобро е да се купи десен бек а Роберто да си игра резервно десно крило. Колку убаво соработуваа лани со Суарез кога игравме принудно модифицирана 4-4-2 формација
 
P

pepito*

Гостин
Немам искрено ништо против Гомеш, ама не мислам дека ќе биде најдобар среден играч на светот, тоа е проблемот. Најдобрите играа кај нас - Чави, Иниеста и Бускетс и ние бевме најдобри. Сега Верати ќе биде најдобар, а страшни играчи како Крос, Модрич и Иско се веќе во Реал. Мораме да имаме таков играч и кај нас.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Нејмар е ѕверотина и иден најдобар играч во светот, какво продавање, какви кутињовци, какви пичке материне. Овие што се покажуваат како добри во просечните тимови, кога ќе дојдат во Барса си викаш како е можно да е толку слаб, а како играше таму. Тоа се играчи како Санчез, Пако, Денис Суарез итн. Продажба на Нејмар е најглупиот потег што може да го направи Барса, не за џабе нудат стотици милиони за него. Видовме и Ливерпул купи 10 играчи со парите од Суарез и каде беше после тоа. Истото го направивме и ние годинава, изнакупивме просеци и затоа се резултатите вакви.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.277
Не сакам да ви паметувам кај вас во фан клуб, али мислам дека е во право @The Shadow Walker. Мора Барса да бидат стрпливи со Нејмар, дечкото е предобар играч има потенцијал да биде лидер и е играч врз кој може да се гради екипа. Сигурно ќе биде во топ 3 најдобри играчи во наредни 5 години. Менталитетот и понашањето со тек на годините ќе му се смени, како што ќе старее и ќе созрева. Ваков беше Роналдо на времето у Манчестер, курчало, али јебига треба да имаш донекаде ваков карактер ако сакаш да бидеш најдобар во свет.

Истото ние го зборевме за Бејл во втората негова сезона, која и му беше најслаба од кога дојде во Реал. Одма бевме за продавање на Бејл и дека не го бивало, дека бил преценет енглез (знам дека е велшанец) и такви некои глупи муабети за сега дечкото да ни е иднината на екипата и врз кого ќе се гради понатаму екипата.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Баш напротив , Нејмар кога дојде беше доста приземјен и скромен момак , во последната година е станат арогантен и лигуш. Настрана шо изгледа патетично на теренот , најантипатичен лик ми е на теренот. Нормално дека е млад и заслужува шанса , али мора ова да биде одреден период , а кај него веќе трае долги месеци.

Иначе подолу табела само од домашните утакмици сезонава , не памтам јас кога Барса имала ваков дебакл на домашен терен.

tb.png
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
јас мислам дека никој не го доведе во прашање талентот на нејмар.
неговиот однос на терен (некогаш и вон) е она кое привлекива негативен поблицитет.
провоцира, се провоцира, понекогаш глуми, претерува, боди ленгвиџот му е иритирачки. често знае и неспортски фаул да направи.
според мене топ 10 да, топ 3 никако. топ 3 бил се на се 6 месеци у негова кариера. тоа не го прави вечно топ 3.
неговиот неконстантен придонес е друг проблем.

беше млад пред 3 години. веќе е во години каде од него се очекува да гази, а он стагнира. ако чека роналдо и меси да ги пензионира за да биде број еден, се заебал.

во правиот клуб е да биде играчиште. играчиште се станува ако си константно играчиште. никако на друг начин.
има сеуште време да се оправи.
сам си е крив за тоа што не е најомилен кај фанови на барса, никој друг. а такви не се баш малце.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Тотално небитен меч вечерва , слободно нека го пушти цел втор тим. МСН , Бускетс , Иниеста , Ракитич , се тоа треба да се одмара.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Еве денес даде три гола па опростена му е грешката од Класико, not
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.989
Не дека Менхенгладбах се некое мерило, ама Арда Туран е Роналдињо за Нејмар моментално.
 
Член од
26 февруари 2013
Мислења
116
Поени од реакции
31
Ништо не му стана.Така играше тие неколку утакмици коа беше Неј повреден. Проблемот е што не добива шанса на неговата позиција.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Да се надоврзам на муабетот од погоре за засилувањата. За мене Дињ и Умтити се супер засилувања , особено Умтити. Си гази црнчето во одбрана , најдобар штопер ни е моментално. Незнам зошто Лучо не го прекомандува Маскерано во средина , а овој да си биде тандем со Пике. Нормално на послаби утакмици може и да ги ротира , али иди најди послаби утакмици сезонава. :facepalm: Непобитен факт: Умтити и тоа како треба да биде приоритет пред Маскерано на штоперската позиција.

Дињ на моменти делува малце збунето , али пробивите и контролата на топката ја има , само треба да ги усоврши. Знае да пушти и бомбастичен центаршут. И тоа како момакот е феноменална замена за Алба.

Гомеш , дајте му време. Потенцијал има , али уште игра како под импресии од средината шо го опкружува. Има време и млад е , јас би му судел дури на крајот на сезоната.

Денис Суарез. Како крило ми стои поопасен и поконкретен , сеуште мислам дека е млад да ја превзема улогата на Иниеста. Ја има таа Барса воиграност , знае момакот точно кога да трча во празно за да му пуштат топка. ( Ова го приметив на пар утакмици кога играше крило ).

Алкасер.:facepalm: Патетичен изговор од играч , за 35 милиони имаше мал милион подобри засилувања на таа позиција кои ќе прифатеа да греат клупа. Против факинг Херкулес утна 2 добри шанси , што останува за другите.

Искрено јас сум оптимист за сезонава. Една титула од ЛШ/Примера мислам дека ќе ни падне. На моменти страшно иритира Лучо , како на пример синоќешното играње на Меси , али ротира , и мислам дека баш поради тие ротации сезоната ќе добие кулминација во вториот дел , како во неговата прва сезона. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom