A
Не одеше на нерешено туку толку ни остава и овозможуваја Наполи тешка битка беше денес тактичка до крај...Луѓе, буквално последните 15 минути не ги гледав... затегнав телевизорот, и се свртив со грбот, мислам дека срцево ќе ми излезеше преку гради Брат ми гледаше наместо мене, тој ми кажа за голот на Ѕаѕа.
Од авион се гледаше дека Алегри оди на нерешено, ништо не ризикуваше, па дури и голов што го даде Ѕаѕа беше на среќа, зафати еден играч од Наполи и топката го смени правецот доволно Реина да неможе да ја фати. МНОГУ, МНОГУ важна победа, дополнителен ветер во грб, само повредиве не заредија сега пред дуелов со Баерн, али ај барем сега да уживаме во моментот.
Кога видов дека Бонинаторот излага (кој патем вечерва изгина на терен), веќе неможев да гледам... мислев дека ќе го начекаат сега Ругани со неговото неискуство во големи натпревари, ама одлично соработуваа со Барѕаљи... еј едниот дефанзивец ни имаше 21 година, другиот 35 . Браво за детето, на вакви утакмици се станува голем шампион, цврст во секој дуел, самоуверен, со Барѕа одлично го затворија Игуаин (Мислам дека беше во игра )
Ѕаѕа... стварно незнам што да мислам за будалава. Еден натпревар ќе направи црвен и ќе го остави тимот на цедило, додека на другиот со еден потег ќе ја реши утакмицата. Дефинитивно мозок му фали на човеков, фудбалската вештина ја има, само тоа главата ќељава малце да ја смири, ако сака да продолжи да игра во црно-белиот дрес.
Пишувајте што сакате за Квадрадо, но на крај на сезона МОРА да се откупи од Челзи... одличен е за раздрмување на играта во нападот.
Овојпат нема да поставам навивачка песна од Јувентус, туку ќе ве оставам со Џеко (не тој што отвара простор), еден од најголемите негови хитови... мислам дека редовно се пушта и на Јуве Арената
Добра ноќ другари, утре сабајле заблажете се со наполитанки
Сари призна и самиот одаде почит за потегот и призна дека самиот не знаел што да очекува после таа заменаНе не, потегот со замената Дибала - Сандро е показател за тоа зошто Алегри > Сари и останата багра тренери у Серија А. Дур сите мислат дека се решава со катанаџо да брани реми, овие контра праат и даваат гол.
Се надевам се е во ред со Бонучи. Овој Кедира кај често се повредува, сеа и другите ги крши