Успешни бизнис приказни во Македонија

Дискусија во форумот 'Економија и бизнис' започната од Ne_sum_ja, 14 јули 2013.

  1. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    1.624
    Допаѓања:
    2.698
    Најчесто сум критички настроен со позитивна цел зошто сакам да иде државава на подобро али ете да погледнеме на добрата страна.

    Во нашава ни мила земја колку и да се ретки сепак има по некоја успешна бизнис приказна направена со пот која ни грее душа и влева надеж :) . За почеток еве две од мене:

    1. Дени интернационал - Човек кој во крајот на социјализмот работеше како возач на камионче за една фабрика за хартија. Во наредниот период по осамостојување зема едно камионче почна бизнис со први фирми кој што се бават со извоз. Па купи уште едно, па најми шофер и така натаму, за денес човекот да има повеќе од 20 камиони, солидно голем склад со неколку хангари за складирање на роба, раширена транспортна мрежа во цела Европа како и претпоставувам дебело банковно конто.

    2. Сопственикот на Макоил бензинските - истиот период крај на социјализам човекот работи како плочкар во некоја си рандом фирма. Си има идеја и на блиски мои познаници сега во пододминати години им нуди партнерство да вложат во неговава идеја неколку илјади германски марки за да отвори бензинска. Нормално тие одбиваат, зашто кој би се нафатил со плочкар да отвара бензинска пумпа:) посебно во период кога пола век претходно ни глас ни абер од претприемништво немало. Се снаоѓа со пари човекот преку пријатели од тука и од странство и си отвара бензиска. Денес човеков поседува ланец бензински пумпи и претпоставувам солидно банковно конто.

    Ако знаете вие некоја, бујрум.
    На VardarVoSrceto и Hyper Freak им се допаѓа ова.
  2. Kaiser

    Kaiser Hidden Fortress

    Член од:
    6 мај 2011
    Мислења:
    3.008
    Допаѓања:
    2.167
    Супер е темава, баш инспиративно дека некој не се жалел туку работел (y).
    На Someday.. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. *-----*

    *-----*

    Член од:
    24 ноември 2009
    Мислења:
    5.001
    Допаѓања:
    4.839
    Тапа приказни од типот на почнав во гаража,подрум,шупа,на таван.
    Позади овие двајца кој мутни луѓе во уште помутни води имаше и ќе има тоа е друга приказна.
    Купил камионче, па уште дено и оп гигант абе ај приказни за мали деца :pos:
    Јас знам многу повеќе од двајца кој што се “ Успешни бизнисмени“ со успешни фирми али да кажам право сите што ги знам ниеден нема почнато како што е наведено горе поштено или од нула па направил капитал и фирми.Позади нив уз нив има многу гомнарии уништени луѓе работници останато на улица, испокраден опшествен капитал, многу туѓи клети судбини туѓа пот,крв и труд.
    На Scirea, Meh, Klin и уште 7 други им се допаѓа ова.
  4. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    1.624
    Допаѓања:
    2.698
    Да беа такви „успешни бизнисмени“ немаше да ги наведам. Факт е и двајцата во 90та беа тоа, едниот возеше камионче за стара хартија другиот плочкар беше. Од толку и имаат почнато, нит крадеа и распаѓаа фабрики туку почнаа со приватни фирми. Глупо сеа работел, створил и од инат плукни му ти ваков таков. Еве ако знаеш нешто мутно шо праеле, баш кажи, ме заинтересира.
    На VardarVoSrceto и Revenger им се допаѓа ова.
  5. miki002

    miki002 Фејл гејмер

    Член од:
    18 февруари 2010
    Мислења:
    369
    Допаѓања:
    266
    Една фирма, нема смисла да кажам која, каде бевме во посета од факултетот беше издвоена помеѓу подобрите бизнис приказни во Македонија. Го прашавме сопственикот како баш дојде до таа идеја, да се бави баш со такво производство каде нема многу конкуренција? Одговорот беше: епа знаев дека ќе се затвори големата фабрика за овие производи, а јас имав фарма за кокошки, а и ми дојавија дека ќе се појави птичји грип, па ја продадов фармата додека уште држеше на цена, ги купив машиниве и така почнав. Значи оној кој има информации од повисок степен, може да успее полесно.
    Сега да и два реални примери, за 2 фирми овде.

    Едната почна како дуќан за шиење шапки и сакоа, имаше мајстор и две работнички, една од нив мајка ми. Малку по малку почна бизнисот да се зголемува, прераснувајќи во дуќан со 10 вработени, па конфекција со 25 вработени, по ова бизнисот го наследи синот на мајсторот, па премина во конфекција со 60 луѓе, а моментално бизнисот го наследува трета генерација, внукот на мајсторот, а конфекцијата има 140 вработени. Оваа фирма работи од 92 година наваму, значи 21 година како конфекција и нешто пред тоа како дуќан, се издвојува по фер платите, кои се двојно-до тројно поголеми од конкурентските фирми, поради што е и тешко да се влезе овде, каде се бара спремност и квалитет. Најмладиот „директор“ го прошири бизнисот и со градење стамбени згради, што секако ќе направи boost на нивниот не така мал буџет.

    Другата фирма е мини фабрика за мебел, која започна исто во раните 90-ти години, како дуќан за столарија, во кој работеше само сопственикот (инаку сирак без наследство од никој), потоа му помагаше едно дете од маалото, па полека уште едно дете, па ете сега, значи после 20 години е водечка фирма во градот од таа област, а сопственикот е сега газда кој можеше да си дозволи на синот матурант да му купи нова кола (голф 7), а тој самиот има ауди 6 и freelender, од салон тука, не увезени.

    Малку подолг текст напишав, но убаво е да се знае дека иако ретко, постојат и луѓе кои успеале со својот труд да постигнат многу.
    На Pelinkovac, Someday.., Dimitar171 и уште 9 други им се допаѓа ова.
  6. STEALTH

    STEALTH God is a DJ

    Член од:
    25 ноември 2011
    Мислења:
    5.283
    Допаѓања:
    6.038
    Успешна бизнис приказна - Телекабел :)
    На miki002 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sp4wN-

    Sp4wN-

    Член од:
    22 февруари 2007
    Мислења:
    1.848
    Допаѓања:
    1.363
    [​IMG]
    На TheWhiteMamba, Scirea, Klin и уште 8 други им се допаѓа ова.
  8. Curious

    Curious

    Член од:
    24 јули 2007
    Мислења:
    1.317
    Допаѓања:
    1.376
    И сега Миле има ЦЕЛО СТАДО ОВЦИ... :icon_lol:

    На тоа ме потсети муабетов.

    Знам луѓе што се збогатиле со угостителски објекти: ресторани, кафичи и сл. Баш фабрики и не знам.
    На blue ladybug му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    5.152
    Допаѓања:
    8.108
    Интересна е приказната и на Минчо -труп Јорданов
    од Маршалот наследи 1500 работници,челичарница,конти-лив,топла валавница и т.н.
    па потоа го прошири бизнисот на овци,говеда,кози и по некој хектар лозје.
    А почна човекот од позитивна нула и сега е на самиот врв.
  10. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.633
    Допаѓања:
    34.005
    Дени интернационал, озбилно? :D
    Ајде почни од политичката позадина, како доби терминал од државата, колку е писмен, кога стана богаташ, итн.
    Спенс; оти татко ти кој работи 20 години нема терминал?:D
    На Klin и Branchez им се допаѓа ова.
  11. valvoline

    valvoline

    Член од:
    30 мај 2012
    Мислења:
    1.970
    Допаѓања:
    885
    Vo Deni ako ne se lazam e umesan sinot na Petkovski. Ova prikaskava ne znam dali e tocna. Pred 5-6 godini vo eden odreden period ne znam zosto samo Deni sped imase licenca so skladisteto za uvoz na vozila. Monopol neviden. Site koli sto se uvezuvaa moraa kaj niv da se nosat. Sekoe tele znae da se zbogati na vakov nacin,so drzaven amin. Sega ima carinski skladista kolku sakas,odi sega vidi kako im odi rabotata. Ama oni go fatija ripčeto i za tie 2 godini monopol namlatija pari i terminalot da si go isplatat i da ima za pokolenijata.
    Najgolem biznismen e Amdi Bajram so 103% posvetenost na rabotata.
    На Klin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 'Рвач.

    'Рвач.

    Член од:
    21 септември 2012
    Мислења:
    914
    Допаѓања:
    1.065

    Ги искоцкал паритеееее :D :D :D Ти до кај си со твојот терминал, локација одбра ли ? :D :D :D
  13. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.633
    Допаѓања:
    34.005
    Секако, на плоштад си одбрав место пред министерство за транспорт, додека има место да искористиме:D
    На blue ladybug, Спенс и Ilumious им се допаѓа ова.
  14. DelPiero10

    DelPiero10 10ka

    Член од:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    583
    Допаѓања:
    250
    имаше во еден србски филм дали за бил гејтс беше или незз точно кој, вика имал 1 јаболко го продал и купил две па ги продал тие 2 и купил 4 и после умрел дедому и наследил милијарди од него
    blue ladybug, Sp4wN-, marambo и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ТојодТаму

    ТојодТаму

    Член од:
    6 ноември 2008
    Мислења:
    1.055
    Допаѓања:
    1.293
    еве кој ќе нема успешна бизнис приказна :rolleyes: србски (y)
    На Гоката му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: