Успешни бизнис приказни во Македонија

Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
имаше во еден србски филм дали за бил гејтс беше или незз точно кој, вика имал 1 јаболко го продал и купил две па ги продал тие 2 и купил 4 и после умрел дедому и наследил милијарди од него


Сите сличности со постоечки личности се случајни
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Знаеме сите дека вака оди се како подмачкано :) Само некои детали некои луѓе никогаш нема да ги кажат, бидејќи секој на различен начин остварува профит...

Еден пример за мој комшија... Накај 90тите кога Македонија сеуште не била оформена држава многу полесен бил шверцот... Па така тој за тоа време имаше направено 2-3 пратки со прашок... Од тие неколку пратки човекот направи ненормално многу пари... Сега денес има едно 4-5 шлепери, и едно 10тина објекти кои што ги има издадено на банки и супермаркети.Да не набројувам колку куќи има он а колку неговите синови.. А ако некој го праша како го створил цело тоа имање се разбира дека приказната ќе биде извртена за 360 степени...

Такада овие приказни многу вода не држат... Зборам за гиганти компании кои се нешто.. Обични продавници да можат да опстојуваат, од колено на колено па нешто од нешто да се зголемило... Ама муабетот дека за 10тина години некој почнал од ништо а сега врти милиони е тоа во приказните и бајките...

Треба инвестиција, треба време, треба труд, треба законите да се совпаднат со твоето работење, треба да ти се врати инвестицијата па за да вложиш пак... Епа бато ако некој имал пари многу нормално дека ќе има уште повеќе... Ама ако некој има 0 денари во џебот со 1 мочан кредит ништо нема да направи :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.175
Поени од реакции
35.726
Вака значи од ова што читам во државава неможеш чесно да успееш, со оглед дека голема мнозина го тврдат тоа, знам дека не е добро али до толку... :)

Мора да има некој што ете успеал... АМЦ компјутери ете голема мрежа се, Анхоч солидни се (вака први на ум што ми паднаа). Исто некој ако може да даде инфо за овој од Неготино со компанијата за цефки, ИГМ, викаат многу барана роба имал на запад... Кајгана ете успешна бизнис приказна е ваљда :icon_lol:


Дени интернационал, озбилно? :D
Ајде почни од политичката позадина, како доби терминал од државата, колку е писмен, кога стана богаташ, итн.
Знам ја за тоа од колку има почнато голтарски, и како го има градено бизнисот на почеток. Во минатава деценија не сум упатен што зулуми има правено па чим викаш така како поупатена ок, те земам за збор:)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Прво , не се занесувајте на кривини со успешни бизнис приказни , тоа во вакво мало стопанство е исклучено ! Успешни бизнис сценарија , ДА ама треба да имаш вујко владика и грб и м.да да се носиш со тоа .
Реално гледано не е важно дали е сценарио или приказна , важно да е успешна . Дај боже да беа успешни сценаријата за Охис, Македонка , ТКК , Сувенир , Искра , Пелагонија , Маврово.....
Во родината ни , независно со колку почетен капитал да си почнал , колку и да работиш ако сакаш сам и поштено , повеке од колку за јадење , пиење , одмор и да немаш минус на кредитна -НЕМА!
Проверено , може да си мудрувате и прајте филмови ама за жал то е то!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Многу ''успешни'' фирми се појавија за време на шверцот во деведесетите.Интересно,баш тие денес се гиганти (за македонски услови) во стопанството.
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Успешна бизнис приказна - Телекабел :)
Кажи и и ти там на тие што раководат на шалтерите за наплаќање нека бидат побрзи оти јас не планирам да чекам 1 саат само за да си платам едни пусти сметки...
Треба да стават помлади на каса кој се разбират со наплаќање.:)

И тргни ја таа една ногу и мрда газо на флертување, веќе не одам там да плаќам кај што е она:mad:
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Успешна приказна Vitaminka Prilep
Со уцена им ги зеде акциите на вработените и газдата стана еден од најбогатите во Македонија со 51% сопственостод акциите
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Многу ''успешни'' фирми се појавија за време на шверцот во деведесетите.Интересно,баш тие денес се гиганти (за македонски услови) во стопанството.

Тоа е тоа... Сега да си опстојуваат од профитот... Но тој почетокот е многу тежок да се пркне.. .А во тоа време богами кога шверцот бил полесен а и државата не била толку строга со законите се било гледање низ прсти :)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Во родината ни , независно со колку почетен капитал да си почнал , колку и да работиш ако сакаш сам и поштено , повеке од колку за јадење , пиење , одмор и да немаш минус на кредитна -НЕМА!
Проверено , може да си мудрувате и прајте филмови ама за жал то е то!
Мислам дека и ова е успех во држава како нашата. Во земја каде врие од невработени, младите се иселуваат, а функционира само гломазен државен апарат, вистински успех е да заработиш сам за јадење, пиење, одмор и да не си заглавен во кредити.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Ве читам претходниве страни и сите успешни бизниси испаднале од криминал. :)

Еве, јас ќе наведам само четири успешни компании кои денес се пример за успешен проект во Македонија.
  • Горска - а ќе ми текне дека сите ги правеа ненормални кога флашираа вода, демек кој будала ќе купува флаширана вода, а нема да пие од чешма
  • Мамас - дечките напуштија одлични работни места за да продаваат ајвар и малиџано и истиот во големи количини го извезуваат
  • При-пејд надополнување во трафика - не ми текнува на името на фирмата, но луѓето ја продадоа на финска компанија и заработија многу пари. Сите кои имале при-пејд број ги знае, она идеш у трафика, кажуваш број и ти дава сметка дека си надополнил кредит. Тоа се дечките кои што од еден секојдневен проблем кој што го имаат многу луѓе, направиле успешна приказна.
  • FX3X - мислам дека нема веќе кој не ги знае. Откако беа врвот кај нас во 90-тите во правење на маркетинг спотови и музички спотови, вложија се што имаа за да отидат на саем во Америка (Калифорнија мислам) и преку сите познанства таму кои што ги стекнале т.е. автоматски се продале, денес не поминува ниту еден филм во 3D без нив. Да, експлоатираат млада сила кај нас за ич пари, ама секој успешен бизнисмен тоа го прави кога има можност
Се сложувам дека политиката кај нас има навлезено во сите пори на општеството и веќе не можеш ни трафика да отвориш а да немаш партиска книшка, но еве, доволно примери од различни индустрии како може да се успее и кај нас, а верувам дека секој кој би се нафатил да отвара бизнис, веќе има познаници и во едната партија и во другата. Треба само добро да се изменаџира ситуацијата.
 
B

BooBojan

Гостин
Една фирма, нема смисла да кажам која, каде бевме во посета од факултетот беше издвоена помеѓу подобрите бизнис приказни во Македонија. Го прашавме сопственикот како баш дојде до таа идеја, да се бави баш со такво производство каде нема многу конкуренција? Одговорот беше: епа знаев дека ќе се затвори големата фабрика за овие производи, а јас имав фарма за кокошки, а и ми дојавија дека ќе се појави птичји грип, па ја продадов фармата додека уште држеше на цена, ги купив машиниве и така почнав. Значи оној кој има информации од повисок степен, може да успее полесно.
Сега да и два реални примери, за 2 фирми овде.

Едната почна како дуќан за шиење шапки и сакоа, имаше мајстор и две работнички, една од нив мајка ми. Малку по малку почна бизнисот да се зголемува, прераснувајќи во дуќан со 10 вработени, па конфекција со 25 вработени, по ова бизнисот го наследи синот на мајсторот, па премина во конфекција со 60 луѓе, а моментално бизнисот го наследува трета генерација, внукот на мајсторот, а конфекцијата има 140 вработени. Оваа фирма работи од 92 година наваму, значи 21 година како конфекција и нешто пред тоа како дуќан, се издвојува по фер платите, кои се двојно-до тројно поголеми од конкурентските фирми, поради што е и тешко да се влезе овде, каде се бара спремност и квалитет. Најмладиот „директор“ го прошири бизнисот и со градење стамбени згради, што секако ќе направи boost на нивниот не така мал буџет.

Другата фирма е мини фабрика за мебел, која започна исто во раните 90-ти години, како дуќан за столарија, во кој работеше само сопственикот (инаку сирак без наследство од никој), потоа му помагаше едно дете од маалото, па полека уште едно дете, па ете сега, значи после 20 години е водечка фирма во градот од таа област, а сопственикот е сега газда кој можеше да си дозволи на синот матурант да му купи нова кола (голф 7), а тој самиот има ауди 6 и freelender, од салон тука, не увезени.

Малку подолг текст напишав, но убаво е да се знае дека иако ретко, постојат и луѓе кои успеале со својот труд да постигнат многу.

Деликатес-Кочани???
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
222
Поени од реакции
224
Сите тие намлатија пари пред 10-15 години, а сега со труди поштено можеш само од продавач на чорапи, да отвориш бутик за чорапи али ќе ти го затворат, некој друг има свој близок на висока позиција, и ти ќе се вратиш на улица.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Зага Продукција

Од локално студио за свадбарска фотографија во 2002 , денес е интернационална компанија и воедно една од најдобрите во европа.
Минатата гоодина доби награда за најдобро свадбено видео во Европа.

http://www.zagaproduction.com/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom