Уметност на комуникацијата

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Дали умеете да разговарате? Колку сте подготвени не само да бидете активни со говор, туку и да го слушате соговорникот?





D
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Прво (изгледа,ама ај нека биде прво:))кајганско правило-прво рипни па речи оп,или како и да беше.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Уметност на комуникација,да ,добро кажано-уметност.
Не секој е роден за соговорник така?Така ви велеа во 6 одд.кога професорката по македонски ќе ве расплачеше и ќе ви речеше-за тебе стручна школа,не те бива за политика.
Не е точно.Се сложувам дека голем процент тука игра и самиот карактер на човекот,но се` може да се научи,па дури можеш и да научиш како да бидеш водач.
Каква комуникација?Дали под добар соговорник подразбираме индивидуа која во спремен говор од 10реда ќе употреби 20 лексиконски мистерии,или слушател кој тапо не гледа во очи и ни трепка,а всушност во умот му се врти сликата на Бијонси?Во секоја уметност постојат и подуметности:)))кои се ценат на различен начин.Римембер Пикасо?Велеле дека е фејкер,но човекот си се прослави по неговите ексцентрични дела.Кои некои и до ден денес не ги разбираат.Сепак е уметник.
Така е и во секојдневната комуникација,било да се сведува на високо или на ниско ниво.А примерот на Свиден горе-дали можеме да бидеме испровоцирани од вулгарностите на нашиот соговорник,тоа е пак уметност,верувале или не.Ако му вратиш со иста мера,а можеби и ќе почне да ти излегува чад од ушите или од било каде не е важно-не си уметник.Сепак,има луѓе кои не разбираат лаконски говор,па мораш да им појасниш на племенски,ова де,вулгарен.Ова е практика,а теоријата друго бае.Ако сте на телевизија,контролирајте се,камера 2 го фаќа секој ваш непромислен потег.Еех,да го знаеа ова мн.познати фацки...
 
С

Сатори

Гостин
Дали умеете да разговарате? Колку сте подготвени не само да бидете активни со говор, туку и да го слушате соговорникот?





D
Додека не се расипал денот да пишам нешто ... :jaj:

Уметноста на ораторството, вештина, доблест, дарба на зборување.Страшно битен елемент се сложувам, често луѓето повеќе го слушаат начинот на кој нешто им е кажано, завиткано и презентирано од некоја харизматична личност повеќе неголи сите значења под хартијата која се користела за виткање, али пак за ова се неопходни и некои други ментални способности па не може многу и да се очекува.
Дали умеам да разговарам?
Да, да секако.Дали умеам да разговарам на вистинскиот начин?
Не секогаш, има моменти кога сакам да ги решам работите на полесен начин или едноставно навистина не знам што повеќе да кажам.
Кога некои луѓе не разбираат, значи не разбираат.
Да го слушам соговорникот е тука веќе треба некој да се помачи, темата треба смртно да ме интересира а мене или да ми се спие и да не ми е нешто до зборување.
Сериозно, можам активно да го слушам соговорникот само кога знам дека тоа што ќе ми го кажат ќе има некоја вредност и смисла за мене.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Уметноста не лежи во тоа дали вие можете да се прилагодите на туѓиот муабет,туку како вие се наметувате себеси и вашиот стил во одредеден разговор.Самиот чин на дијалог е како драмска претстава во која вие сте млад,инспиративен(или не)актер кој треба да се докаже.Затоа пристапот кон муабетот треба да биде најсебичен на свет и да се почувствува вашето присуство на било кој начин.Значи комуникацијата не мора да биде вербална,туку во нејзе влегуваат сите манири,сите движења,сите потези кои вие ги правите,па дури и начинот на кој се држите себеси,како седите,како пиете од кафето,како ја движите главата,колку добро и умешно го задржувате прдежот кога напаѓа на портите на Чмароград.

Се' се сведува на тоа кои сте вие и кој стил ви лежи.Ако добро сте се проучиле себеси ќе имате прав пристап кон секоја конверзација,па макар и да сте неинспиративни и едноставни.Мојот случај е тој.Крајна лаконска едноставност,баналност и штедливост.Блага доза на тмурност и непријателство ако личноста е нова во мојот живот.Ретко кои луѓе минат низ тие бариери.Ретко кога ми е гајле.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Лугето се себични комплексаши !

Тие не сакаат да слушаат за другите туку да зборат за себе...

Затоа прашувајте , купувајте не продавајте...

Најблагодарни се кога ке ги ислушаш пола саат повеке отколку да им збориш мудрости два дена !

Уметноста е во слушањето како знак на респектирање е после во одлучен момент се анметнува своето мислење кое многу подобро проага ако некој е опуштен ислушан .

Ретко кога сакам да зборувам многу да се праам паметен оти е контрапродуктивно , тоа го правам само кога сфакам дека чоекот разбира инаку се спуштам на ниво секогаш подолу од него , се праам со сила будала. Мој идол за тоа е римскиот император Клаудије кој ги надживеал и Калигула и останатите диктатори правејки се на мутав, грбав глуп ама владеел иако тие не сфакале кој навистина владее. Е тоа е уметноста на комуникацијата според мене.
 
Член од
2 октомври 2007
Мислења
3
Поени од реакции
0
Нормалност и едноставност...зборуваме за комуникација т.е разговор дијалог како сака нека се нарече...
Уметност на говорење тука веќе станува збор за ораторство или можеби и грешно ќе се изразам но ова е еден вид монолог и е малку подалеку од обострана комуникација...
Да Разиелчо тмурност и штедливост ама не и срамежливост како одбранбен механизам зборуваме кон луѓето кои условно не ги знаеме...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Имам проблем со тоа зашто не ретко ми е тешко да го слушам соговорникот. Се обидувам понекогаш, но едноставно мислите летаат на друга страна. Можеби зборувам премногу и ги наметнувам моите мислења, но не сум почувствувала дека не ме слушаат.

Во уметноста на комуникацијата важен дел според мене има и говорот на телото, тоа може да замени милион зборови.
Тажно е кога зборуваш премногу, а ништо не си кажал. Во спротивно умешноста е да ги селектираш правилно кажаните зборови за да му олесниш на соговорникот да те слуша.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Уметност на говорење тука веќе станува збор за ораторство или можеби и грешно ќе се изразам но ова е еден вид монолог и е малку подалеку од обострана комуникација...
Да Разиелчо тмурност и штедливост ама не и срамежливост како одбранбен механизам зборуваме кон луѓето кои условно не ги знаеме...
Ораторство?Мора ли да се гледа во размери на големина за да се добие ефект на уметност?Па микрокосмосот е најголемата факинг уметност со целата таа минорна перфекција на функционирање.Исто и со човекот и неговите потези.Немора да биде гласен,или одлучен во потезите.Немора да биде инспиративен или ревносен во говорите.Немора ни да биде навремен.Уметноста е во начинот,во пристапот,во држењето и во целината на индивидуата која нејзе ја прави посебна.Знаеш дека немам афинитети кон безцелно брбљање и докажување или наметнување на Себе во друштво.Уметноста во себе си ја наоѓам баш во таа нарцисоидност каде не гледам за потребно да бидам забележан за да бидам забележан.забележан сум од самиот себе и тоа ми е повеќе од доволно.Others get scraps.Значи не се работи за срамежливост,туку,како што веќе и сама знаеш,за самобендисаност:).Барем добро се носам со тоа и не ме конзумира,што само по себе е некаква форма на уметност

П.С:Честито прв пост даде,нека се множат:)
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
култура на комуникацијата!сметам дека тоа е многу битно во животот на еден човек.а себеси се сметам за добар соговорник!најмногу затоа што сум активен со говорот,но и активен слушач!освен тоа-секогаш се трудам да зборувам на литературен јазик!кодексот за дијалектно и народно зборување го вклучувам само кога морам,за мојот соговорник да ме разбере!
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Не ме бива за комуникација,не сум уметник на таа сфера...
Според мене има два вида комуникација,потребна и непотребна или ради реда и продуктивна...
Муабет само за да се попуни тишина ептен ретко правам,ептееен...значи кога комуницирам,сакам да се насмеам,да се изнервирам или да научам нешто,а безвезни муабети од типот што правел некои вчера и како што,избегавам..
За слушач,добар слушач сум,може некад и премногу слушам...
Е сеа се појавија реклами...колку повеќе зборуваш толку повеќе добиваш...:blablah:
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Комуникација е прекрасна работа. Штета што малку се користи.
 
С

Сатори

Гостин
Комуникација е прекрасна работа. Штета што малку се користи.
So true.
Но понекогаш навистина не е возможно да се комуницира со некои луѓе, без разлика колку е битно работите да се објаснат.
Тогаш почнуваме да се прашуваме дали ние сме го згрешиле пристапот или навистина нема што повеќе да се направи во врска со тоа.
Штета да, што не научија луѓето да комуницираат.
 
Член од
11 октомври 2007
Мислења
14
Поени од реакции
0
Лугето се себични комплексаши !

Тие не сакаат да слушаат за другите туку да зборат за себе...

Затоа прашувајте , купувајте не продавајте...

Најблагодарни се кога ке ги ислушаш пола саат повеке отколку да им збориш мудрости два дена !

Уметноста е во слушањето како знак на респектирање е после во одлучен момент се анметнува своето мислење кое многу подобро проага ако некој е опуштен ислушан .

Ретко кога сакам да зборувам многу да се праам паметен оти е контрапродуктивно , тоа го правам само кога сфакам дека чоекот разбира инаку се спуштам на ниво секогаш подолу од него , се праам со сила будала. Мој идол за тоа е римскиот император Клаудије кој ги надживеал и Калигула и останатите диктатори правејки се на мутав, грбав глуп ама владеел иако тие не сфакале кој навистина владее. Е тоа е уметноста на комуникацијата според мене.
PREMNOGU SI U PRAVO.LUGETO SE SO SAKAAT E DA IM KIMAS SO GLAVA, DA GI PRASUVAS STVARNO,STVARNO,DA IM DELIS KOMPLIMENTI,DA IM POSTAVUVAS PRASANJA, DA IM SE DIVIS.DZABE TI E NA LUGE DA IM ZBORIS PAMETNI STVARI. ALI JA NA PR.MRZAM TISINA KOA SUM SO NEKOJ I NE ZBORI.PR.IAM DRUGARKA KOJA ME SLUSA,AMA E MN SRAMEZLIVA, I NEKAD ME FAKA INAET I SI VIKAM:E NEMA NI JA DA I ZBORAM NISO.AMA AJ,KOLKU DA NE POMISLI DEKA I SE LUTAM(A ONA E GOLEMA LJUTKA),I PRAAM MUABET,GLUP,NEGLUP TOA TI E.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Уметноста не лежи во тоа дали вие можете да се прилагодите на туѓиот муабет,туку како вие се наметувате себеси и вашиот стил во одредеден разговор.Самиот чин на дијалог е како драмска претстава во која вие сте млад,инспиративен(или не)актер кој треба да се докаже.Затоа пристапот кон муабетот треба да биде најсебичен на свет и да се почувствува вашето присуство на било кој начин.Значи комуникацијата не мора да биде вербална,туку во нејзе влегуваат сите манири,сите движења,сите потези кои вие ги правите,па дури и начинот на кој се држите себеси,како седите,како пиете од кафето,како ја движите главата...
Рази, те разбирам. Само ти не зборуваш за разговор ниту за комуникација. Ти зборуваш за нечие претставување пред светот. Комуникацијата и разговорот се како сексот. Ако сакаш да се задоволиш не мислејќи на соговорникот нема да има следен пат...
Лугето се себични комплексаши !

Тие не сакаат да слушаат за другите туку да зборат за себе...
Е сега Шведо нема да ми реплицира, ама да знаев дека има шанса немаше да го цитирам...

Сакав да кажам, во право е. Луѓето се такви, но оние кои се исклучоци за да го потврдат правилото се оние вистински мили фаци кои ти е мерак да ги почестиш кафенце на пладне... можеби во Рамстор со поглед на Стара железничка. Ти ќе пиеш чај сепак, а јас топло макијато. Ќе те прашам како си, а потоа се надевам дека ќе се опуштам следните 20 минути без да кажам збор бидејќи уживам во секоја твоја реченица која ќе кажеш.

п.с. Да си мудар а да не сакаш да го докажуваш тоа секој пат е доблест која на форумов ја имаат двајца... ги сакам и двајцата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom