Сериозно не разбирам како е ова добра работа за Мијалков и ВМРО ДПМНЕ. Демек мангуп испадна Мијалков? Па го истресоа како последен глушец на аердромот во Белград. Може да објаснеш како е ова во негова корист?
И коа ќе ги носат пред камери со лисици у затвор, он ќе вика дека тоа е добро за ВМРО ДПМНЕ. Тоа ти е некаква шије-ми-га-ѓура психологија на позитивни афирмации.
(мада иронијата е дека тогаш стварно тоа ќе биде добра работа за партијата)[DOUBLEPOST=1445166912][/DOUBLEPOST]
Некому ловачка му нашле дома, го затворија, а некој со пиштол поминува у аеродром, тоа е, Полат ефект...
На кој му нашле ловачка?
Некој у подрум што бил цело време?
Абе има доста примери во државава за двојни аршини:
На некој у Карпош колата пајак од пред зграда му ја дига, а некој на само 500 метра од центар, може да паркира и да вози како да е во Карачи, ни пајак ни бутур, а камоли сообраќаец не смее да припари.
Некој плаќа даноци, сметки и секакви давачки, а некој не плаќа ништо.
Некој може да направи воени злосторства и да биде амнестиран, а некој ќе јаде ќутек од полиција само затоа што отишол на утакмица.
Некои села се преземени од извршители заради неплаќање сметки, а некои само треба да ја истепаат екипата на ЕВН и струјата ќе им тече (какво плаќање какви бакрачи)
За жал, може вака до утре примери да се редат.