Туризмот и натаму останува неискористен потенцијал

Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
лол --- која бе историја ги привлекува. ги привлекуваат базени и секс, а не историја.... 99% многу им е гајле за историја... нив историјата им почнува од кога се родиле, па и малку потоа...
Bratot има една - Гаталец му докажува на паталец -

Преведи си ја :)
 
alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Bratot има една - Гаталец му докажува на паталец -

Преведи си ја :)
ти си гаталецот?

зашто јас многу сум пропатил.... ;-)
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
ти си гаталецот?

зашто јас многу сум пропатил.... ;-)
Со оглед дека секојдневно сум со нив, знам кој се нивните барања, и потреби....

Просечен европјанин сигурно не оде еднаш на одмор... оде три пати..

Плажа и море
Култура и историја
Скијање
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Започнува „Крушево етно град“
Дарко Штаргоски Коментари (0)

19.07.2009 19:18

Чети од комити и Турци го запоседнаа Крушево, овој град се врати во времето на Илинденското востание.

Од денес па се до средината на август ќе трае проектот „Крушево етно град“. Според организаторот, Крушево ќе стане гордост на Македонија како прв целосен етно град во Европа.

„Овој културен, историски туризам е многу сега интересен во светот и ја имам таа чест да кажам дека после 20 години втор пат BBC world доаѓа во Македонија специјално за да го сними овој проект“, изјави Ранко Петровиќ, автор и режисер на проектот...

Извор А1

Навистина одличен проект,.. Им посакувам на организаторите и учесниците успех во наредните месец дена и се надевам дека замислата ќе им успее а со тоа овој проект ќе стане традиционален и со него ќе се збогати туристичката понуда на Македонија...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192

Им фали Чак Норис,за филингот да биде комплетен,оти само кога овој бил на одмор 10тина дена во Крушево,траела Крушевската Република.:helou:
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Им фали Чак Норис,за филингот да биде комплетен,оти само кога овој бил на одмор 10тина дена во Крушево,траела Крушевската Република.:helou:
Јас би го предложил Џеки Чен како круна на се.....:vozbud:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
БИ БИ СИ ЌЕ ПРАВИ РЕПОРТАЖА ЗА МАКЕДОНИЈА И КРУШЕВО

Телевизиска екипа на Би Би Си ќе престојува една недела во Македонија за да направи репортажа за земјата, за Крушево и за неговата етно манифестација што е во тек.

Репортерите на оваа најголема британска јавна медиумска компанија ќе ги снимаат градот, неговите природни убавини и туристички можности, како и културно-историските знаменитости.

Екипата ќе престојува во Крушево во деновите на манифестација „Крушево - етно град", што беше отворена во неделата, како и непосредно пред традиционалното одбележување на годишнината од Илинденското востание на 2 август 1903 година.

Според најавите од Би Би Си, репоратажата за Македонија и Крушево се очекува да биде емитувана во средината на август, на нејзиниот сателитски канал Би Би Си - Ворлд.

Репортажата е подготвувана заеднички меѓу Би Би Си и Меѓународната канцеларија за економска промоција на Македонија во Велика Британија, во Ирска и во Исланд, со седиште во Лондон. Раководителот на канцеларијата Коста Котески изјави за МИА дека проектот на британската медиумска компанија е убава можност за нова светска промоција на Македонија, затоа што програмата на Би Би Си - Ворлд ја гледаат преку 75 милиони луѓе.

Извор СИТЕЛ

АБЦ ме интересира што ќе кажеш за ова после подигравањето со овој проект...
Не е мала работа ББЦ да прави репортажа за едно градче кое има едвај 5.000 жители...
Уште еднаш браво за овој проект...
 
Имам гледано репортажи на BBC за места со едвај 2ца жители и без Коста Котевски како посредник на проектот.Сепак секоја промоција и презентација на било кое Македонско место,кога државата е спомната под уставно име,колку-толку дава придонес за наша промоција.Да почекаме и да видиме што ќе испадне од проектот на крај,кога и ќе се знае што всушност BBC презентира преку својата ТВ мрежа.:toe:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
НАЈМАЛКУ 2 МИЛИОНИ ЕВРА- СПЕЧАЛИ “ПИВОФЕСТ 2009”
Неверојатно успешно организираниот фестивал на пивото “Пивофест 2009”, кој годинава собра над 220.000 посетители, за градоначалникот Марјан Ристески е своевиден индикатор дека, веќе во наредното 8-мо издание, свое поактивно учество треба да има и Министерството за култура.

Ова уште повеќе и заради тоа што од ова случување, значаен финсиски бенефит има не само општинава, туку и државава.
Годинашниот “Пивофест 2009”, кој, и покрај невидената, за наши услови масовност, помина без ниту еден инцидент, го посетија и повеќе странски дипломати, домашни политчари, но и претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов.

Sitel

Vaka se pravi toa 2 milioni evra , a ne onoj Ohridski gradonacalnik da se ligavi nemal 5iljadi evra za komarci...
Ako vaka prodolzat rabotite Prilep a i drugite gradovi vo Makedonija poleka ke im gi zimat gostite na Ohrigani, a toa e dobro taka za da svatat deka so prepotencija i so lezenje u senka turizam ne se vodi...Poleka pominuva vremeto koga gostite od nemajkade go polnea Ohrid...
Najmnogu od se me inpresionirase aktivnosta na komunalnoto pretprijatie koe kako sto izvestuvaa mediumite preku vecerta i za vreme na festivalot nonstop se grizea za higijenata...
Kako i da e i ako ne sum Prilepcanec im posakuvam drugata godina ne 2 tuku 10milioni da kjarat i uste tolku da go razubavat gradot koj vo poslednite godini dozivuva renesansa...
 
Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Ako vaka prodolzat rabotite Prilep a i drugite gradovi vo Makedonija poleka ke im gi zimat gostite na Ohrigani, a toa e dobro taka za da svatat deka so prepotencija i so lezenje u senka turizam ne se vodi...Poleka pominuva vremeto koga gostite od nemajkade go polnea Ohrid...
Он: Браво за прилепчани.
Офф: Ќе дојде и момент, кога охриѓањи ќе останат без туристи, прибидејки истите ќе бидат на албанските плажи, за истата цена како во Охрид, но со море+подобра услуга.
:tv:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Кризата го изеде туризмот во Охрид

Охрид - Кризата го зема својот црн данок на туризмот во Охрид. Нема пари за реклами, журки, прскалки и водени лудории. Луксуз е да се изнајми лежалка за 100 или 200 денари, па се' почесто тревнатите површини и дивите плажи се полнат со гости, а модерните комплекси во кои се вложени огромни средства, зјаат полупразни.

Во екот на летната сезона, концесионерите и издавачите на станови кршат прсти и се мислат како да ја спасат сезоната од фијаското кое се заканува, додека инспекциски контроли им висат над глава со цел средување на хаосот на охридското и струшкото крајбрежје. Притиснати од слабата посетеност на туристи, скратената сезона, која годинава едвај ќе трае триесетина дена, и големите издатоци за закуп, концесионерите на плажите бараат итна помош од државата, за да се спаси сезоната од целосно пропаѓање.

„Сезоната е утната. Гости доаѓаат само за викенд. Не само што е разочарување за нас туку чувствуваме како да доживеавме фијаско“, вели Илија Џепар, концесионер на плажата „Корали“. Тој додава дека прометот и на плажата „Корали“, но и во неговата дискотека „Арена“ е речиси двојно намален во споредба со минатите години.

Процените на Инспекторатот за туризам при Општина Охрид се дека бројот на ноќевања летово се намалил за 6-7 проценти во споредба со лани. Бројката веројатно ќе биде поголема кога ќе се сумираат состојбите кон крајот на летото. Полупразните плажи и улици во централното градско подрачје, но и издавачите на станови потврдуваат дека сезоната годинава е далеку под очекуваното.

„Полека пропаѓаме. Годинава е најлошо, оти има многу малку туристи. Сите викаат за истите пари на море ќе одат во Бугарија или во Турција. Но, ги нема повеќе ни туристите од Србија, кои беа најбројни изминатите години“, велат келнерите во охридските кафулиња, разочарани од досегашниот тек на туристичката сезона.

Според закупците на плажи, сменета е клиентелата во Охрид и се' помалку пари се трошат за годишниот одмор. Сведок за тоа е глетката покрај најлуксузните комплекси кои се изградија изминативе три години. Голем дел од удобните лежалки и масите со бамбусови столчиња се празни, а се полнат тревнатите површини под дебелите сенки на дрвјата или, пак, песочните плажи на кои може да се постели крпа и чадор од дома.

Концесионерите и жителите на Охрид главен виновник за она што му се случува на Охрид гледаат во Министерството за транспорт и врски кое, според нив, место да им помогне во услови на криза, уште повеќе ги зајакнува контролите и условите за закуп, најавувајќи и зголемување на кириите.

„Сите удриле по концесионерите, а да не беа тие, плажите воопшто немаше да бидат уредени. Откако вложивме пари, дури отпосле им текна да ги категоризираат плажите“, реагираат концесионерите. „Плаќаме високи закупнини од седум илјади евра годишно, а сезоната е намалена на 30 дена. Останатиот дел од годината плажите се препуштени на милост и немилост“, вели Илија Џепар од плажата „Корали“.

Укажувајќи дека немаат никаква помош од државата, бараат надлежните да им излезат во пресрет поради лошата сезона и да најдат начин за да ги намалат давачките на закупците на плажи.

Незадоволство од сегашното менаџирање на охридското крајбрежје искажува и локалната самоуправа. Велат дека сега рацете им се сосема врзани, но доколку им биде вратено правото да управуваат со крајбрежјето, ветуваат дека многу работи би биле сменети.

„Подобро е локалната самоуправа да управува со крајбрежјето, оти може подобро да ги менаџира плажите. Локалната самоуправа побезболно би ги решила проблемите и поревносно би ги вршела контролите на плажите дадени под концесионерство. Доколку средствата од концесиите би се влевале во касата на локалната самоуправа, најголем дел од парите би ги вложувала за развој на туризмот“, вели Томе Џамтоски од Општина Охрид.

Градот, според него, може да живее од приходите од туризам и од градежното земјиште. „Сега не се влеваат средства во општинската каса, ниту од едното ниту од другото, бидејќи средствата одат кај централната власт“, додава тој.

Но, од Министерството за транспорт и врски тврдат сосема поинаку. „Согласно со Законот за градежно земјиште, 80 отсто од средствата што ги плаќаат закупците за управување со плажите на Охридско Езеро се слеваат во буџетот на Општина Охрид. Потоа, локалната самоуправа менаџира со овие средства согласно со својата програма и потребите“, велат од Министерството, додавајќи дека плажите кои почнаа да се уредуваат последниве две години ја збогатуваат туристичката понуда, а се бележи и задоволство кај посетителите.

Според податоците на Инспекторатот за туризам, до јуни годинава во хотелите се регистрирани 34.362 ноќевања од домашни гости и 44.000 ноќевања на странски туристи. Процените се дека се реализирани речиси 80 илјади ноќевања, најмногу на гости од Бугарија, Србија и од Грција. Сепак, станува збор за транзитни туристи кои во Охрид останувале најчесто една или две ноќи.

„Поради тоа, како една од приоритетните цели ни е да осмислиме како да ги задржиме туристите на подолг престој, но и во текот на целата година“, вели Гоце Симоноски, раководител на Секторот за туризам и локален развој во Општина Охрид.

Концесионерот на плажата „Корали“ Илија Џепар бара државата да им помогне поради лошата сезона
Веќе е крајот на јули, а на охридските плажи многу ретко можат да се слушнат туристи кои зборуваат на српски, бугарски, француски или на холандски јазик. На прст можат да се избројат посетителите од Русија, кои доаѓаат за да ги испробаат своите параглајдерски вештини на Галичица.

Во центарот на градот можат да се забележат и посетители од Полска и од Чешка, кои се на неколкудневни тури низ Македонија. Слабата туристичка посетеност на Охрид, сметаат странците, е резултат на недостиг од туристичка промоција на Македонија.

„Во агенциите во Франција не сме слушнале дека има понуда за посета на Македонија, ниту, пак, може да се сретне некаков промотивен материјал за овдешните убавини“, велат група туристи од Франција, дојдени на гости кај пријател во Струга.

Најбројни на охридските плажи и годинава се домашните туристи, пред се', средношколците и студентите. Стандардно, како и изминатите години, најпосетувани се плажите на Канео, Потпеш, комплексот „Куба либре“ и новоотворениот „Кадмо“, трите плажи на Градиште, Пештани и во Лагадин.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=51D5C677C0308B4F95585473C8D44B85

Кризата или дрчноста .....кој ќе да е одговорот!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
„Сезоната е утната. Гости доаѓаат само за викенд. Не само што е разочарување за нас туку чувствуваме како да доживеавме фијаско“, вели Илија Џепар, концесионер на плажата „Корали“. Тој додава дека прометот и на плажата „Корали“, но и во неговата дискотека „Арена“ е речиси двојно намален во споредба со минатите години.

„Сите удриле по концесионерите, а да не беа тие, плажите воопшто немаше да бидат уредени. Откако вложивме пари, дури отпосле им текна да ги категоризираат плажите“, реагираат концесионерите. „Плаќаме високи закупнини од седум илјади евра годишно, а сезоната е намалена на 30 дена. Останатиот дел од годината плажите се препуштени на милост и немилост“, вели Илија Џепар од плажата „Корали“.

Укажувајќи дека немаат никаква помош од државата, бараат

Концесионерот на плажата „Корали“ Илија Џепар бара државата да им помогне поради лошата сезона
Веќе е крајот на јули, а на охридските плажи многу ретко можат да се слушнат туристи кои зборуваат на српски, бугарски, француски или на холандски јазик. На прст можат да се избројат посетителите од Русија, кои доаѓаат за да ги испробаат своите параглајдерски вештини на Галичица.

Кризата или дрчноста .....кој ќе да е одговорот!
Кога локалните мафијаши добија право на толкување на туристичка сезона?Овој што е потенциран,нема право на глас,од проста причина што работи на уништување на угледот на градот,атмосферата,а плажата што ја добил барем да каже како ја доби.Кога вакви стасаа да коментираат сезона и да бараат помош:uvo: државава време е да оди на тендер,ја мислам дека доста ни беше.
Од информации на терен,неможе место да се најде,градот си има туристи,ноќните барови се преполни.Можеби не е како лани,но видете ја Словенија па каква е:pos2:
Народот рекол шуќур и толку што има:smir:
 
Проблем е желбата за збогатување преку ноќ...
Истиот проблем го имат и концесионерите на плажите, затоа им се такви и цените, затоа на плажите неможеш да стапнеш од лежалки, кои замисли ги наплаќаат и до 200 денари...
Сезона како сезона не е сјајна ниту во другите држави кои пак се исклучиво туристички земји...
Затоа место плачење концесионерите треба да превземат нешто како би ги анимирале гостите...
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Цениве се слични како во Австрија, машала :icon_lol:.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom